1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дијазепам за љубовни проблеми - штетен тренд меѓу младите

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 20 ноември 2016.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сосема случајно, денес го слушнав извештајот од домот за јавно здравје, во кој има алармантни податоци а тоа се дека скоро секој тинејџер употребува седативи на своја рака, значи дека не се препишани од лекар, за разни љубовни проблеми, за намалување на трема пред испит, за несоница, страв идр.(facepalm)
    Каде е грешката на родителите или на општеството што овие млади души посегаат по седативи за смирување !?
    Зошто оваа наша млада иднина станала толку осетлива, кршлива, нема капацитет за преболување на психички проблеми, бунтовна е, револуционерна е, сака светот да го менува а мотивацијата за учење им е во опаѓање, имаат страв од неприфаќање, страв од исмејување, страв од отфрлање, немаат вера во љубов итн.!?
    Оваа појава е страшна работа и мислам дека конечно треба да се освестиме и превземеме соодветни мерки додека ситуацијата и свеста на младите не ни излезе скроз од колосек(facepalm)
     
    На LudaJakimovska, Hopelessgirl, toogood и 8 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Зошто а?
    Зошто некој не знае што има, некој преживува ( најголем дел). Сите се користољубиви. Настваниците во школо те гледаат по облеката. Не знаат да предаваат. И нив им е наметната некоја глупа програма за учење.
    Немаат вера во љубов, затоа што во личноста која се вљубени, не може да се доближат од причина што таа нивна љубов е во иста купучка ситуација па брка нешто побогато. И најблискиот пријател за кој би го дал животот ке те изневери за некоја ситна пара ( унапредување или зачувување на работо место или вработување итн)
    Има мнгу за зборување на оваа тема па да не почнувам со примери
    Накратко за се е виновна сиромаштијата. Поради таа сиромаштија, луѓето се попикаа во партии каде нема иднина и се тртат за ситна пара а се оди до степен да и брака и цели фамилии се испокараат поради таа проклета партија која ке ги запосли за мизерна плата
     
    На Tanjamm, foreverMATH, ph.orhideja и 18 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Можно да е и сиромаштијата, но први погубни причини сигурно се влијанијата на медиумите и погрешни мерила за вредност, намален надзор од родителите а мислам дека ова е и најглавната причина за ваквата состојба во која се наоѓаат тинејџерите.
     
    На realGirl, Petar80, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  4. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Еве ќе напишам мое мислење како дел од таа млада група.
    Испуштени се од родителите. Не зборувам буквално за мене, туку општо. Некои родители работат дури и 2 работи само за да овозможат школување и добар живот за фамилијата. Се работи по цели денови и ретко кој родител поссветува големи внимание на децата (ќе кажам пак, не зборувам за сите!!!) Работат било какви работи само да се задоволат децата, да одат на факултет Скопје и да ги цицаат родителите како да се банкомати за пари. Па, така немаат време за да разговараат со децата, да ги советуваат, да им помогнат, да се зближат со нив, да одат на кафе заедно, да одат на шопинг, на прошетка. Децата се препуштени на другарките и другарите, а сите сме свесни дека во денешно време не постојат вистински.
    Општеството?! Виновно е, и тоа најмногу. Не сме сите еднакви, тоа е факт. Не смееш да кажеш тоа што го мислиш, бидејќи ќе ти се смеат, ќе ти се надвикуваат, ќе те убедуваат во друго. - Сама го чувствувам тоа, одам на предавање за говор на омраза, претприемништво, вештини, бизнис иде итн., и нормално го кажувам моето мислење околу нешто што не може да се утврди дали е точно или не, и ете една група почнува да се потсмева и да си коментираат. И како да продолжам да се борам за моето мислење, кога од старт сум омаловажена. Изгледа и тоа што тие деца се такви е грешка на нивните родители или едноставно самото општество ги прави такви.
    Мотивација за учење немаме. А зошто? Зашто знаеме дека на крајот ќе ни бидат сите 2ки (или 5ки), знаеме дека годината ќе ја поминеме и знаеме дека ќе земеме диплома за завршено средно образование и ќе си платиме диплома на факултет. Па зависи од која политичка партија ќе имаме книшка, ќе добиеме и работно место. И плата. А знаење не.
    Трема пред тест/испит имаме зашто знаеме дека тој и тој професор е лош и ќе те паѓа дури не му платиш или бара премногу, па ти е страв да не не си научил се` како што треба. Но има и исклучоци.
    Би пишувала уште од точка до точка, ама доста отупив. Реалноста е таа, гледано од мене што спаѓам во таа група и ги гледам работите вака.
    и ЕДИТ, се земаат седативи за да се спасат од маките што им ги наметнува самото општество, бидејќи не сакаат да се справат на вистинскиот начин и да застанат цврсто за да станат вистинска личност, туку се лабилни и наоѓаат спас во лековите. Немаат контрола од никого.
     
