Надвор врнеше, пет саат сабајле а ние требаше да фатиме воз: - Имаш ли денеска програмирање? - Да. - А математика? - Не. - А чадор? - Не. Епа спиј тогаш. И другиов, од пред малце. Одиме, поминуваме покрај фрижидер со сладолед и ми вика: - Ај да си купиме сладолед за да прославиме оти немаме пари. - Ајде бе. - му викам. И си купивме сладолед. На моето стапче имаше гратис уште еден.
нашиот прв бакнеж Jас-вчера ми рече дека денеска треба да ми кажеш нешто. Tој-епа да Jас-епа ајде кажи Tој-[ме бакна] ______________________________________________________ Tој-може ли да изброиш колку ѕвезди има на небото? Jас-не Tој-зошто? Jас-зошто има бесконечно Tој-колку што има ѕвезди на небото толку е голема и мојата љубов спрема тебе.[се бакнавме]
Јас-И сега кој ти е планот што ќе правиш после праксата? Тој-Останувам во ск. Јас-Е мноогу убо после две години низ се шо поминавме јас да седам да клепам тука и да те гледам еднаш месечно Тој-Кој рече дека ке ме гледаш еднаш месечно Јас-Е нели ке седиш во касарна Тој-Не,во стан ке седам Јас-Нема да можиш да си дозволиш Тој-Си најдов цимерка... Јас-Молааммм?!?!Ајде мрш некам да те слушам и да се замарам пак Тој-А као демек некиш ти да живееш со мене?! Јас-ААА?! САКАМ! Тој-Планирав да те прашам само незнаев како...Епа бебе спремај се почнуваме нов живот,јас и ти ЗАЕДНО Ах те обожавам!!
ахх, незнам кој да го пишам.. се зазборевме нешо онака.. јас:според мене најсовршената жена на светов е Ким Кардашијан. он:според мене не.. јасонаква како не ) он: според мене ти си најсовршената жена на овој свет, ти си жената која ми дава причина да живеам, те сакам најмногу! (се бакнавме и цело време бевме гушнати)
Ова од првите месеци од врската. Си седиме кај него во кола и јас виткам едно флаерче, правам жерав од хартија. Јас: Види! Ова е жерав и викаат се поклонува само на личност што искрено ти значи. Еве ти го, чувај го. Ако ми го дадеш некогаш кога се скараме ќе ти опростам една грешка. Било што! Тој: Не го сакам! Не сакам да ми простиш, само поради нешто такво! Јас: Земи го, еве тука ќе ти го ставам, да ја краси колата. И еве не петокот, повеќе од 2 ипол години подоцна, бурна кавга, јас лута, тој вознемирен. Легнати на креветот во неговата соба. Тој: Ми се чини дека и да те изневерев немаше толку да се лутиш. Јас: Па најверојатно немаше! Тој: Слушај, знам дека многу згрешив, ќе ми дозволи ли да го искористам џокерот. Ми рече ти еднаш, ако некогаш ти згрешам дека имам еден џокер. Јас: И така не го чуваш! Тој: Еве го таму под маса. Гледам под маса едно пластично кутивче, го земам и го отварам, а во него, жеравот од хартија, ист како денот кога го направив... Изгубив здив, не можев да прозборам. Солзи ми навреа во очите, го гушнав силно, почнав да липам. Почна да плаче и тој, прв пат го гледав како плаче. Се гушнавме силно. Јас: Ама знаеш, немаш веќе шанси. Тој: Еј, ништо, сега нема да можам да те варам
Се извинувам за латиницата, меѓутоа копи-пејст е, не сакам да го препишувам последниот разговор со бившиот, односно последните неколку реда, сакам само да го споделам со останатиот, нормален свет за да се осеќам помалце ненормално и јас ТОЈ: okk ok ok ti kazav ke praime muabet koga ke se vidime? epa odjebi, nema da se vidime i ne me baraj ЈАС: da odjebam od tebe? so zadovolstvo hah, ti si me sakal mene... kloshar eden, koga kje sakash nekoj stvarno i iskreno, a ne kako shto vikash deka me sakash mene, kje ti tekne valjda kolku si me zaebal vo zhivotov... Ajde sega chao, srekjno na kolokviumi, srekjna nova godina, srekjen zhivot, srekjno