Петок, 6.01.2017 ЈАС: ХХХХ, ќе те видам после 10тина години со 2-3-4 деца, жена како од каталог на Викторија сикрет и што друго да кажам.. ТОЈ: И пак ќе те бакнам..и гушнам... и ќе ти простам ЈАС: Ќе те остави жената бе ХХХ Ох заборавив, до тогаш нема да постојам ТОЈ: Зошто да не постоиш? ЈАС: Кај ќе ти дава жена ти да имаш женски пријатели, очи ќе ми извади ТОЈ: Засекогаш ќе постоиш и ќе бидеш дел од мојата суета и размислување ---------- ЈАС- Толку ме сакаш бе? ТОЈ - Колку што морето нема вода.. Колку што планината нема шума ------------------ ТОЈ - Не ме разбираш Јас - Не ТОЈ - Значи си нашла поарен од мене. ОК ЈАС - Па јас душава ја давам за тебе а ти вака ТОЈ - Јас за тебе и со тебе сум.. не те давам.. НЕ ТЕ ДАВАМ! Кога и да ги видам разговорите, ми го разубавуваат денот.. Иако во тоа време се на зезање ја терав(ме) Тој ми е моето срценцеплатонска љубов... и се надевам дека за 10год ќе се случи она што го пишав
А: "Од каде да почнам,имам толку да ти кажам,а збор не можам да изустам.." Јас: "Обиди се. Ако сакаш. Последно што ми рече е дека засекогаш ќе имам посебно место кај тебе." А:"Сеуште е така и секогаш ќе биде,ама..." Јас:" Ама сепак се откажа од мене. Сега веќе не е ни важно. Со среќа нека ти е бракот и ќеркичката,жива и здрава нека е." А:"Фала...јас не можам истото да го изговорам..зар ни малку не ти е тешко?" Јас:" Не." А:"Не можам да те препознаам во што си се претворила.Колку си ладнокрвна!" Јас:" Се претворив во тебе..пред 6 години. Ладнокрвен и дрзок. Сега муабетот на таа тема веќе нема смисла,така да.. А:"Во право си..нема...ама секогаш кога ќе и го изговорам името очекувам твојот глас да го слушнам.." Јас:"Ама нема.Таа не е јас и нема да биде.Mach's gut."
Тој:Ке спиеме? Јас:Оди ти јас останувам. Тој:Да те сонувам? Јас:Хаха ај молчи Тој:Ме сакаш? Јас:Не сакам идиот. Тој: Ама идиотот те сака тебе
тој: Ќе ти кажам тајна,никому не кажувај Јас: знаеш дека сум човек од доверба голтам тајни никому не ги кажувам,затоа се гушам (очекував после се да спомене нешто за во врска да сме си) Тој: заминувам в странство,некогаш ќе се видеме Јас: пиши некогаш да не ме заборавиш ми пиша дека стигнал. и тоа е се. :/
Тој: Никогаш не ми било вака Јас: Како? Тој: Никогаш не сум се чувствувал толку многу посебно и сакано..Прв пат го чувствувам ова покрај тебе. -------------------------- ааааааааауууу срце ми се кине, толку убави спомени од личност што веќе не е дел од мојот живот, за жал
Тој : Ме повредува тоа што знам дека никогаш нема да бидеш моја , а сепак секој ден те сакам се повеќе .. Јас : Ама види , јас ти кажав , не можам да те засакам , ти мене си ми школски другар и не можам да го сменам тоа .. Не ми прави вака не сакам да повредувам луѓе , посебно не некој што ми е драг како човек , како пријател .. Тој : Не плачи .. сам го избрав овој пат уште првиот ден кога те видов . Ти не ме повредуваш , најважно е дека беше искрена кон мене од првиот миг .. Јас : Те молам оди си . Не можам да поднесам кога знам дека ме сакаш , а не можам да ти возвратам на ист начин .. Оди најди ја својата среќа далеку од мене .. Не било судено да бидам твоја среќа , ами несреќа ------------------------------------------------------------ Таа ноќ беше пијан . Имам спомнато некаде по темите , за школскиов кој ме свиѓаше од 1-ва средно до моментот кога му кажав дека сум бремена од друг . ------------------------------------------------------------ Дешавка у 4-та средно , некаде околу 15-ти септември ... * Излегов со дечкото ( сега сопруг ) од комбето кое не превезуваше од училиште до центарот , и се сретнавме со школскиот . Ме праша : Тој : Зошто не ми дигаш кога тебарам на телефон ? Јас : Не ме барај веќе те молам . Доволно време изгуби со мене . Не ме барај , те гледам само како пријател , не можам да те гледам поинаку Тој : Зошто ? Толку сум грд па не можеш да ме засакаш ? Во тој момент дојде маж ми ( тогаш дечко ) и праша што е проблемот . Тогаш му кажав што се случува , а на школскиот му кажав : Јас : Види ******** ти се знаеш со овој овде од кругот на училиштето , види знаеш и дека ми е дечко така ? Но , сеуште не знаеш дека сум бремена од него . Тој : Што ? Бремена ? Јас : Да , бремена сум од ***** . Те молам не се надевај веќе . Ние ќе се земеме , веќе живееме заедно . Одлучивме да го задржиме бебето . Не сакав да те повредам уште повеќе . Извини . Те повредив несакајќи . Тој : Не грижи се за мене , ќе преживеам Со среќа нека ви е . Да е живо и здраво само . Му честиташе на мм , и се ракуваа . Инаку мм знаеше дека му се допаѓам на школскиот од порано , но не знаеше дека толку е сериозно . Како и да е , од тогаш го немам видено , ниту чуено школскиот . Се надевам си нашол некоја што искрено го сака и дека е среќен . Јас ете го сакав како пријател . Добра душа имаше и можеше да насмее секого дури и во најтешка ситуација . Криво ми е што изгубив еден таков другар , но ако продолжевме да се дружиме , само ќе беше повреден уште повеќе . Како викаат , далеку од очи - далеку од срце . Оваа опција беше најдобра за него .
