In расправија mood : Јас : Свиња мрзлива Тој : Коза инаетлива Јас : Вол , магаре , инает , лудак , аааааа ( ова веќе полудувам ) Тој : Дојди ваму будалче едно . Јас : Не доаѓам . Ме наљути и сега не доаѓам Тој : Абе ти сериозно мислиш дека ќе ми избегаш ? Епа нема ! * ме фаќа и ме гушнува толку силно , понекогаш мислам некоја коска ќе ми пукне * Вака изгледа една наша расправија
Kje se samocitiram , posle kratkiot gif koj go vidov slucajno na FB so famoznoto svinche Jas : - Debela sum , licam na svincheto vo tanga Toj : - Mene si mi taman . Se dodeka mozam da te dignam vo race , daleku si od svincheto vo tanga Jas : - Aha , teshi me ti i samo kupuvaj mi blago .
Јас: Душо тебе за се те бива, експерт си за механика на коли и камиони, те бива за професионален масажер, те бива за готвач, за пица мајстор.. Нема за што не те бива. Тој: Има. Не ме бива да не те сакам. Не ме бива да живеам без тебе. Не ме бива да не те изгушкам и избакнам вака..
јас: Еден ден ќе дојдам и веќе нема да си отидам, ќе останам да си живеам тука тој: Ако остани. Ми одговара да си до мене, секогаш
Тој: Зошто си го правиш ова? Зошто се повредуваш? Нели мислиш на мене, дека можам да те изгубам? Јас: Не можам да се приберам ете. Сѐ ми се насобра. Тој: Почнуваш да ме плашиш. Не го очекував ова од тебе. Јас: Ако сакаш да прекинеме, ќе те разберам. И онака доволно сум ти товар. Тој: А кој рече дека сакам? Малку ме разочара, ама сѐ уште те сакам. Сум поминал низ истото, потполно те разбирам, ама вети ми едно нешто. Јас: Кажи. Тој: Ќе бидеш поцврста, посилна, нема да се повредуваш и омаловажуваш. Сакам да те гледам насмеана, а јас секогаш ќе бидам тука за тебе. Јас: Ветувам. ... Зошто си толку добар спрема мене? Како можеш, навистина? Тој: Зошто те сакам најмногу. Зошто си моја душа. И среќен сум што имам олку убава и мила девојка како тебе. Не сакам за ништо да ми се секираш душиче. Сѐ ќе биде во ред. Јас: Фала ти за сѐ. Тој: Ела да ми те гушнам.
Тој: Во твојот град има многу убави нешта. Јас: Епа навистина има. Тој: И јас си имам една од тие нешта.
Повеќе би го нарекла монолог ТОЈ: Mи одговараш во многу работи и сакам да се обидеме колку што можеме повеќе. Ако не се осеќаш дека би можела со мене од било која причина би било фер да ми кажеш да знам да не се улетувам пак. Јас кога нешто правам се фокусирам целосно на таа работа и вложувам се. Чисто сакав да знаеш каков сум во овие работи па да си одлучиш. Не сум ти кажал........ кога те имам гледано тука ми проаѓаа мисли како си убава и како би сакал да ми бидеш девојка. Никогаш не ни помислив дека може до тука да дојдеме and here we are..... Си доаѓаат нештата на свое место-во право време. Пак ќе кажам мило ми е што те запознав и бакнав конечно.
T: Што се исплаши толку?! Ј: Темница е, речиси никој и не поминува од тука навечер. Т: Каде јас би дозволил тебе да ти се случи нешто?!