neka ti e se, veruvaj deka jas nema da te baram, me zagrizhuva toa shto ti kje se pojavish pak od negde. TOJ: droljooo morase da zaebes se sega koga se e kako sto treba ama takva si ti nikakva! JAC: ne mi trebaat povekje prichini da ne te vidam nikogash pak, mi di dade ti site mozhni, mozhesh da prestanesh so patetichnive navredi. TOJ: AMA STO TI NAPRAVIV OVAA NEDELA?? za koj kur se trudev?? JAS: Dve godini ti gi trpam sranjata, da jas sum kriva za toa, ama ne mozhesh da ochekuvash deka kje mi frlish fino ponashanje edna nedela i treba da skokam od srekja! Ne mi pishuvaj vishe, se poishe mi pokazhuvash deka se pomalce sfakjash sho sakam da ti kazham. TOJ: ti si retardirana ma! ajdee blokni mi, toa najbolje go znaes! blokni me zaso ke zazalis Нормално, го блокнав
ЈАС: ТЕ САКАМ ТОЈ: И ЈАС. МНОГУ МНОГУ МНОГУ..... ЈАС: КОЛКУ Е ТО МНОГУ? ТОЈ: НЕ СЕ ОПИШУВА ЈАС: БАРЕМ ПРИБЛИЖНО НА МОЕТО МНОГУ? TOJ: ДУПЛО ЈАС: E СЕГА МЕ ИЗЛАЖА ТОЈ:
Се расправаме нешто, се инаетам, исправаме криви Дрини и одеднаш вади досетка од ракав, немам каде, му признавам вербална Спојлер добар е орално, ова де, го бива за оратор :geek: победа : Jac: Good one, nigga.. (nigga му велам понекогаш на заебанција) Toj: I know, bro (замислете го Барни од Нow I met your mother) Jac: За машко ти личам бре? Да ти се соблечам ќе видиш bro! Toj: Да ти се соблечам, да видиш ти nigga Луд е жими се
Ова е од пред нешто повеќе од два месеца. После раскинувањето, тој ме побара. Почнавме пак полека, но сеуште лути и неусогласени. Една вечер по телефон лом се направивме. Јас не можев да го слушам веќе, малце и настината си бев, глава ме болеше, му спуштив и рикав ко будала некоја, не можев да верувам дека пак до иста точка дојдовме. Го ставив телефонот на silent, пиев апче и си легнав. Другиот ден имав преку 50 пропуштени повици. Му кренав. Ми кажа дека ќе дошол до кај мене. Дојде. После два саата муабет и мирно карање, пак не бевме на сигурно што би правеле. Тој: (станувајќи да си оди) Не можам веќе вака. Не сакам и не можам да те гледам ваква. Јас сум крив што ти беше така синоќа и стварно ме боли кога те гледам ваква, но не можам повеќе да те повредувам. Јас: Само кажи ми дека ќе се променат работите, дека нема веќе да е вака, дека ќе успееме, ќе се потрудиме. Тој: (гледајќи ме немо) Не знам. Јас веќе цела бев без памет, не знаев ни што да кажам повеќе ни што да правам. Стоевме на врата. Јас: Ајде, сега само една работа сакам да ми кажеш. Дека се откажуваш од мене и дека веќе нема ни да ме побараш. Тој: Не ме терај сега да кажам нешто што не сакам. Јас: Ми е гајле, кога не можеш веќе, само тие зборови ги сакам и ќе е крај. После натегање од некоја минута, тој ме бакна во чело и ми кажа - Целосно се откажувам од тебе. И си излезе. Надвор врнеше, а јас останав да дремам на врата и си гледав во дождот. Си реков, добро е, нема веќе замарање, али имав таква огромна кнедла во грлото. Дремев така може пола минута кога гледам, еве го, се враќа. И само иде до мене, ме бакнува во лице и образ и ми вика - Не можам, тешко е. Јас: Тешко ти е ради тоа што го кажа или што ќе мора да се справуваш со тоа што го кажа? Тој: И со двете. Имаше солзи во очите, а и јас имав, али не дозволив да заплачам. Знам дека го погалив и се бакнавме, онака мило и убаво. После бакнежот, мислам дека и мене и нему ни беше јасно дека сме големи идиоти и дека треба да престанеме со вакви глупости. Од овој дијалог, работите сами тргнаа кон подобро, се надевам веќе ваква епизода нема да доживувам, не за друго, лошо е за здравјето.
