би ти посакал да е љубов,но по кажаното воопшто не е љубов.Можеби е како што викаш,навика или сепак страв од осаменост,но што и е да за жал не е љубов.
Ne devojce, begaj sto podaleku od vakov... Raskini mu i ne se sekiraj ke najdes ti podobar sekogas ima
Дечко ми обожава да спие на грб, со рацете под глава. Еднаш му реков: -Ако умреш пред мене, кога ќе те погребувам, наместо рацете да ти ги ставам на стомак, ќе ти ги ставам под глава, и сандак поширок ќе ти нарачам за да имаш доволно место за лактите, да ти биде удобно, и да бидиш среќен и на тој свет! (се измоча од смеење кога слушна) Седнуваме во еден кафич со другарка. Таа нарачува сладолед, а јас овошна салата. Ни ги носат на двете порциите и јас веднаш почнувам да јадам, а другарка ми ме прашува: -И шо има? -Банани, јагоди, киви, јаболко, портокал... Другарка ми почнува да се смее како ненормална. Ја прашувам: -Што ти е? Зошто се смееш? Од смеење не може да ми каже. Ај некако се прибра и ми вика: -Не те мислев што има во салатата, мислев што има ново кај тебе во животот. Се прснавме од смеење.
Си лежиме заедно гушнати на кревет .. но тој мислеше дека сум заспала бидејќи бевме преуморни од патот и ме гали во косите .. и си зборува Тој- Ах бе девојко само да знаеш колку те сакам и колку стравувам да не те изгубам ти ми се во мојот живот гледам иднина со тебе а што тебе ти се вртка во тоа главчеетоо не знам ноо.. едно знам ако те изгубам ќе се упропастам и нема да личам на себе ... те сакам многу инаетчикее моја (ме бакнува во чело) Јас- Тдм трм тдм не спиеев .. значии такаа те слушнав сее !... Иначе не стравувај дека ќе ме изгубиш и јас те сакам многу !! И си се гушнавмееееееееее
После скоро 2 ипол месеца.. Тој: (ме гушка најсилно што може, плаче).. Конечно, конечно си овде, конечно можам да го вдишам твојот мирис, конечно можам да дишам нормално....(ме стиска силно) Те сакам, среќо моја најголема.. Немој уште еднаш да си направила ваква глупост, немој да си ме оставила сам повеќе. Немој да ти падне на памет да заминиш повторно. Те љубам!! (Ме бакнува) Јас: (липав и го гушкав силно) Те љубам ****** После 10 мин.. Откако се изнаплакавме Тој: (ми ја подига главата и ме погледнува во очи) Никогаш повеќе нема да те пуштам да заминиш јасно! Ти млада госпоѓице следниот пат кога ќе го напуштш твојот дом ќе биде затоа што ќе си дојдиш во нашиот дом. Дали се разбравме? Нема одење никаде повеќе. Договорено? Јас: Договорено. Те сакам..
Еден период, цела недела константно имавме кавги, ретко нормален муабет да протече.. И се скаравме пак нешто пред да излезе некаде, и после саат време гледам порака на мобилен.. "Немам што да ти кажам ,само ми е криво, и јас си знам колку ме боли што ни е ваков периодот.. Едно останува исто, непроменето, а тоа е љубовта спрема тебе.." Друг пат пак, бев кај него на гости си седеме си се гушкаме и така.. И после некој ден ми вели ,блузата сеуште ми мириса на цветови, некни што гушкав еден цвет . Се стопив
Јас: (се тресам цела и го гушкам силно) Тој: Мило што е? што ти е? Јас: Јас не можам повеќе, се откажувам, се колнам дека не можам повеќе Toj: Молам!? Јас: Готово е ****** не оди зарем не гледаш? нема никогаш да бидам прифатена од твоите Toj: Не е готово! Не може! Мене не ме интересира нивното мислење Јас: Те молам пушти ме Toj: Браво за тебе, нели ќе се боревме заедно, треба ние да победиме а не они Јас: Ама... Toj: Погледни ме, ако кажиш дека ќе бидиш среќна далеку од мене, ако кажиш дека не ме сакаш повеќе, дека не вреди да се бориме ќе те пуштам и никогаш нема да се видиме повторно. Ветувам Јас: (го гледав ама не можев да изустам ни збор, што и да кажев ќе излажев) Јас... Toj: Дојди ваму (ме гушка) уште ли не свати дека нашата врска е не раскинлива, дека еден без друг не можиме да живееме? Те сакам и не те пуштам ме разбираш?
Тој: Многу ми е напорно на работа. Не можам веќе, не ми се живее.. Јас: Ти си многу паметен ќе биде океј, знам. Само насмеј се, еве од преѓе ти тропам глупости да се насмееш. Тој: Абе ми се плаче, како да се смеам? (почнува да пее) Јас: Не пеј кога ти е мака. Гледав една приказна кога човекот почна да пее од мака и за врат го фати невољата Toj: (почнува да се смее) Од тебе поголема невоља нема. Ама тоа е, не бираш ти се паѓа. Еве мене ти си ми се паднала. Ме насмеа. Јас: Мајмун.