после неколки дена од ко се фативмее.. Т. Знајш шо Ј. Шо? Т. за чотек плачиш Ј. оти Т. си знајш Ј. отии Т. оти така Ј. отии... аман шо пишуваш толку од преѓе. мене почна да ме фаќа паника не знаев шо се случува и конечно фтаса пораката неговаа.. шо напрај да те засакам олку? станувам на сабалје на тебе мислам. легнувам на вечер на тебе мислам многу ми фалиш сакам да те видам да те гушнам. ти беше тука со мене во секој момент ко немав никој ми помогна премногу никош не ме остај сам. за се тука си. се ми си ти другар, сестра, женска. знам дека се можам да ти верувам. единствена моја си те сакам најмногу. Се стопив јас треперев целаа.. помина еве 2 години од тогаш ние уште сме заедно го сакам најмногуу. има и други вакви разговори ама овај ми е посебен.
Јас: Еее која случајност, на 27ми паднав .. знаеш кој датум е нели? Тој: Знам знам.. точно 9 месеци.. Да правевме бебе таа вечер, немаше сега да паднеш да се утепаш, ќе те носев да се пораѓаш Јас: Фаца еее 9 месеци поминаа? Тој: Аха.. и сега бебе ќе чував, а не тебе Душа моја
таа : многу нешта проживеав минативе пет години тој: знам, се' знам таа: а знаеш ли, родив пак, сега имам три деца тој: знам, знам. и знам дека не три, петнаесет да имаш, местото ти е до мене! ...
Си муабетевме за омилени нешта: филмови, песни, храна.. Јас: Пицата е универзална омилена храна. Тој: Тебе сигурно не ти е. Не си како другите ти, поразлична си. Не може мејнстрим работи да ти се омилени. Посебна си. ------- Јас: Еве сега се смеам! Тој: Кога се смееш ми е како да сум освоил 7ца на лото. Смеј се почесто. Истиот дечко е во 2та примери. Не сме романтичари, ова ни е најблиску до лигавење
Седевме, се бакнувавме и молчевме едно 10 мин и потоа ме праша.. Тој:Убаво ли ти е со мене? Јас:Да Тој:Колку Јас:Хмм не постојат зборови со кои можам да ти објаснам. *Бакнеж во врат, повторно молк. Јас:А тебе? Тој-молчи Јас:Чекам одговор. Тој:Толку што се би правел со тебе. ____________________________________ Јас:Треба да си одам. Тој: Сега ли? Јас: Не би одела ама морам. Тој:уфф не ми се пушташ.
Таа- Ми доцни. Јас- Што? Таа- Знаеш. Јас- Сигурно? Таа- Да. 20 дена потоа.. Таа- Ми дојде сум помешала деновите. Јас- Со кого зборувам на телефон? Ми се помешале броевите.. Таа- Клик.. Јас- Ало?...ало?
Тој: Не можам да ти опишам колку си те сакам. Што би правел јас без тебе... Јас: Ќе си најдеш друга, послабичка. Тој: Ама таа нема да има вакви убави зелени очи како твоите. Нема да има толку меки усни што толку слатко бакнуваат. Нема да можам да ја гушкам толку цврсто додека ми се топи во прегратка како што те гушкам тебе. Никоја не може да те замени тебе маченце. За мене си единствена
Јас: Те молам не го откажувај одморот со друштвото, и онака нема да одиме јас и ти. Тој: Ќе го откажам. Јас: Зашто? Криво ми е.. Тој: Ќе работам за да одиме јас и ти во септември на одмор. Јас: Како кога не сме заедно, не знаеме како ќе биде.. Тој: И да не сме заедно пак би одел со тебе.
Тој: Знам да бидам лош, ама ти си во прашање. Јас: Што сум толку посебна за тебе? Тој: Си... Сакам да те задржам, сакам иднина со тебе, сакам семејство со тебе, чекав и чекав и чекав да запознаам некоја како тебе, и тогаш се појави ти, ме натера да заборавам на се во минатото и да се чувствувам како одново роден, многу сум среќен.
Јас: Мислам дека настинувам, не е поубаво да не се бакнуваме? Тој: Ако де срце, ако треба двајцата ќе бидеме настинати заедно.
Од пред некој ден: Ј: Мама вели дека внук ми личел на мене како бебе Т: Ќе имаме и ние едно наскоро, ветуваш?