Си лежиме и ми кажува што сака да му зготвам.. Тој- Омлет? Јас- Ако Тој-Торта Јас- Важи бе душичко. Др што сакаш? Тој- тебе те сакам.. (Тогаш прв пат ми кажа дека ме сака )
Е - кажи ми сочен збор ( мислев на срце, злато, душичка ) Д - праска Е - Колку ме сакаш? Д - Најмногу Е - 100%? Д - Најпосто
дечкоми.Кажими зошто ме сакаш толку? јас.незнам... ти зошто ме сакаш? дечкоми.па незнам оти ми си интересна...
Дејството се одвива во ноќен клуб , каде што бевме излезени со дечко ми , а на мене не ми беше баш погодено друштвото со кое бевме и Тој : Што ти е ? Јас-Ништо Тој- Па знам дека не ти е погодено друштвото , ајде не биди таква не се лути! Јас-.... Молчам Тој-Многу си убава Јас-Молчам Тој- Те сакам Јас-само го гледам и ништо не кажувам Тој-Па што да правам , кога те сакам , те сакам и ваква кога си и една тажна фаца направува Jaс-Те сакам и јас и силно го прегрнувам
Спремам испит и почна да ми чури во главата па му праќам смс: Јас: „Абе, ај јави ми се и покани ме на палачинки “ И чекам, и чекам, и чекам, помина повеќе од саат и пол и ете ти го дури тогаш ѕвони, а јас нервозна кревам: Јас: „Ало?“ Тој: „Што правиш?“ Јас: „Се лакирам. Ти?“ Тој: „Ти се јавувам да ти кажам дека до сега сум правел палачинки и да те поканам да дојдеш“ И готово, тука ме уби
Половина година по раскинувањето на врска во која живеевме заедно, конечно почнавме да си правиме муабет Тој- А бе те сакам јас уште тебе.. Јас- Како не бе... Тој- А бе те сакам ама не можеме да бидеме заедно оти не сум твоја бранша. Секогаш си ме понижувала си ме правела глуп пред другите неписмен ваков таков. Јас- Можеш ли да ми дадеш пример кога така сум се понашала? Тој- Не. Ама ете секогаш ја завземаш страната на брат ти и на другарките твои никогаш мојата Јас- А за ова да ми дадеш пример? Тој- А бе не ми текнува сега ама имало. И не само тоа сите твои бивши се поважни од мене Јас- извини заради тебе прекинав контакти со сите бивши веке 2 години. Пример да ми дадеш нешто? Тој- А бе не ми текнува ама имало. Ете на пример Влатко, Столе, Драги... Јас- Па од тие никој не ми е ни бивш ни ништо... Друари ми се излегувам со нив се дружам одсекогаш Тој- А мене никогаш ме немаш викнато во твое друштво Јас- А кога сум излегла со нив без тебе? Тој- Не со нив ама на тие курсеви организации кај што одиш сумливо беше Јас- Сакаш да кажеш дека те изневерував? Тој- Не знам дали ме изневеруваше И ТУКА ПОПИЗДЕВ Јас- Како можеш да ми објаснуваш 3 саати дека ме сакаш а во 5 минути 10 маани ми најде. Ни еднаш немаш кажано дека ти било убаво со мене, секогаш ме равиш лоша, разгалена, дека сум те изневерувала. И најтрагично е што пак сакаш да бидеме заедно? Зошто? За пак ли ова да ти го правам? Жално е и болно тоа што сум се трудела вистински 2 години денонокно за да успее врската и до овој момент барем бев срекна што ако не друго сум успеала да создадам добро мислење за мене во твоите очи, а се што слушнав за мене е од лошо полошо. И после ми кажуваш дека ме сакаш? И очекуваш да ти верувам? Ај губи се сега нејкам веке да ми пишуваш разочарана сум Муабетот заврши со БЛОК.
