Здраво. Сакам да ти кажам две работи. Прво, јас не би купила никаков препарат кој експресно делува. Јас не познавам ни еден човек да користел било каков препарат и за 2 недели да доживеал резултат. Ефектот на третман на дијабет се постигнува со менување животен стил и во напредната болест инсулин. Второ напишале, сертифицирани стручњаци. Ај нека кажат кои се тие стручњаци и од кај добиле сертификат. За лекување дијабет и висок крвен притисок топло ти го препорачувам др. Александар Митов. Побарај го на фејсбук или на google ќе најдеш мобилен. Докторот покрај терапија многу обрнува внимание на исхрана и животен стил и мислам дека ги враќа сите пари ако во 3 месеци немаш резултати.
Кркорење во стомакот не е симптом на дијабет 2. Дијабет не се добива од јадење благо. Се добива симптом на дијабет од јадење благо, ако веќе страдаш од дијабет претходно. И од благото можеш да качиш тежина и прекумерната тежина да го зголеми ризикот за дијабет, но дијабет не може да добиеш ако еден период се частиш благо. Обична крвна анализа покажува. Ако не покаже можеш да направиш анализа на скриен шеќер ( исто крвна слика на гладно, па пиеш една концентрација на шеќер и вода па пак крвна слика после некој сат ). Ова сигурно ќе покаже.
апаратите горе долу сите се исти ако си во можност купи си сензор freestyle libre види што е живот...
Здраво незнам каде да се обратам па еве ме тука.Има ли некој искуство со таблетите за дјабетис SugaNorm.Имам секер во крвта 7.9 и би сакал да пробам со овие таблети велат трајно го ресаваат проблемот со секерот во крвта.Мозете да погледате овде сто писува све било на природна база http://mk2.suganormnd.com/?TID=5EC9A965005B7A7F0A019E05&host=tovpotok.com&c=ru.
Да си прашам тука пред да почнам со паника... Цел живот си јадам така повеќе благичко, ама шеќерот ми бил секогаш во граници (во Авицена најчесто се проверувам и ми е околу 5.2). Периодов ми беше многу лошо, постојано чувствував слабост и ми трнеа нозете па направив крвна слика и се е супер, освен што шеќерот ми е покачен, 6 (а горна граница е 5.6). Дали и колку да го сфатам сериозно? Дали сметате дека е подобро веднаш да продолжам со испитувања или да намалам со благото месец дена па да се проверам пак?
Здраво, шеќерот го измери и ми беше 7.5 ама 20 мин. Пред мерење пиев кока кола а и имав јадено. Дали има простор за паника ? Имам 25 години.
Можете ли да ми помогнете, ме интересира во Скопје, дали во приватна или државна е др. Чолаков? Секоја информација е добредојдена.
Дали некој/а има болки во нозете, толку многу што дури и не се спие, заприметив дека шекерот е покачен и варира од 10-14, но сега имам ужасни болки, пробано е се и веќе еден месец сум по доктори, но болките не престануваат, доколку некој знае некое решени би ви била благодарна
Не знам чаре, ама роднина мој, активен пушач, виткаше тутун и исто така имаше неподносливи болки во нозете, а и многу му се снеарни. Пред 3 месеци ги прекина наеднаш цигарите и му помина и болката во нозете, а и се друго е во ред сега.
Гледам никој не ти одговорил, еве што вика гугл https://vistinomer.mk/lazhen-endokr...hba-na-preparat-koј-navodno-lekuva-diјabetes/
Девојки здраво, на мајка ми денес и открија дека има шеќер со што и беше +20, заврши во болница. Морам да напоменам дека до сега немала ваков проблем со шеќерот па нештово не изненади сите. Периодов беше многу под стрес, меѓутоа и дознавме дека нејзина тетка (сестра на мајка е) го имала овој проблем. Колку е веројатноста за да го наследам и јас ова??
Не би знаела да ти кажам колку е наследно но имам вујко од страна на сопругот кој имаше покачен шеќер а завчера му се качил 19 а и притисок 200 и е во болница , почнало да му се фаќа и десната нога. Викаат лошо бил. Каква терапија прима мајка ти и како се справува со ова , се боцка или ?