Дијалог кој не се заборава

Дискусија во 'Врски' започната од Saisnalla, 14 октомври 2012.

  1. Saisnalla

    Saisnalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    134
    Дијалог помеѓу вас и партнерот, кој нема да го заборавите? :)
     
    На artemis му/ѝ се допаѓа ова.
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Дијалог од многу, многу одамна, со дамнешен дечко.

    Се враќаме од град.
    Јас: Мислам дека не ни оди. Да раскинеме.

    Тишина. Седнува на тротоар, Седи, седи...

    Тој: Е не може, ма. Јас не давам и не сакам. Кога се фативме, нели двајцата се договоривме дека сакаме? Па така и кога ќе се разделиме, ќе биде кога двајцата ќе сакаме. А јас сега не сакам. И точка.

    Јас се збунив. Реков добро. Заедно си отидовме, се смиривме и теравме уште неколку месеци. Сега кога ќе се сретнеме, бидејќи сме пријатели, понекогаш ќе го спомнеме тоа и се смееме.

    И точка.
     
    На Arthur, Unica, КикиМаус и 40 други им се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.811
    Допаѓања:
    7.032
    разговор на фб со бившиот во 3 на полноќ кога сеуште ни се немаше случено првиот бакнеж
    Јас:Па тоа сакам да се случи кога самото ќе ми дојди..пред еден час ми дојде .. посакав да те бакнам

    Тој:Пред еден ? а мене сега

    Јас:Мене сеуште ме држи..штета што ни иди вака доцна навечер

    Тој:Кој вика дека е доцна ? идам за 5 мин со колата ако не излезиш те делетирувам од фб..

    Јас:Ама..не можам како да излезам ако ме сетат..

    Тој: офлајн..

    И дојде..и така се случи си се бакнавме

    и тоа е една од најубавите вечери и најубавиот диалог што ке ги памтам до крајот на мојот живот ..
     
    На Aschenputtel, ReinaDeCielo, lifecreator и 27 други им се допаѓа ова.
  4. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Тој: Ме сакаш?
    Јас: Да .. оти.. се сомневаш?
    Тој: Не дека се сомневам, сакам да знам дали вистина ме сакаш..
    Јас: А ти ме сакаш?
    Тој(ме гушка и бакнува најсилно на светот): Шо мислиш сега те сакам?

    ..;(
     
    На betikolevska1, Arthur, kjukli и 14 други им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.127
    Допаѓања:
    85.294
    ме вративте многу многу наназад, во едно време ...
    тој- Ме сакаш?
    јас - Да!
    тој-Колку?
    јас-Најмногу.
    тој - Прашај ме ти мене
    јас- (како прле пред магаре)..Ти колку ме сакаш?
    тој- Не не , прашај ме дали те сакам
    јас - ми се сврте свеста...Ме сакаш?
    тој - Не ...
    јас - Епааа...и солзи одма на очи :'(
    тој - Чекај не завршив... јас тебе те обожавам
     
    На Arthur, ♡BuBaLe♡, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.492
    M: Ти си глупак, простак и идиот. На моменти сакам да умреш. Еден ден ќе плачеш по мене, и ќе ме молиш, на колена...
    З: Знам.
    М: Ама мене ќе ме нема...

    (и навистина ме немаше. и навистина плачеше и молеше)
    --------------------------------------------------------------
    М: Е јас за што сум?
    Д: Ти си за убави работи створена.
    ~~~
    М: Немој да си се осудил да ти се случи нешто. Не може да си отидеш од овој свет пред мене, јас ќе побудалам без тебе. Ти си посилен и можеш да издржиш сам, јас нема да го поднесам твоето отсуство. Инсистирам јас прва да умрам.
    Д: А може да спијам со друга?