    На Диња, foxcrime, Mini90 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Тоа наоѓање спас во лековите треба да не загрижи сите, толку млади а лабилни велиш!?
    Мене ми е искрено страв да не е тоа посегање по седативи некој тренд, некоја нова "мода" за подобар живот...полесно им е да лапнат таблета, цел ден да кукаат како не се задоволни од општеството, од професорите, од пријателите..Мислам дека оние магични (на времето) зборови од типот-ајде стани, бори се, освести се, биди силен итд. паднаа одамна у вода:(
     
    На Диња, fallenangel и larrachi им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    За што да се борат? За што да станат?
     
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    За подобар живот, се подразбира, за полесно и рационално решавање на проблемите, дали тие биле љубовни, фамилијарни, финансиски или др.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Загрижувачки е ова а мене едно не ми е јасно како децава стигаат до седативи кога не смее да се купат без рецепт а ако веќе имаат рецепт значи матичен лекар има ги пишал. Е сега каде е совесноста и професионалноста на лекарот тука? Може да понуди психолошко советување наместо клук лекови одма.
     
    На LollySky и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Нема фајде од апчиња.
    Ама општеството ни е криво..заедно со домашната едукација.
    Нашата младина нема кој да ја врати во колосек..
    А родителите ги сметам за највиновни што наметнуваат толку строги критериуми од типот сите петки во школо и сите положени испити на факултет од прва..
    Не се сите деца исти..не можат сите да дипломираат, магистрираат...
     
    На Gosh, Tanjamm, ph.orhideja и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Зошто дел од младината е бунтовен, нервозен, чувствителен?
    Па искрено мислам дека една од причините лежи токму во површните и генерализирани размислувања, омаловажување на проблемите само заради возраста на личноста (одма и во насловот дека нели само љубовни проблеми имаат тинејџерите... :nod:).
    И најмногу за најдлабоката психичка состојба влијаат односите дома. Може и до депресивен период и до лекови да дојде една позатворена и чувствителна индивидуа во тие осетливи тинејџерски години, којашто нешто психички ја потиштува и се соочува со неправди - ако дома не се посветува внимание на тоа што се случува во нејзиниот ум и сето тоа одма површно се карактеризира како обична тинејџерска фаза на бунт кон општеството, и тоа од страна на најблиските.
    Исто и она со мотивацијата за учење - веднаш после основно кога почнуваат да се појавуваат можности за бирање каде да се продолжи образованието, родителите треба да го поддржат личниот избор и желба на детето во таа определба на идна насока. Мотивот за учење е најтесно поврзан со тоа дали го сакаш она што го учиш.
    А она со критериумите на родителите што спомнала Даст ме потсети на еден цитат (со кој се согласувам потполно, иако лично досега секогаш сум имала висок успех во образованието), вака некако гласеше во превод - на родителите никогаш оценките не треба да им се поважни од менталното здравје на детето.
     
