1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дијализа

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 30 април 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Немаше да ја отворам темава ако навистина не ми требаше помош.Трауматично,ново искуство за кое ми треба помош,совети,ако не дај боже некој има искуство со истово...
    Дури не можам соодветно да ја поставам темава...имено,се што имате да кажете,да советувате околу ова е добредојдено,но најповеќе ќе ми помогнете ако ме упатите на некоја клиника (освен во државна каде се е пребукирано,а да не зборувам за лошите услови и несигурните,целосно амортизирани апарати) која може веднаш да прими пациент без одолговлекување,листи на чекање и слично,затоа што навистина не смее да се чека,макар и да чини цело богатство...

    Благодарам на сите што ќе допринесат со совет,искуство,а истоворемено можете и меѓусебно да си помагате и информирате на темава.
     
  2. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Баба ми правеше дијализа, Баба и на една другарка исто.
    Им беше многу мачно ги гледав, беа многу ослабени, вените им се знаеа.
    Секој 3 дена на Дијализа.
     
  3. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    ајде малку да ја освежиме темава..И јас имам ваков проблем
    Не сум конкретно јас,но на еден близок роднина наеднаш му се покачи креатининот(отровите) и неговите бубрези се намалија.Всушност му кажале дека функцијата му е намалена уште пред 3 години ама оттогаш не отишол на контрола и наеднаш од нормален креатинин 200 му се качи на 800.Докториве му рекоа дијализа одма,но среќа со врски стигнал до еден доктор од Франција што му рекол трансплатација на орган,т.е хитно да си најде донатор на бубрег,дека така ќе си живее,а дијализата е мачна,секој 2-3 ден се оди по 3 до 4 часа па после ти се врти,не си спсобен за ништо,неможеш одмор да си истераш,а човекот има и фамилија и деца малечки и е 40 години...
    Ако има некој искуство нека пише на темава,некој совет...
    Прашање до Лилит,дали тебе ти дијагнозираа дијализа или за некој друг? Видов темава е стара па да ја освежам.
     
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Лилит може ли да дадеш повеќе информации, како за кого е дијализата, дали е трајна или привремена, и поради што треба да се прави. Значи има случаеви, кога дијализа се прави еднаш, така се корегира некоја акутна состојба, кај воспаленије на бубрезите понекогаш има потреба за дијализа 1-2 пати, но тоа не значи дека цел живот остануваш на дијализа.
    Единствено пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција се на долгорочна дијализа, ете како што кажуваат во крајни стадиуми на болеста и до 3 пати неделно се оди. Сепак кај млад човек, и да има хронична бубрежна инсуфициенција, дијализата е привремена тераписка мерка се додека не се најде соодветен трансплантант. Значи кај млади особи обавезно се советува трансплантација на бубрег.
     
  5. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    вчера во автобус до мене седна пристара жена која само што излегла од дијализа беше изцрпена и се вртеше... беше страшно за гледање како таа изгледаше..па се заинтересирав што всушност преставува дијализата,како се внесува во организмот?каков вид терапија е тоа?и за какви бубрежно болни се препорачува?
     
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Кога бубрезите од најразлични причини ќе ја изгубат својата функција, единствена алтернатива за живот е хронична дијализа (или трансплантација).
    Бубрезите знаете дека имаат повеќе витални функции - го исфрлаат вишокот течности од организмот, ги отстрануваат штетните продукти од метаболизмот.
    Ако бубрезите ја изгубат својата функција, пациентот започнува со лекување со дијализа. Се приклучува на апарат или вештачки бубрег кој ја заменува функцијата на органот. Крвта излегува преку посебен систем, се прочистува, и се враќа во организмот.
    Но, за разлика од здравите бубрези кои работат нон-стоп, дијализата се врши трипати неделно во траење од четири часа.
    Значи за четири часа треба да се отстранат отровите и течноста кои се собирале во претходните два дена.
    За време на една дијализа може да се исфрлат 3-4 л. течност. Затоа после дијализата се чувствуваат исцрпено.
    Инаку, освен обврската да дојдат на дијализа, најголемиот број болни кои почитуваат хигиено-диететски режим, живеат квалитетен живот, активни се, си ги вршат вообичаение обврски и активности.
     