    :rofl: :rofl:
     
    На hermosa, Arthur, CameliaMiller и 22 други им се допаѓа ова.
  7. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    672
    Јас:Ти си мноооооооооооооооооооооогу голем идиот , да знаеш.Не функционираме повеќе :)
    Тој:Те сакам , се гледа дека можеме да функционираме перфект го знаеш ти тоа многу убаво , те сметам за најпаметна девојка досега што сум ја имал , ептен ми е убаво со тебе :**************
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.571
    Допаѓања:
    17.874
    Пол:
    Женски
    Тој: Не сакам врска сакам да бидам сам, сериозен сум дефинитивно е крај.
    Јас: Да ти кисни сериозноста ;)
    По 1 минута ми стига покана за во врска од него.
    Тој: Сакаш да ми бидеш девојка? :$
    Јас: Во овај момент да беше поблиску ќе те изедев и ќе ти наплатев за ова, секако дека сакам :)

    Нашата следна средба сини шетавме двата :D
    Ахх пуста далечина. :doh:
     
    На Arthur, Dust, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    3.736
    * Со бившиот после 3 години правиме муабет

    Тој: Ех, да не бевме тогаш деца, да се запознаевме ова време, дали би била со мене наместо со него? Дали би ми дала шанса?

    Јас: Не би требало да збориме за нешто што и двајцата знаеме дека нема да го биде.. Што би било кога би било не може да биде во оваа ситуација.. Ние веќе се знаеме.. Нашето помина..

    Тој: Јас сум спремен да заборавам се и да почнеме од почеток? Би ме сакала ли сеуште?

    Јас: Знаеш дека тоа не е возможно.. Јас сега имам друг..

    Тој: Можеби ти имаш друг ама јас сум тој што постојано те сонува... Мојата љубов за тебе никогаш не згасна...
     
    На EdnaDevojka21, Arthur, Allure и 25 други им се допаѓа ова.
  10. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    136
    Јас: идиоту
    тој: не се преправај дека не ме сакаш. Хаха
    ми фали
     
    На Arthur, kafee и Dimkovska123 им се допаѓа ова.
  11. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    33
    Тој ..Оди најди си ја среќата со некој друг друг што ке ти пружи нормална врска..Од срце ти посакувам се најдобро...Најди некој што може слободно да шетате да излегувате да имате нормален живот ...А ЈАС ЈАС КЕ ТЕ САКАМ и понатака ...

    Јаас...Што ке ми е нормално нешто со некого што не го сакам....

    Молк....................... Додека трае трае !!!
     
    На Arthur, love.fashion и Ingvild им се допаѓа ова.
  12. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    570
    Си шеткавме така низ кеј и си зборевме...
    Јас - Пред да се фатиш со мене за ништо не се замараше бе еј човек те направив :D
    Тој - Озбилно, еве баш за врски, никад не сум идел со негоја година ипол не ни мислев дека ке идам со сите си се заебавав и после не им ни кревав на тел..
    Јас - Е браво, и со мене така сеа ти е?
    Тој - да, на заебанција идам година ипол..
    Јас - па добро.. што те знам :D
    Тој - Не не, јас сега си имам златце до мене, не го пуштам да ми отиде ;)
    :inlove: Од тогаш уште повеќе го сакам хихихих :D
     
    На Lolo5, Arthur и Dimkovska123 им се допаѓа ова.
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    7.635
    Me : Ми се оди на свадба.
    He : Што сакаш да кажеш со ова, да те запросам ?
    :lol:
     
    На Lolo5, Afrodite¥, Arthur и 35 други им се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    -Ми се допаѓаш многу.
    -Бла бла бла (ова некој муабет на кој не се ни сеќавам)...молк...што рече? Ти се допаѓам??
    И ти менее... :$ :wasntme: :inlove:
    -Немој никогаш да ме заборавиш... (Сето ова на друг јазик)

    И така помина долго време и јас си останав затрескана.А дека ќе го заборавам...Никогаш!
     
    На Arthur, loverangelx3, SnowQueen17 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.273
    Долго се расправавме, јас и мојата љубомора..

