Тој : Не те чува Бог тебе, не те сака. Јас : Ама оти ? (кенкам и мрморам) Тој : Оти јас те чувам, јас те сакам, многу љубов ќе ти дојде.
„Ти се вљуби во мене во погрешно време“ „А кога ќе беше вистинско за човек како тебе?“ „Кога ќе зажалам што веќе не смеам да...побарам да ме сакаш!“ И зажали!
Само што раскинав со дечко ми.. и ми се јавува после три дена.. (од друг број) Јас: Ало.. Он: Кај си ти? Јас: Еве.. Дома.. А кој е таму ?! Он: Толку брзо ме заборави ? и ми го кажува името негово... .. Мислам дека го закопав во Земја. хихи
Јас - Значи толку е, повеќе нема да се видиме? Тој - Кога ќе завршам со се`, колку и време да ми треба, месеци, години, ќе ти дојдам на врата. Ќе те побарам. Можеби ќе имаш дечко. Можеби ќе бидеш мажена. Можеби повеќе нема да сакаш да бидеш со мене. Но, ти ветувам дека ќе ти зазвонам на врата. А дали ќе ми дадеш шанса тогаш, зависи од тебе. Дотогаш не ме барај. Вака мора да биде. И солзи во неизмерни количини.
Јас : Досадно ми е. Тој : И мене. Јас: Еј што да правам,ај кажи...ептен ми е досадно. Тој : Ај да си се земиме и ќе ни биде забавно
Ова као тоа од вицот, само во тој момент незнам од кај ни текна: Се зезаме ( ) Тој:-Идиотка! Јас:-Па да сум била зена на миснистер ќе сум била министерка!
Јас:Те сакам. Тој:Јас тебе не. Јас:Оти? Тој:Оти те сакам. Јас:Е значи пи*ка си. Тој:Е ти си. Јас:Добро,ти. Тој:Ок,ајде двајцата.
Jasse skarav so najdobrata drugarka i sum prokleto iznervirana i ne kazuvam so mi e,i placam) on:alo budalche sto ti e,nemas najdobri drugarki najdobra drugarka ti e majka ti,nikogas nemozes da se potpres na nekogo toa znaj go!!Jas sums o tebe eve tuka i nemoj da places,se osekjam neubavo zivotot e padni stani nema otkazuvanje!! E toa poslednoto mu go pamtam..za zivotot sto mnogu pati mi pomognalo koga sum bila down
Тој : Се секаваш кога замина со него? Јас : А ти се секаваш кога ти реков дека те сакам,а ја одбра неа? Тој : И шо, демек ми врати сега? Јас : Не, ама.. Тој : Те сакам. Јас : И јас, секогаш сум те сакала. Спојлер Со бившио, сеуште бивши..
Тој се спрема да замине на пат и се исраќаме ТОЈ: Чекај ме, и биди паметна , умна те молам немој пак со глупости ЈАС:Нема потреба тоа да ми го кажеш знаеш овој пат колку сум сменета и колку те сакам TOJ: Во ред само да ти кажам немој ни да помислиш а не да напрвиш нешто Jaс: Секако дека нема ти си ми животот, не би направила пак некоја глупост претходнит пат беше пред неколку години и сега искрнео се каам за тоа верувај ми нкогаш веке не би го направила тоа а и нели се договоривме те чекам нели за жена ке ме побараш TOJ:Така е душо само останими добра леле дури сега очите ми се полни со солзи додека го пишувам ова ми недостига премногу едвај чекам да си дојде
Тој: Знаеш ли дека сакав да те прашам да се фатиш со мене? Но ти беше премногу зафатена за да разговараш со мене... Јас: Тој: И што ќе беше твојот одговор? Јас: Не си ме прашал... нема да ти одговорам! (едвај чекав да заминам и толку гласно да се исплачам )
Тој: Сакам на мојата свадба оваа песна да и ја испеам на жена ми (Од овој ден- Владо Јаневски) Јас: Аааа прекрасно. Секоја девојка би го посакала тоа. Сигурно ќе ја израдуваш многу. Тој: Па ќе видиш. Јас: Па може нема да ме поканиш на свадба, па нема да можам да видам. Тој: А од кога невестите се канат? Јас:
Мојата другарка се муваше со тој дечко и прекинаа за кратко, потоа он ми звонеше мене да бидеме заедно но јас несакам, поомина подолго време откако престана да ми се јавува. Беше сабота го видов пијан седеше во чаршијата на една клупа му беше лошо веројатно превише испил. Утредента ( недела) вечерта го земам мобилниот да го направам алармот за во понеделник на школо. Инаку во саботата вечерта не го носев тој број со мене. Гледам пропуштени повици од него. Јас му титкам. Тој звони Јас: ало Тој : ало шо правиш Јас: Ништо седам, вчера сте ми звонеле КОЈ Е ТОА ? Тој: молк .. не е важно. Јас: Добро ајде чао После овој муабет ми беше жал за него, но веке зборовите беа кажани, а тој можеби имаше нешто да ми каже...