    Последна измена: 20 ноември 2016
    На Gosh, ph.orhideja, Lady Phoenix и 15 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Причината заради која младите посегнуваат по Дијазепам, Хелекс и други средства за смирување е преголемиот стрес за испитите. Искрено јас не сум пиела никогаш, ама сум имала страшни тахикардии и висок притисок.
    Депресијата и разочарувањето после долга врска исто така може да биде причина за пиење на вакви лекови. Сум разговарала со мои врснички кои си пијат редовно, па и не можат да заспијат, ако не се напијат. Ги смирувало, онака се им било рамно, не се замарале за ништо.
    Немаат врска родителите. Мене напротив тетка ми ми има речено да пијам по пола Дијазепам секогаш кога ќе ме види во состојба на избувнување и лудило. Се е тоа до психата. Ако можеш сам да се смириш не мора да пиеш, но ако не можеш е тогаш посегнуваш по апчиња.
     
    На theowndemon, biGirl и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.711
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најголемата грешка што родителите ја прават е што не ги слушаат своите деца и не ги анализираат нивните чувства. Детето не треба да го научиш како треба да се чувствува во врска со нешто, зашто тоа знае повеќе од тебе. Децата се поблиску до својот извор, односно поминало значително помалку време откако дошле на овој свет во однос на возрасните, па затоа се свесни и знаат кои се.

    Но, под дејство на семејството, околината, пријателите, училиштето и медиумите децата забораваат зошто дошле тука.
    Децата се соочуваат со потешкотии на училиште или надвор, а родителите за жал, најчесто се неедуцирани и погрешно постапуваат кога детето ќе побара помош.
    Како на пример родители од типот "Како се однесуваат со тебе, така ти однесувај се со нив" или "Тоа не се никакви проблеми, ќе видиш што те чека после".
    Родителите повеќе обрнуваат внимание на физичкото здравје на децата, отколку на душевното. Слушајте ги своите деца, нека ве потсетат кои сте вие самите.
    Да не забегувам со тоа дека родителите го прават она што сметаат дека е најдобро, дека немаат вина што не се едуцирани итн.

    Тинејџерите нема да доживуваат негативни работи доколку станат свесни што е најдобро за нив. И покрај лошото воспитување, секој човек како поединец нема потреба од никого за да се дигне од дното и да живее живот каков што посакувал. Потребни сте само на себе, кога ова ќе го сфатите, во вашиот живот ќе се појават личности за кои сте сонувале. Зашто, така функционира универзумот.
     
    На Gosh, JustFun, purple..m и 9 други им се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    @baba Rada Темата е во ред, само треба да се преименува во Злоупотреба на седативи од страна на малолетната популација или сл.
    Знаеш дека поголем процент на членовите спаѓаат во таа група. Со самиот наслов им кажуваш, покажуваш и наведуваш дека дијазепамот е решението за нивните љубовни проблеми што е сосема погрешно.

    И покрај тоа што голем дел од времето го поминуваат на интернет се покажа дека нашата младина е тотално неинформирана кога станува збор за здравје, превенција и заштита.
    Бенефит од седативите нема.
    Ние сме луѓе и во ред е да чувствуваме и реагираме соодветно спрема настанатите ситуации. Со самата употреба на истите го блокирате природниот процес на мозокот и му велите "нема потреба ништо да чувствуваш".
    Понекогаш емоциите ќе не натерат да размислуваме, да си ги пронајдеме грешките и да излеземе посилни од проблемите, да бидеме соремни за оние кои наидуваат. Со употребата на седативите само го отупувате мозокот и не му дозволувате да создава нови продолжетоци.
    Доколку ви е тешко, најдете некој со кој можете да разговарате, споделете со некој во кого имате доверба.
     
    Последна измена: 21 ноември 2016
    На Диња, Gosh, ph.orhideja и 9 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Дијазепамот нели само на рецепта се купува ??
    Или можеби децата од родителите користат (ако родителите употребуваат) ?!
     