    Тој: Ти си смотанка, како може за глупости да љубомориш?
    Јас: Што бре, како може да не бидам љубоморна?
    Тој: Абре разбери дека тие треба тебе да ти љубоморат не ти нив.
    Јас: Е зошто?
    Тој: Па ти ме имаш мене, имаш некој што те сака, а тие немаат, може само да посматраат од страна.

    Душичка. Никогаш не звучел толку мило, уверливо. Секогаш е некако груб, а ова го кажа така нежно.. Јас изнервирана, тој смирен... и потоа и јас си се стопив..
     
    На Arthur, kjukli, Umbrella22 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    424
    Пол:
    Женски
    дијалог кој многу ме повреди и засекогаш ќе имам рана на срце ;(

    Јас: Зошто и пишуваше, зошто и се јавуваше?? Сакаше нешто со неа?
    Тој: Да бре чупе, да ... не и се јавував јас за џабе неа.. мисли малку!!
    Јас: А јас?? Не ти е срам?? Да се срамиш!! Ти си најголемото ѓубре.. овде е нашиот крај!!

    и сега солзи почнаја сами да течат... ;(
     
    На Arthur, CameliaMiller и Dimkovska123 им се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    2.892
    Пол:
    Женски
    Jaс: Дали се согласуваш и ти како мене, овде да биде нашиот крај?
    Тој: Не, но што можам против тоа.
    Јас: Ништо, ти сам направи така.
    Тој: Знам.
    Јас: Убаво чим знаеш, биди среќен.
    Тој: Ќе бидам ако бидеш и ти.

    :)
     
    На Arthur, Allure и Dimkovska123 им се допаѓа ова.
  18. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.736
    Јас досега не сум имала врска но имав една ситуација како вашиве неодамна
    Беше една вечер во јули околу 2 навечер во град.Ми звони другар ми (под дејство на алкохол тој ,а и јас малку) и ми вели:
    тој:каде си??
    јас: еве спадната сум
    тој: треба да разговараме!
    јас: што е да не реши да се бесиш случајно??(се шегував како и обично)
    тој: нешто друго решив!
    По 15 мин се наоѓаме и
    тој:сакаш ли да бидеме нешто повеќе од другари
    јас:мислам дека не сватив
    тој: ахам сакаш да ти кажам поедноставно
    ТЕ САКАМ, вечерва сватив дека те сакам
    И пред јас да кажам што било веќе се бакнувавме...
    Но бидејќи јас не сакав врска, а и двајцата го сакавме пријателството на тоа и останавме и уште ми е најдобар другар :D
     
    На Arthur, SnowQueen17 и Dimkovska123 им се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.888
    Пол:
    Женски
    Тој: Јас те сакам, сакам да бидам со тебе, а ти сакаш?
    Јас:Да сакам
    Тој:Молим?
    Јас:Да сакам
    Тој: Што рече
    Јас:Да сакам да бидам со тебе
    Тој:Чекај, навистина, која дата сме (го вади моб) :D па не сме 1 Арил :?:
    Јас: Да :D не сме 1 Април и не те лажам, навистина сакам да сум со тебе :wasntme:
    Тој: Епа добро (и си седна до мене на клупата)
    Јас: :lol: :?:
    Тој: Упс извини, ме :hug: и :*
     
    На Arthur, Dust, Dimkovska123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.973
    ЈАс-Ти мене си ми се
    Тој-и ти мене
    Јас-Ти си мојата ѕвезда водилка
    Тој- :wasntme: :?: :)
    ЈАс-Сакаш да се ожениш за мене?
    Тој- :o :D :?: сериозна си?
    Јас-Кажи Да,не?
    Тој -Да,ама сериозна си ?
    ЈАс-Да
    Тој-Да,ама јас треба да те запросам,и ќе те запросам како што заслужуваш да знаеш
    Јас-Знам :$ , ама сега земи го прстенот како симбол на нашата љубов :inlove:
    :$ :D
     
    На Arthur, CameliaMiller, 1209 и 18 други им се допаѓа ова.