Јас ти кажувам затоа што знам за и ти да научиш дека при транплантација на бубрег се дават имнуносупресиви, затоа што тврдиш на форум каде што читаат многу членови и не-членови дека такви лекови не постојат и самата си кажа дека не си доктор ама упорна си во тврдењата.
Обобоо ама знаете да испревртите зборови браво, врати се назад неколку мислења како започна дискусијата, некој што е на дијализа да чита ќе мисли дека нема потреба да јачат имунитет
Имуносупресија не значи "намалување на имунитетот" Звучи малку глупаво затоа и грешно е сфатено. Кога се трансплантира орган или ткиво кое на површината има туѓи антигени пациентите примаат имуносупресивна терапија која го стивнува имуниот одговор кон пресадокот со цел организмот да не го отрфли и да имунитетот под дејство на овие лекови е поранлив и затоа треба да се води здрав начин на живот, хигиена на максимално ниво.
Здраво, може здосадив но стварно ми е итно и цело време сум под стрес па пак морам да прашам во случај некој некогаш да имал вакво искуство или што познава некој што поминал низ ова да ми каже. Дедо ми во петокот вечерта го однесовме во државна болница (ама они сабота прв ден рачунаат). Двата бубрега му скоро целосно му се откажани и е на дијализа и со катета и со што уште не. Секој ден прашуваме како е што е, докториве викаат дека нема што да кажат за сигурно уште, изгледа рано било, ама нас на сите ни се чини векови дека поминале. Кажаа дека добро било што мокрел ама не ги исфрлал многу од отровите ама полн бил, па сеа со дијализа пробуваат неколку дена да го исчистат. Он бил како во полусвесна состојба и реагирал нешто кога ке го прашаат. Што мислите во кој правец би одела ситуацијава и колку според вас е можно да остани на интензивна нега?
Зависи од анализите на крвта, нивото на калиум, креатинин, фосфор... Доколку се премногу високи и не реагира на дијализата, потребна е трансплантација. Доколку реагира можна е дијализа со фистула, односно спојување на вена со артерија за поголем проток. Доколку се работи за цистична фиброза, дијализата е незаменлива, сѐ до трансплантација. Татко ми оди на дијализа, овие информации ги знам повеќе од што треба...
Фала за одговорот. Да те прашам во случај да знаеш... Дедо ми имал и мозочен удар и бубрезите му откажувале ама ни рекоа дека сепак едниот бубрег работи и нема потреба од дијализа. До петокот бил добар, стабилен, свесен и зборел јасно ама денес му се влошила состојбата. Почнал да има пролив и како полу заспан бил. Дали знаеш от прилика што можам да отчекувам?
Повторен мозочен удар, не многу јак... Можна е серија слаби мозични удари при ваква ситуација. Инаку, да може да се функционира со еден бубрег