19.09.2010 , втор дејт другарски Јас:-еј другаркава таман за другат ти, нареден пат ги запознаваме (си викам ако има нареден пат) Он:-сите ги наместивме само ние никако( лесно му е џапнал коктел, ја ни бедоксин ) Ја: ќе стануваме полека? Фаќа невреме... Он:-епа ајде... Олуја фати... Дува, грми, истура. Небо/земја се спои. Он:-Да влеземе тука во влезот додека да престане? Ја:- Дааа, страв ми е, грми, додека не престане не мрдам ( си викам во себе, гушниии не бе глупчо, се тресам на секое грмење) . Молчиме 5мин.... Он: Се знаеме веќе 1год, комуницираме секој ден, ми се допаѓаш многу и карактерно и секако... Дали сакаш да пробаме како би функционирале заедно, иако бевме лути минатата недела? Ја: Пааааааа...(демек се мислам и не ме остави да кажам, ме баци) Мислев нема да трае амааа продолжува .... Парт 2... После 6год врска на одмор: Он: ајде тука да се сликаме! Ја: Абе алооо жива душа нема, шо бараме тука, може и забрана има, не гледаш синџир. Он: добро ајде терај.. Си викам што се мрдна од ум, да не сака нешто човеков, на свашта безобразно помислив Он: земи тел. сликај светло е тука. Ја: абе 100слики имаме што ти е, се е исто што да сликам. Додека се свртам како ја теле некое на лева нога цел ден, он клекнал со прстен. Он: Долго време поминавме заедно, многу работи доживеавме, дали сакаш да ми бидеш жена и да ме направиш најсреќен човек на светот? (до тука памтам, се изгубив некако) Ја: Сериозен сиии? Он: Да бееее.... Ја: Абе дај не зезај... Он: Значи посериозен никогаш. Што ли ми беше нз, додека не видов солзи во очи не поверував. Почнав и ја да плачам... Ја: Сакам, сакам, сакам..... Става прстен и вади 2чашки( за кои се налутив дека не зел за мене демек поклон за моите да бидат ) и вади Сангрија. Он: Ајде сега да си прославиме сами. Летав од среќа.
Јас: Ако после 10 години сме сами и двајцата, сакаш да се венчаме? Тој: Сакам Тогаш не бевме заедно, но знаевме и двајцата дека има нешто големо меѓу нас. Мило ќе ми биде и само да се присети некогаш на муабетот.
(Седевме кај него на кревет, и се скаравме за нешто, и јас изнервирана си ги облеков патиките) Тој: Хахаха зашо ги облече патиките ко знаеш дека пак ќе ги соблечеш, само ќе се мачиш. Јас: офф не се смеј, викни ми такси ќе си одам. Тој: хаахах нејќеш ли да си лежеме заедно.. Јас: Нејќам.. Тој: Соблечи ги патиките ајдее. (Ме гледа и се смее, се смеам и јас. И одеднаш ме грабнува и легнува на креветот) Тој: И ќе си одиш ли: Јас: Не.. Е чекај патиките, ќе извалкам постелнината.. Toj: Заеби..
Се допишувавме на фб Јас: досадно ми е. Тој: и мене. Јас: зошто ти е досадно? Тој: затоа што не си до мене. Ова пред некој месец со бившиот Тој: дојди да спиеш до мене да те гушкам силно. Јас: еве чекај ме доаѓам. Тој: ама знам дека нема да дојдеш Јас: хах епа тоа е. Тој: е зошто не дојдеш? Јас: епа ете не можам Тој: не се секирај, ќе дојде и тој ден.
Ми се јави пред пола саат Он: Само сакав да те слушнам и да те прашам како си... јас: Добра сум.. он: Лека ноќ и сонувај ме... Те сакам знаеш нели? јас: Не требаше да ти дигнам слушалка... Чао. И сега сон не ме фаќа од радост Кај и да е ќе попуштам и ќе се смириме
Дм-Те сакам навистина Јас-сериозно: (таква расположена) Дм-Да не те сакав немаше да бидам со тебе Ми значи ептен
Јас,во спортска облека,патики,се враќам од трчање,како и секој ден... На пет минути од дома,застанува добро позната кола до мене... Ј: Хеј,да те префрлам до дома? Јас: Ох не,фала,се враќам од трчање па сакам да попешачам.. Ј: Сигурно? Ако си уморна,ќе те префрлам.. Јас: Фала ти,сепак ќе одам пешки.. Ј: Ок тогаш,чао.. Јас: Чао. Ох не ми го мати мозокот аман!!! На пет минути од дома,се нуди да ме префрли..Само продолжи си по патот ...
Забава. На масата хартиени декорации. Тој зема едни форма на мустаќи и ми ги доближува до устата... Д : "Убава си и со мустаќи." А : "Ох, ти благодарам многу"! Д : " Не,не сакав да кажам,ти стојат и мустаќи!" А : "..." Д : "Ама,погрешно ме разбра, сакав да речам не стојат мустаќи на секого !" А : " Ок,фала,доста комплименти за вечерва " Д : "Ох,само сакав да кажам,убава си секако..."
Т: љубоморен сум,знаеш? Ј: Не, нема и потреба Т:Ама јас те сакам разбери ме Ј: нема потреба од грижи *првото те сакам од него,ја не можам да му кажам..
Јас: Абе само ме нервираш, да научиш да си го чуваш во ѓаќи. После неколку дена: Тој: Ми рече да си го чувам во ѓаќи, еве у ѓаки е.