Ми рекоа ќе одиш во болница те боцкаат, пиеш некоја течност наводно блага неколку часа мируваш и повторно те боцкаат. Така се откривало дијабетес.
Веројатно, да видат како организмот се справува со вишокот шеќер и кој тип дијабет е. Дома сам дијабет не можеш да утврдиш. Апартчето за дома е за контролирање - да знаеш пр. која храна како делува на покачување/намалување.
Да, треба да напомениш дека ја прајш за шеќерот па имат и уште неколку други анализи освен моменталниот шеќер во крвта ако уште не среди пиши ми ќе се потрудам да ти помогнам...
Ти благодарам на одговорот, на резултатите од крвна слика нормален беше.. сега не знам дали да правам уште испитувања.
Невервам да требит зошо еднаш ако одит горе тешко без инсулин да е нормален така да без грижи... само ако ти е шубе запази на симптоми како жед или пак тресење проследено со ладна пот..
Добар ден на сите, оваа анкета е академски проект поврзан со истражување на потребите на посебно пазарно нише- ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ. Диабест е измислена слатарница за дијабетичари која нуди различни десерти без шеќер. Анкетата можете да ја одговарате во свои име или во име на ваша роднина/познајник што е дијабетичар. Анкетата е анонимна и кратка. Ве молам доколу имате минута-две одговорете на прашањата да ни помогнете поквалитетно да го разработиме проектот. Ви благодарам однапред, убав ден! https://docs.google.com/forms/d/e/1...Q0k5g_SZu0U4SXksLEMdnXKUbIwzzvaxlW1t5BY6q9_tI
Здраво, Мислам дека имам 2 симптоми на дијабетес (полидипсија и полиурија) Веќе неколку години пијам премногу вода и многу уринирам, буквално на 5 мин. ми се оди во тоалет, а веднаш после тос имам потреба од вода. Дали мислите дека постои можност да имам дијабет?
Пиењето многу вода е знак за покачен шеќер ама и не мора да значи, ама кога веќе се сомневаш оди на доктор и испитај, подобро на време да откриеш и да почнеш да избегнуваш и храна што пречи за шеќерот, и ако треба инсулин да примаш, и сл. Лек за шеќерот нема уште одма да го знаеш тоа, може да се живее и со него ама треба многу внимавање и претпазливост.
Пиењето вода е симптом за покачен шеќер над 10 ова ми е од мојата докторка.Јас се водам како дијабетичар тип 2 и немам потреба од пиење вода.Најголемата вредност не ми била над 6,7. Најдобро испитај си шеќер во крв и ќе знаеш.Мене веќе 3 години ме испитуваат и со не знам какви испитувања ,генецки не можат да кажат, да ти си дијабетичар мораш терапија.Мене во бременоста ми се појави.Ама јас сум во Германија и тука многу испитуваат да бев мк ќе бев без дијабетес Дијабетесот не е пречкаа за нормален живот,ама ако не се контролира прави разор во организмот, од срцев и мозочен удар, рак и ампутација на нозе и други"полесни" болести.Пази на храна со трансзаситени масти што особено ги има во благото. Се надевам дека немаш
Здраво , Во понеделник правев крвна слика и беше се ок само ми покажа 7 шекер ,и кетони ++ позитивни пред два месеци исто така правев к.слика шекерот ми беше 5 , денес проверував пак шекер и скриен шекер , шекер ми покажа 6,8 , а после течноста блага 5,6.. Дали е нешто страшно , дали сум деабетичар млада сум 26 год .. Фала многу
Не си, не се плаши. Од 5.5 до 6.5 се смета за нормален. И овој 7 што ти бил можеби си јадела нешто благо вечерта, или си пиела сок или кафе пред да проверуваш па затоа се покачил малце.
Може ли да ми кажете кои апаратчиња за мерење шеќер ги дава Фондот, односно сега Мин. за здравство, од која фирма? Исто така имате ли некоја препорака, дали некои апарати се посигурни и кои?
Јас имам 2 симптоми кои мислам дека укажуваат на дијабет тип2: сува уста и кркорење во стомакот после јадење. Мислам дека претерав со благото не само овој месец туку веќе неколку години, но според мене кулминација достигна на почетокот од месецот кога имав тежок вирус проследен со дијареа и кога веднаш откако помина се частев со мноогу благо. Инаку имам скроз нормална телесна тежина. Па, прашањето ми беше дали обична крвна анализа со сигурност би го детектирала проблемот[ зашто два дена каде држам диета и не јадам благо освен она што природно го има во овошјето и зеленчукот]
Пијам Глукофаж еднаш на ден од 500, но чувствувам пецкање во устата, на јазикот и по целото тело. Дали е од таблетите ими нешто друго. Ве молам за одговор
Јас колку што знам најчесто ноќно време им паѓа шеќерот на дијабетичарите, што и не мора да значи бидејќи на моја проф. среде бел ден и падна. Знам дека за тоа е пожелно секој дијабетичар со себе да си носи некое чоколадце или Кока Кола за секој случај. Еден од симптомите знам дека е зборувањето на неповрзани работи, треперење, потење, збунесот.И колку што знам најчесто се јавува кај дијабетичарите со д. тип 2 односно оние кои употребуваат инсулин. https://mk.wikipedia.org/wiki/Хипогликемија Еве нешто повеќе. @trejsi се надевам веќе си отишла на лекар и си ги кажала симптомиве. На упатството на лекот во контраиндикации не пишува ништо такво..
Здраво татко ми има висок шекер, Па сакав да ве прашам дали го користел некој овој лек ни го препорачаа една роднина од русија демек било многу ефикасен http://redjalb.com/jckV Ве молам ако има некој пробано да ми каже не минсе даваат 2000 денари туку така