Некна си правиме муабет, го зезам нешто, за одењево мое, за идењето, и му викам : -А, бе, ќе ме чекаш ли кога ќе си идам, со што било, со автобус, со авион? Ќе има ли дочек? :geek: И ми вика: -Ааа не. Не, не, не. (Јас таман да зинам да се бунам, се доискажа човекот) Многу болно ќе ми биде да не те видам три месеци, и да те видам само на пола саат-саат, и да треба да си одиш дома после. Нека дојдат нека те земат твоите, оди дома, види се со нив на ден-два, ќе почекам јас, после на раат да те гледам. Еднаш нешто зборувавме за спиењево наше, му викав дека сакам да ми купи башка кревет во посебна соба ако планира да се наспијам и да функционирам, јас му викав дека ќе си спијам сама и на раат. И нешто ми врати као: -Така не, заедно сме, не се разделуваме, заедно ги решаваме проблемите, за што и да се, макар и за спиењето. И кога нешто зборуваше, едно, друго, трето и само рече - ... кој би рекол дека љубовта на мојот живот ќе ја сретнам на таков начин... и рандом си продолжи муабетов во друга насока. Јас бев као - АаааааааАааааааааааААААААаааааааа. Уште еден куп дијалози, срцепарајучи што ги викам јас, а ем не сме многу така јаки на изразување емоции со зборови , ако не слуша некој ќе рече овие се во брак 30 години.
ова на мајтап Јас..Те сакам и се би направила за тебе Тој...јас тебе повише и знаеш дека јас сум тој се што паравам за нас ЈАс...е што си направил ти за мене Тој... Па гол влегувам да се бањам а ова друго Тој... јас сум како султан сулејман Јас...(си мислам демек ке реце ја имам мојата хурем покрај мене) тој...имам еден куп миленички и еден куп вакви заебанции што мене ме вагаат од такт
Предходниот ден беше цел ден тмурен, тажен... Јас- Злато бе што ти е, што си ваков? Тој - Абе ништо посебно, на лева нога сум станат... Наредниот ден требаше да одиме некаде и се чекаме. Го гледам од далеку цел насмеан Јас- Опааа денес гледам на десна нога си станал.. Тој- Не, грешиш Јас- Епа Тој- На средна И една таква слатка будала насмевка... Ќе го изедев
Тема ГоТ. Бла,бла,бла... Јас - Замисли како Калиси да си чуваш змејови. Тој - Јас знам како е, те чував тебе. Епа тоа...
Пред 4 дена... Идеме накај автобуска (ме испракаше накај дома) и сеа му ѕвони телефонот и вика добро ајде доагам. Треба да иде да земе телефон и сеа ни ми се оди дома ни ми се седи. Тука луге еден куп имаше и се гушкаме без прекин. (нез зошто ама не можам да го пуштам) Го почуствував како целиот се припи до мене И го прашувам (онака секси) јас срам ти е?? тој да јас да тој да јас зошто?? од кого ?? тој....... и ме гушка поише јас ти педофил да не си?? тој се трга од мене и ме гледаааа и само прави ц ц ц лудаа отка4ена и се смееме и двајцата и повторно си дремевме гушнати пред зграда и некако се одвојвме (се 4уствувам како таму да сум врзана)