Три дена бевме скарани и сношти конечно со мирен разговор се смиривме. Инаку моментално сме во различни земји на кратко и секогаш кога ќе се оддалечиме се караме, кај нас врска на далечина не функционира... Ама сношти имаше еден дијалог што нема да го заборавам Tој: Кога ќе си дојдам, те барам за жена Јас: Не сакам сега Тој: E ќе сакаш Jас: Не, не нема каде да живееме Тој: Понеделник одам во swarovski Jас: Не сакам прстен од Сваровски и нема големина да ми погодиш Тој: Aj не пребарувај сега Само меѓу нас ќе биди, дури да се среди спратот...
Монолог, од него. Јас само го слушам и молчам. За сите потези.. За сите планови и разговори.. Едно големо фала од мене.. Заради тебе дојдов, заради тебе и ќе си заминам. Извини што си ти го потрошив твоето драгоцено време и што те замарав со моите проблеми, извини што секоја е*ана вечер мислев на тебе и едвај чекав да те видам. Барем, барем да ми кажеше фала што дојде, мило ми беше што те видов ама еве.. јас ќе кажам мило ми беше што те видов, искрено убаво си поминав БЕЗ ТЕБЕ. Незнам дали можеш да почувствуваш во моментот како ми е мене и колку искрено го посакував сето тоа што ми го збореше. Боли, проклето многу боли. Само јас си знам како ми е внатре, но кажав, ќе истрпам и ќе помине. Тоа е што е, нема назад од претходната вечер. Неможам да вратам време и да ти укажам дека грешиш, дека повредуваш некој што одвојуваше време за тебе, те ислушуваше, советуваше, вистински те ценеше и почитуваше. Искрено од срце ги кажував сите зборови и навистина го мислев тоа. И на крај.. пак ќе остане се само на збор. Неисполнети желби и фантазии.. Тоа е што е, ако имаш нешто да кажеш, кажи. Што да кажам на тоа? Само наведнувам глава, чувствувам вина и солзи почнуваат сами да течат. Ама тоа е што е, ниедна солза и ниедно извини нема да ја избрише таа грешка што ја направив.
4 ипол сабајле ми ѕвони телефонот.. Јас: (сонлива) Ало.. Тој: Мило мое премногу се извинувам што ти го кршам сонот, ама злато време е за апче, ајде злато стани напиј се Јас: Мхм еве сеа ќе сее напијам Тој: Ајде ајде стани напиј се ќе те чекам, оти ако исклучам ќе си се свртиш на другата страна и ќе заспиеш пак Јас: Мхм еве сеа (станувам пијам апче) ете се напив Тој: Ајде сеа легни се, се слушаме утре, те сакам Не е дешто кој знае што ама ете ќе го памтам, уште еден доказ дека се грижи за мене и ме мисли..
Тој: Те сакам. Јас: Најмногу. Тој: Засекогаш. Јас: Засекогаш. Тој: Го сакам секое твое делче. Те сакам целата. Тој: Те сакам. Јас: Исто како првиот ден? Тој: Исто, дури и повеќе.
Еден ден после расправија Тој: Знаеш дека јас многу те сакам тебе? Јас: Знам. Тој: Е не знаеш, но јас ќе ти докажам.
Не е воопшто љубовно-романтичен дијалог, трагикомично е, но без сомнеж ќе го памтам цел живот. При крај на средно средно ни се случи „незгода“ за време на однос, па додека седевме двајцата ко овенати сардели, тој прв се осуди да наруши молк и ме праша: „Имаш нешто за перење?“ Го гледам така бледо и му викам: „Мислам дека имам по нешто, зошто?“ - а во меѓувреме се прашувам што му е на човеков, од сите нешта он на перење алишта нашол да мисли. И тој ми го возвраќа матниот поглед, онака во неверување и вика: „Па што чекаш, оди земи испирај се!“ Повторно го гледам така триаглоно и го прашувам: „Абе, ти на перење алишта мислеше или ?“
Тој: Срце, сега хулахопки ми рече да ти купам така? Друго нешто ти треба ли? Јас: Не мило, само тоа ми треба. Тој: Епа добро, ајде веднаш ќе ти ги донесам. Се знае овој мојов бе! И кој број хулахопки носам и триста глупости. Таман можам да му порачам од продавница да ми направи еден шопинг, сигурно нема да згреши.
На самиот почеток на врската,пред да започне: Тој:Сакав да зборуваме за тоа дека во последните денови многу ми се засвиѓа и премногу те засакав како карактер,и тоа беше причината кај мене да се разбудат некои непланирани чувства..Сакав да те прашам за врска,ама гледам не си спремна... Јас: Сум (кратко и низ насмевка). Тој: Си ?! Те сакам,те сакам,те сакам,те сакам.. (ме гушка силно) Јас: И јас тебе