1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дијабетес - покачен шеќер во крвта

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од snezance, 20 ноември 2009.

  1. kike2603

    kike2603 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Me interesira so mozi najloso da ti se sluci so ovaa bolest,dali e smrtonosno i kolku godini moziz da zivees so nea?

    [mod-kirilica:1p4808be][/mod-kirilica:1p4808be]
     
  2. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Дијабетесот не е крајно смртоносна болест, ама е подмукла, може долго време да ја има човек, да не знае, а таа да го оштетува организмот малку по малку.

    Ако се открие порано, ако човекот се лечи кај лекар и ако се придржува до советите, човекот веројатно нема да умре како резултат на шеќерот.

    Опасно е ако ја има болеста, и ако се уште јаде благо и леб, ако не пие таблети или ако не става инсулин. Тогаш човекот може да падне дури и во кома.
     
    На Muffin.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    во моето семејство , од страната од татко ми сите имаат дијабетис,
    знам дека е наследно .
    Гледам да внимавам на исхрана , го изгубив вишокот кг и секојдневно вежбам , се трудам да имам
    здрав живот , но стравот е голем .
    Еден совет што го добив од доктор , превентивно затоа што сум млада сепак , покрај здрав начин на живот и колку што е возможно без нервози :D е секој ден на сабајле на гладно да јадам неколку зрнца АРОНИЈА ова растение помагало во регулирање на шекерот дури спречувало дијабетис дури е уште во таа подмолна фаза . Дедоми исто така почна со мене да јаде од аронијата покрај терапијата што ја прима.
    Не знам колку ова ке ви помогне но мислам дека не е на штета да пробате. :)
     
    На Menasss му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kike2603

    kike2603 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Значи ако редовно си прима инсулин и се придржува на исхраната можи нормално да живее како сите останати луѓе, па дури и да има длабока старост?
     
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.250
    Допаѓања:
    124.675
    Во моето семејство и баба ми и татко ми имаат дијабетес и двајцата примаат инсулин и јадат апсолутно се,баба ми повеќе внимава на исхраната ;) а татко ми и не баш јади се само намали со лебот јади само по 1 парче на јадење и живеат сосем нормално
     
  6. Muffin.Love

    Muffin.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Видете вака. Сите што се траумирате за Дијабетесот и нешто многу ви е жал што сме дијабетичари стварно не ни требате вие пошто ние дијабетичарите си ги знаеме маките. :lol: Значи јас имам дијабетес од 9 години,а сега сум 13 значи 4 годни. Ако сакаш да го регулираш ќе ти биде многу убаво, а ако незнаеш или нејкеш и се плашиш е тогаш си се зезнал на големо. Значи само регулација на гликемијата и добри HbA1c резултати. Јас многу сум си горда со добрата регулација и секогаш отворено си зборувам за Дијабетесот и така една другарка имам што многу ме жали и демек сочувсктува со мене и ми вика дека секој ден пред да си легне се молела за мене да си го излекувам Дијабетесот а јас и кинам живци коа ке и кажам дека нејкам да си го излекувам дијабетесот. А да кажам и користам инсулинска пумпа која е многу добра ствар :D

    И уште нешто... Ако сме Дјабетичари не значи дека НЕ СМЕЕМЕ да јадеме благо!! Јас од кога добив дијабетис тогаш пројадов чоколадо и да ви кажам супер ми е ;) само треба да се пушти одредена доза нан инсулин и шибај ич да не те боли уво :D... Ако имате нејасни прашања слободно прашајте одговарам на се :D

    Види ти можеш да јадеш благо и тоа што навечер многу се потиш тоа е еден од симптомите на низок шекер...значи уз тебе цело време да има кока кола или фанта и сл. и шекер.

    Ако шеќерот ти е 6.3 тоа е одлично и нема за што да се грижиш. А да кога си понервозен или под стрес нормално е да ти се покачи шекерот
    Позз и немој да се секираш :)
     
  7. kike2603

    kike2603 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам да те прасам Муффин Лове дека доколку си примаш нормално инсулин како што ти има кажано доктор внимаваш оклу исхраната колку што можиш си функционираш нормално и немаш никакви опасности.Дијабетисот не е опасна болест???

    И какви се тие маки што имаш спомнато погоре??
     