  7. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Гледам темава не е баш активна, па би сакала да прочитам како се справуваат тие што одат на дијализа? Дали размислуваат за трансплатација бидејќи тоа е најпотребно во таков период.
    Татко ми оди на дијализа веќе 1 година, може и повеќе, му откажаа двата бубрега, па би сакала да ми кажете како се чувствувате по дијализата, напорно,исцрпено...каков е животот кога ти зависи од дијализата?
     
    На 1234567890111234 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    А како може превентивно да се одржува нивото на креатин во бубрезите? Исхрана, ова, она... боље спречити него лечити.
     
  9. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Кога некој оди на дијализа најбитно е да се придржува кон диетата и правилната исхрана наменета за луѓето што одат на дијализа. Лошо е тоа што се што е здраво за нормален човек, за луѓето кои одат на дијализа не е здраво, зеленчукот, овошјето, водата, овие работи треба да се внесуваат во минимални количества за да може дијализата болниот да ја поднесе полесно, да има помалку течност за вадење и помалку отвори во себе. Нормално е по дијализата да си исцрпен, да имаш проблеми со притисокот, болки во коските и слично. Трансплатацијата е убава работа, но и тогаш не си сосема здрав, треба да пиеш лекови постојано за намалување на имунитетот, да се пазиш од вируси и настинки, и никогаш не можеш да бидеш сигурен колку време ке ти трае бубрегот, дали 1 или 10 години, но секако го олеснува животот, зошто животот со дијализа не е воопшто лесен, МОРАШ да одиш 3 пати неделно на дијализа, со што не можеш да отидеш негде да отпатуваш, да се релаксираш, сето тоа е доста комплицирано да се изведе и бара доста пари.

    Доколку дојде до инфекција на бубрезите, џабе се сите превентивни мерки кои се зимаат, може обична бактерија од грлото да ги нападне бубрезите и тие да престанат да работат, се е судбина... човек кој најздраво се храни и се чува може да се разболи од болест која не може да ја контролира. Секако за да самите не предизвикаме треба да пиеме доста вода (што и јас самата не го правам :( ) и да се храни здраво, да не јаде премногу солено и сл.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Нај тешка тема за мене...татко ми издржа само 1год. и 3 месеци....страшно е!:(
     
  11. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Каква диета се препорачува за луѓе кои одат на дијализа?
     
  12. 1234567890111234

    1234567890111234 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2021
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски

    ЛЕКОВИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ Н ИМУНИТЕТОТ? ПА ТОГАШ ПАЦИЕНТОТ НЕ СМЕЕ ДА НАСТИНЕ, А НЕ ПА ДА МУ СЕ НАМАЛИ ИМУНИТЕТОТ, СВЕСНИ СТЕ ШТО ПИШУВАТЕ? ПРЕИСПИТАЈТЕ СЕ
     
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Мислам дека станува збор за ненамерна грешка од страна на членот, не постојат лекови за намалување на имунитетот, се остнато му е на место пишано
     
    На 1234567890111234 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не е грешка.
    Сите со трансплантирани органи примаат имуносупресори, бидејќи има шанса организмот да им го отфрли новиот орган.
    Ќе го третира како страно тело.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Што не е грешка читаш убаво или само колку да коментираш на сите можни теми? Убаво имаше членот пишувано треба многу чување од висруси настинки, треба внес на витамини за појачување на имунитетот, а не за намалување таман работа
     
    На 1234567890111234 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    f.png
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Убаво имаше пишано членот при трансплантација на бубрег се даваат имуносупресиви за имуниот систем да не го отфрли трансплантираниот орган.
     
    На WildMk и elimkd им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    И по трет пат, се даваат витамини за појачување на имунитет било да е на дијализа а посебно на трансплантиран за да не настине, да не закачува вируси, бара многу пазење на организмот
     
    На 1234567890111234 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не пишав дека не се даваат витамини, пишав дека се даваат имуносупресиви при трансплантација, затоа што ти имаше пишано дека такви лекови не постојат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Јас не сум доктор за трансплантација ниту верувам дека вие две сте, не знам какви лекови им даваат на тие што се трансплантирани за да им се прифати бубрегот ниту читам гугл кажувам од искуство за среќа не мое