Тој:Ми значиш премногу (ме прегргнува силно). Јас:Те сакам. Тој:Ќе им кажувам на моите деца каква храбра мајка имале. Јас:Од кај ќе знаеш дали ќе биде храбра? Тој:Веќе знам и бакнеж во челото.
Се спремаме да гледаме филм кој ми е гледан веќе и... ЈАС: Абе мило прекрасен е филмов ќе видиш, ваква љубов немаш видено ТОЈ: (бакнеж на чело) Не не не тие немаат видено ваква љубов како нашава ЈАС:
Јас: Иван, ова е грешка. Знаеш ли колку луѓе ќе излезат повредени од ова? Иван: Душо, можиш ли да престаниш да мислиш за другите? Можиш ли малку да бидиш себична и да мислиш за мене и за тебе? Што сакаш? Јас: Не е се толку едноставно, гомно некое. Не е секогаш јас што сакам. А и тоа и тоа јас што го сакам ме повредува. Иван: Ти ме слушаш ли што те прашувам - што сакаш ти? Јас: Јас што и да направам некој излегува повреден од ситуацијава. А се ми се чини дека пак јас ќе го јадам бостанот. Нема да можам пак да издржам Иване, страв ми е.. Иван: А мислиш мене не ми е? Мислиш мене ми е лесно? Да знам дека единствената жена во мојот живот која била безусловно секогаш тука за мене ја имам повредено мал милион пати? Мислиш дека мене ми е лесно да живеам со тоа..? Јас се мразам себеси заради тоа, те имам повредено многу и ти пак си тука со мене. И пак ми креваш на телефон никој кога не ме ебе два посто. И сега ми ја држиш главата додека ти плачам еден саат, пак си ти таа.. Не знам ни јас како ќе биде, но сакам да се обидам .. Тропа Охриѓанецот кај мене на врата: Јас: Ајде. Тој: Леле види го сонце, си легнало без мене .. Јас: Ќе гледаме филм? Тој: Ваква убавина ми лежи во кревет сама, а ти филм да гледаме.. Многу си вицкаста.. Ај ќе си се гушкаме .... ( и после некое време) Ти ме правиш многу среќен, дури и кога сум во читална и неможам да се сконцентрирам на учењето затоа што сите мисли ми се кај тебе. Моменталнава грешка: Тој: Што ме гледаш? Јас: Па не секој ден имам толку убав маж во мојот кревет, сакам се да запомнам. И после тоа беше бакнеж за паметење... А сето ова се само грешки. И се заврши.
нашето повеќе беше монолог од негова страна. јас само слушав и плачев Спојлер и сега ми течат солзи д: сакаш нешто да ми кажеш? а јас чутам и го гледам во очи д: знам што сакаш да ми кажиш......тоа што се случи беше само сон, излив на емоции јас веќе плачам ми ги бриши солзите ми ја крена главата и ми рече д: слушај... морам јас себеси да се заштитам
Ми беше досадно а тој беше многу расположен и јас на заебанција.. Јас Треба нешто да разговарам со тебе.. Тој:Што е бе злато мое најубаво , зошто си нерасположена? Јас Мислам дека веќе не те сакам , сакам да искочам со друг..сакам да раскинеме Тој Молк ... Штоооооо?Ти нормална си ма?После толку работи што поминавме ти сеа на мене ова ми го викаш? Јас (ќе пукнам од смеење ама сепак издружувам):да .. не сакам да продолжам со тебе више Тој Ќе ве запалам и двајцата ти си моја и моја ќе останеш ( почнува да вика,да се дере, да го пцуе) Јас: хахахахаахахах леле те сакам најмногу Тој :Мене најде да ме заебаваш? Не те сакам веќе Јас: Сигурен си? Тој: ќути .. Јас: Последен пат , сигурен си ? Тој: Те сакам бе те сакам .. Јас: Колку? Тој: МНОГУ Јас: Колку е тоа "МНОГУ"? Тој: ОД ТУКА ДО НЕБОТО И ПАК НАЗАД .. Го обожавам
Лежиме со дечко ми и го прашувам: Јас: Кого си сакал повише мене или бившата? Тој: Што будала си нормално дека тебе. Јас: А која подобро се бакнува? Тој: Ме нервираш глупости прашуваш, нормално дека ти. Јас: А ... Тој: Ти си најубавата и најдобрата девојка што сум ја имал. Јас: А во кревет која била подобра? Тој: Злато се усовршуваш многу брзо. Јас: (лута) Значи не сум јас. Тој: Што будала си. ... и после саат време ми вика Тој: Ти си најдобра и во кревет, божица си После една кавга, јас нормално плачам Јас:Не можам више да се карам, се изморив. Тој: Не можам и јас ми се кине срцето кога се караме. Јас: Не сакам више да плачам за глупости. Тој: Не сакам да те гледам и јас како плачеш, мене уште повише ме боли, ме стиска во градите и осеќам горчина кога ке те видам дека плачеш. Ти си нешто најубаво што ми се десило во животот, те сакам бескрајно и нема да дозволам више да плачеш. ... и јас уште повише плачам Тој: Ама зошто плачеш, будала ли си, прекини те молам Јас: Не можам, боли колку те сакам. Тој: И јас те сакам те молам прекини, мене ме боли кога плачеш.