  8. Muffin.Love

    Muffin.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Нема што да внимаваш ако мислиш на што јадеш само треба точно да ги изброиш јагленихидратите во одредената храна. И ако не го регулираш дијабетисот е опасна болест од која можеш да добиеш разни компликации. И во суштина никакви маки но на некои им е многу тешко да ги совладаат броењето на јаглени хидрати и дозата на инсулин за истите
     
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Сите вие сто имате Дијабетис дојдете утре во 18:00 во парк кај езерцето пред стадионот каде предавање ке има најдобрата народна докторка на Светот Слаѓана Велков и ке ви даде совети како еднаш засекогаш да го излечите а не цел живот да бидете под инсулин.
    http://www.ivonazivkovic.net/DIJABETES.html
     
  10. Muffin.Love

    Muffin.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Уште не е најден лек за дијабетесот а пак да ми зборат како тоа ова да сум јадела а она не или да пијам незнам што немам намера...Единствен уште не проверен ,,лек,, за дијабетесот е со матичните клетки.
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас знам за неподвижност.
    Мој другар е дијабетичар и пие и пуши, и покрај тоа што за сите нас е штетно, за него е уште повеќе.
    Колку што ми има и самиот тој кажано, околу 4 години максимум може да издржи телото примајќи ги тие супстанци, во случај нема да биде подвижен.
    Дали ова е само за неговиот случај, не знам.

    Баба ми беше дијабетичар и како засладувач ставаше едни како апченца мали. Многу благи! Не знам како се викаат само.
    Вистински гурман и мераклика за готвење, од благо никако да се одвикне. Знам дека често купуваше на Краш наполитанки во виолетово пакување.
     
  12. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Захарин се викаат.. замена за шеќер... Но некои дијабетичари не смеат ниту да помислат на захарин...

    Од дијабетес може да има многу последици, од примање на самиот инсулин телото може да стане имуно на туѓ инсулин, а својот во најчести случаи го нема, или пак го има но не е редовен или е во мали незадоволителни количини, често доаѓа до стерилитет, жените што имаат дијабет не чувствуваат задоволство при односи, проблеми со вени, тромбови (со самото тоа и инфаркт), со бубрези поради зголемениот ацетон во крвта( мислам дека беше покачен кога болниот има некаков стрес, нервоза), поради честото боцкање (така се прима инсулинот) може да дојде до оштетување на нервните завршетоци, местото прекинува да се храни и ткивото скапува...
    Најстрашно е доколку телото не прима повеќе инсулин, зашто нема на кој друг начин да се раствори гликозата и доаѓа до шок...
    Со оваа болест мора да се води посебен режим на исхрана, кој и не е така лош. Треба голема претпазливост за се што се консумира. Може со неа „нормално“ да се живее до смрт и не е толку многу опасна како некои други болести.
    Го знам ова пошто мало девојченце од поблискиот круг во фамилијава има дијабет, сечие внимание е вртено кон неа...
     
  13. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    дијабетесот е хронично, системско пореметување на организмот,(значи нема враќање). Се карактеризира со хипергликемија(зголемено количество на шеќер) а генерално може да биде условен од наследни фактори. има повеќе причини за создавање шеќерна болест,пр. некоја болест на панкреасот,згоеност, тешки лекови-картикостероиди, имунолошко нарушување и др.
    симптоми: polidipsija-се бара многу вода, poliurija- повеќе мочање и polifagija- повеќе храна.
    лечењето е за цел живот. значи самата болест кажува дека има повеќе шеќер во крвта од нормалното тоа значи над 6,4 mmol/l. а има многу повеќе од 6,4 знаете- треба да прима инслулин. и уште нешто- се вика дека дијабетот не е болест туку треба да се внимава повеќе на организмот на човекот, значи се e ok! :) мислам дека ти помогнав. поздрав
     
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Еве другите веќе дале по некое објаснување,јас само ќе додадам дека тоа не е баш болест,нема ни причинител,туку се смета за посебна состојба на телото и треба многу да се внимава.Нема лек за целосно да се прекини,има само дополнување на хормонот инсулин и контролирање на нивото на шеќер во крвта.
    Освен оние компликации што се јавуваат по подолги години со дијабет,многу важни се и состојбите на хиергликемија и хипогликемија.Хипергликемијата е зголемено ниво на шеќер во крвта,еве marijaz пишала некои од симптомите,значи повишен апетит,повишено мокрење,голема жед за вода,кожата е сува и зацрвенета,јазикот е со бел налеп,нервозни се и можат да западнат во шок.
    Исто така многу важна е и хипогликемијата,намалено ниво на шеќер во крвта,која е поопасна,бидејќи доведува до губење на свест,а потоа и запаѓање во кома.Освен кај дијабетичарите,се јавува и кај луѓе кои гладуваат или се на многу строги диети.Симптомите за хипогликемија обично се глад,слабост,поспаност,вртоглавици и главоболки, треперење (тремор) ,бледа кожа, потење, чувство за студ. Кај овие личности,ако се свесни и ги заприметите овие симптоми или ви се случува вас,добро е да се земе нешто што содржи шеќер,било тоа да е некое колаче,чоколадо или сок (кока колата брзо делува знам :) ,а и другите секако) кои ќе го кренат нивото на шеќерот. Ако не се стабилизира за брзо или не е свесна личноста подобро е да се побара брза помош.
     