    На LudaJakimovska, theowndemon, Petar80 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Според мене вината е во времето.
    Не ја барајте во родителите, во општеството, туку во времето.
    Сега е ново време, време на модерна технологија, време на дечковци,време каде дрогата и седативите имаат удел. Поради тоа и дијазепамот го ставија на рецепта, бидејќи секој може да посегне по нив. Најголем број од случаевите со труења е со апчиња.
    Поголем дел од младината е дозволена од самите родители, нашите генерации знаеја што е детство и се по интелегентии повеќе уживаа во годините, знаеа да излезат да пијат, без да имаат потреба секоја ноќ да менуваат момчиња.
    Ако ја барате вината во родители мал удел имаат тие, детето расте во заедница каде таа е модерна, сите имаат телефони, пари, а родителите од преголемата зафатеност не им се посветуваат доволно. Им се посветуваат максимално додека се деца и се социјализираат потоа сами се оставени. Се кријат од родителите, пијат, пушат и не се доволно психички созреани за да се справат со притисокот нанесен од болка поради љубов,поради пријателство, загуба и слично. Всушност тие не знаат што е љубов во вистинска смисла на зборот, туку мислат дека тоа што го чувствуваат е љубов. Често ќе сретнам како пишуваат "ме гледа, ми се смешка, ме сака ли?!" тоа е привлечност, не е сакање, но тие тоа не го гледаат така. Што е многу жално, бидејќи се оставени сами на себе и не знаат како да се справат со емоциите, да препознаат разлика меѓу привлечноста и љубовта. Денес нема збор симпатија, денес симпатија е синоним за дечко."Се смешкаме значи дечко ми е."
    Запостевени се, сами и не знаат како да го контролираат тоа чувство. Општеството посегнува по апчиња,наркотици и тие самите ако не знаат да кажат НЕ тогаш родителите тука имаат огромен пропуст.
    Пак ќе кажам според мене вината е во времето.
     
    На theowndemon и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Затоа што повеќето од родителите не можат или не сакаат да разберат колку овие години се ранливи. Кога детето има некое барање или е очигледно дека се соочува со некаков проблем ќе кажат само „Е, што знаеш ти. Тебе работа ти е само да учиш и да ќутиш. Јас по цели денови ринтам на работа за тебе а ти вака ми возвраќаш? ЦЦЦ, НЕБЛАГОДАРЕН/НА! “
    Little do they know дека проблем не е само плаќање на сметки и одење на работа. Детето мора да се соочи со едно ново општество за кое неговите родители не го спремиле. Ова важи за сите генерации затоа што родителот не може да знае какво време следува. Тука детето најчесто се соочува со избор - да оди по свое или да се менува само за да биде прифатено во општеството. А што и да избере последицата ќе биде незадоволство од себеси и чувство дека никаде не припаѓа. Тоа сите нам ни се случува, само сите поинаку го доживуваме во зависност од тоа колку сме или не сме емоционално ранливи.
    Љубовта во овие години не е играчка како што повеќето возрасни мислат. Иако 90% од луѓето навраќајќи се на тие години ќе кажат дека тоа е само занес и дека тоа нема врска но да ги поминуваш тие години врзан за некоја личност може да биде доста напорно и да создаде емотивни проблеми на долго време.
    Мотивацијата за учење ја нема затоа што образованието во државава е дно дна, професорите се мрзоволни и немаат желба да предаваат, оцените зависат од тоа дали родителите имаат пари или партиска книшка. Во гимназиите се учи се и сешто, детето не може да се интересира и за уметност и за јазик и за математика и за биологија во исто време. Мотивацијата за било што е опадната заради тоа што секојдневно го гледаат на вести, што гледаат како нивните родители работат и се мачат, што гледаат како напорната работа и талентот во општеството едноставно не се ценат. Реално, ако си доволно добар во тоа што го правиш ќе најдеш начин и ќе заработуваш, но како ова да се објасни на млад човек кој во толку ран период од својот живот расте разочаран? Родителите прават контра ефект со тоа строго казнување за лоша оценка наместо искрен разговор па ако треба и приватни часови. Но не сите имаат пари и време за тоа што мислат дека им е оставена само една опција а тоа е да го линчуваат детето со навреди, казни, дури и ќотек. Тогаш тоа почнува да учи само заради стравот од казна што е многу погрешно.