  15. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Јас имам спротивен проблем од овој :( Шеќерот во крвта ми е 2.52. Може ли некој да ми каже колку е тоа сериозно и како можам да го покачам, некој природен лек или нешто слично. Фала ви
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Штом е така,тогаш треба да имаш редовна и разновидна исхрана,распределена на неколку пати во денот,повеќе протеини и јаглехидрати,можи и зрнести храни,зеленчук,овошје и сокови,особено на сабајле бидејќи нивото на шеќер во крвта спаѓа за време на спиење.Не прескокнувај доручек,ако почувствуваш наеднаш да ти се врти,да чувствуваш глад,да ти чука забрзано срцето веднаш касни нешто или напиј се сок,за да не ти паѓа шеќерот. Кога е крвниот шеќер е низок е поопасно,објаснив погоре.А и сепак добро е да одиш на контрола за шеќерот на лекар,ако варира многу и ако имаш почесто проблеми.
     
    На sweet-bebufce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
  18. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Дијабетесот е една од најраспространетите болести на денешницата,бројот на пациенти драстично се зголемува од ден на ден.Во моето семејство мајка ми веќе неколку години се бори со оваа болест.ЗА жал не може да се излечи целосно туку може само да се стави под контрола.Најпрво терапијата и беше само со таблети сега е на инсулин.Во почетокот многу тешко се помири со фактот дека е болна,дури и ден денес не и е сеедно
    Постојат повеќе видови на дијабетес и фактори кои го предизвикуваат неговото создавање.Еден фактор е генетската предиспозиција и се јавува најчесто кај деца на училишна возраст.
    Другиот тип на дијабетес са јавува како резултат на нашето современо живеење...премногу стрес,нервози,намалена физичка активност и конзумирање на храна богата со маснотии,калорична и термички обработена.
    Исто така ова е и доста подмолна болест која долго време може да остане во латентна фаза пред да биде откриена затоа што нема никакви симптоми или пак истите ги поврзуваме со некоја друга болест.
    Мислам дека често и не може да се открие преку рутинска проверка на крв од прстот(резултат кој ја покажува моменталната вредност на шеќер во крвта) туку треба да се испита преку венска крв и да се види просечното ниво на шеќер во последните три месеци(за ова има посебен назив само не ми текнува сега во моментов).
    Последиците кои ги остава дијабетесот врз организмот се огромни делува како киселина која бавно ги нагризува сите внатрешни органи и функции.Ги оштетува бубрезите,зголемен е ризикот за срцев и мозочен удар,доведува до слепило ,гангрена,оштетување на нервите и поголема раздразливост од вообичаената,нарушување на функцијата на тироидната жлезда...и други компликации,намален имунитет и склоност кон инфекции.Ова воопшто не е за потценување дијабетесот е тивок убиец!!!
    Затоа хранете се здраво,повеќе овошје и зеленчук во исхраната,спортувајте и највазжно помалку стрес.Чувајте го вашето здравје тоа ни е најголемото богатство :) !
     
  19. ivannnce

    ivannnce Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Дијабет

    Кажете некој добар лек на природна база за намалување на шеќерот во крвта :!:
     
  20. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Цимет (канела) секој ден по едно или две лажичиња во вода. Не прави чуда, се разбира се работи за обичен зачин, ама со регулиран внес на јаглехидрати, без леб и шеќер, може сосема да го регулираш умерено покачениот шеќер.
    Ама ако се работи за многу покачен, над 8 или 9, тогаш покрај цимет и диетата, мора да се употребуваат и таблети.

    Други природни лекови нема, може да слушнеш разни бабини деветини. Еве нешто што сум го чула е чај од праз, ама нема никаков ефект.
    Најдобри резултати се постигнуваат со промена во исхраната, целосно исклучување на благи јадења и неставање шеќер во храната и пијалоци, јадење помалку или ич леб и следење на порците на другата храна во сооднос со препорачаниот внес од лекарот.