    Не велам дека сите родители се вакви, но општеството ги носи сите девијантни појави кои секогаш се наметнуваат како вина на поединецот. Јас во пубертет се кљукав со такви работи што дијазепам ми беше како бомбонче. Незаинтересирани родители, анксиозност и многу, многу стрес. На сметка на тоа бев многу амбициозна и сакав да учам што ме направи многу подобар човек и од што замислував да бидам и од што беа моите родители. Но нема и не може секој да се снајде. Нешто кое што за некого е гребаница за другиот е длабока рана. Затоа нивните проблеми не смеат да бидат омаловажувани.
     
    На Gosh, okcenzi, sparklie и 10 други им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Апсолутно си во право.
    Темава со ваков наслов нуди решение за љубовни проблеми.
    Имам чувство дека некој многу се труди да изнајде тема која ја нема :lol:
    @RainBow
     
    На duffi, Lady Phoenix, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 јас не се согласувам со тебе, дека времето е криво..
    Што мислиш, времето има моќ нешто да направи? Времето е само во нашата глава..
    Промените ги креираат луѓето / луѓето ги креираат промените хмм..кое беше точното а?
    Времето не е криво што дрогата и седативите се на дофат на децата. Криви се луѓето што им овозможуваат да им бидат на дофат, било да се родителите или фармацевтите..
    Времето не е фактор кој поттикнува некого да земе дрога..
    Што мислиш, кој ги креирал промените во општеството? Времето?
    Не, туку луѓето
    Само луѓето можат да ги креираат промените, па така ако не ни се допаѓа што децата ни земаат дијазепами и хелекси, луѓето се тие што треба да превенираат..не времето :)
     
    На okcenzi, duffi, purple..m и 3 други им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Насловот е сосема во ред, поентата е тоа, дека се зема диазепам за љубовни проблеми, погрешен избор за решавање на проблемот..можеби треба да додадам на крајот од насловот на темата извичник и прашалник.
    Теми за злоупотреба на седативи, алкохол и дрога има премногу и младината несака да ги чита, затоа и овој наслов е како новинарските "патки"т.с. да биде бомбастичен, интересен и привлечен за да се прочита.
    Во анализите што беа направени од институтот за ЈЗ, доминираа девојчиња од 15и 16 год. возраст, кои посегнале по седатив само поради љубовни проблеми.
    @sanjaeva ...јас не се трудам да најдам тема(убаво рече дека веќе сите теми се отворени), а ако гледаме како тебе тогаш ајде клуч на форумов, нели нема нови теми..јас ете обидов само да најдеме дискусија за овој проблем што го имаат младите, да се изнајде решение, да се најде нов пристап кон децата, се со цел да станат психички појаки, да им се ојача вољата и карактерот, да се научат да не потклекнуваат кога некој проблем ке ги нападне...
    Но, веројатно се е бадијала, сарказмот дефилира на форумов а ете и една будала @ivory која виси на форумов само за да плука по мене(не му ја знам причината и не ми е битно, очигледно е дека е дефектен)...се откажувам од секакви понатамошни отврања на било какви теми.
    Поздрав
     
    На fallenangel, dedrade и Dust им се допаѓа ова.
  20. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Многу долгометражни постој сте изнапишале бе дечки... неможам да ве читнам еј :sweat:
    Затоа само едно ке кажам :
    Никогаш не сум пиела дијазепам а сум имала љубовни проблеми и болки. :D
    Можда за ова зборувате :D
     
    На LittlePinky, purple..m, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.