Со бивш бр.1 или И: Јас: Слушај И сакам да ти кажам нешто, јас се глупирам многу кога сум со тебе ама тоа е заради тебе, оти си ти таков, да беше ти поинаков и јас ќе бев поинаква со тебе, а вака... Тој: вака јас за никаде и ти за никаде...погодени сме Друго: Тој малку поднапиен, а јас демек се нервирам. Јас: Дојди, дојди да се видиш во огледало!!! Се тргам од пред огледало за да може тој да се види. Се гледа и се смее. Тој: Дојди ти види се на што личиш. (се смее) Јас се топам и одам пред огледало со цел да се уфилмам и да му кажам дека сум најубава. Се гледаме двата некое време и во исто време јас велам „Најубава сум.“ (што никогаш не ми се случило да речам), исто и тој вели „Најубав сум“. Ме крева во раце, двата се смееме и се бакнуваме. Бивш бр.2. Сега пред неколку дена. Инаку останавме во добри односи и скоро никој не знае дека имало нешто меѓу нас. Не сме блиски,но...испадна дека ми е еден од најблиските другари што ми мислат добро. ЈАС: Д сакам да те прашам нешто, но не знам дали е во ред... Тој: Прашај се што сакаш... Јас: Ама не е обично прашање, туку ми треба совет... Тој: Знам дека не е обично прашање, ако беше обично немаше да прашуваш дали можи и дали треба. Знам дека ти треба совет во врска со него, сакам да знаеш едно: јас тебе те почитувам премногу, а тоа е повеќе од доволно за да бидам тука за тебе секогаш и да можиш да ме прашаш што сакаш, да бидиш слободна и отворена. Го прашав...ми одговори и ми ја спаси врската. Ми значи многу што ме почитува Сегашниот. На почетокот на врската. Тој: Никогаш во животот не сум се чуствувал вака, сакам стално да си со мене. Јас не реагирам, затоа што не сфатив ништо сериозно, само му се смешкам и го бакнувам. Тој: Нејтири одговори ми...Зошто молчиш? Јас: Што да одговорам? Тој: Дали и ти сакаш да бидиш со мене ЗАСЕКОГАШ? Јас: Да. Иако тогаш ми беше прерано и многу чудно, реков да за да не се навреди, сега од срце го чуствувам и го мислам тоа, иако нашето „засекогаш“ од тогаш милион пати било под знак прашалник. Друг разговор. Јас: Злато како си поминуваш? Тој: Знаеш што? Со тебе сум пресреќен, ми даваш поддршка и љубов, ми даваш се што ми е потребно за да бидам среќен и те сакам најмногу. Јас: А што имаше врска ова со моето прашање? Тој: Немаше, само сакав да ти кажам. Откако исклучивме ми прати уште поубава порака. Трет разговор. Кога прв пат ми рече те сакам, не ми кажа со зборови, туку ми напиша со прстот на стомакот. Од тогаш скоро секогаш кога ќе се видиме си пишуваме нешто. Јас: Пиши ми нешто слатко. Тој ми пишува „мармалад“. Јас: Немој да се зафркаваш со мене. Сериозна сум. Тој: Зошто? Што има лошо во мармаладот? Не јадиш мармалад? Јас јадам. Јас: Скарана. Тој: Добро, сврти се. Се вртам, а тој ми го пишува следното „Те сакам колку што го сакам Реал.“ (мислам дека нема нешто што сака повеќе од Реал Мадрид) Јас: Мислам дека ниту си ми кажал, ниту ќе ми кажиш нешто поубаво од ова. Вистина е? Тој: Вистина!
Јас: Ее да беше сеа до мене да те гушнев силно.. Тој: Абе заеби гушкање, да можев еднаш да те фатев силно за задникот Јас: Тој: Се зафркавам, сакам да бидеш до мене да те бакнам нежно и да те гушнам најсилно Јас: Мене ми е малце страв од ова, незнам како ќе испадне. Многу ретко ќе се гледаме, а јас многу те засакав... Тој: Абе душо не биди толкав песимист, ако се сакаме ќе издржиме. Јас: Да, ама до кога? Нема никаква иднина ова Тој: Се додека ме сакаш и не ме откачиш Јас: Никогаш! Те сакам и сакам стално да си со мене.. Тој: Абе ----- Па јас нели го сакам тоа? Немој вака сеа со вакви муабети ти се молам, знаеш дека почнува да ме боли Душа моја, ми недостига многу..
Тој: (ме фати за рака) Видете како треба да си ги држете девојќите. (поќажува кон еден школски) Јас: Школскиот: Така како што ти ја држиш ... ? Тој: Да! Спојлер Не сме во врска, ниту пак тогаш бевме.
Јас - Кога ќе играме баскет, знаеш од кога те молам? Тој - Ќе играме кога во нашата куќа ќе имаме кош во дворот. Јас - Ехехеее.. до тогаш... Тој - А ти тогаш ќе бидеш заштитно лице на Палома.. Јас - Зоштооо??? Тој - Епа така. Ќе губиш цело време и ќе си плачеш. Јас - Аха да мисли си. Ќе видиме тоа.
Овој е најемотивниот разговор кој сум го имала Тој: Сакаш ли да бидеш со мене ? (Ја потпира неговата глава на мојата ) Јас: Сакам но знаеш дека неможам..... Тој: Дали ме сакаш ? Јас:Да многу те сакам (се доближувавме пополека ме фати за половината) Тој: сакаш ли да те бакнам ? Јас: страв ми е :'( Тој: но овој пат те прашубам последно(ме. молеше 4 год ) Јас: несакам да биде последно <3 Тој само ме фати цврсто за раците и отиде (Од тогаш никогаш не го заборавив ) (првата љубов е најголема <3
Јас: Се плашам. Тој: Од што? Јас: Па имам слушано дека кога снаа и свекрва се караат машкото е на страната на мајката. Тој: Е сега ме изнервира. Јас: И уште нешто. Тој: Што е пак сега? Јас: Ке ти ги отрујам кокошките,петлите и прасињњата . Тој: Што? Јас: Сериозна сум. Тој:Зошто? Јас: Па сигурно не мислиш да ги ранам кокошките? Тој: Леле Теди аман веќе,глава ме боли....Како ти тоа ке го работиш? Јас: А што ако мајка ти ми рече. Тој: Кој ти ја полнел главата со глупости? Јас: Никој. Тој: Епа ќути...
Зборуваме на моб. прееска ....бла бла бла...и сега "важниов" муабет: Јас: Е чек малце 1 секунда.......ете....абе на трепкиве им стајв маскара. Тој (озбилен прашуват) : Како ги стај мор на скара? Јас си паднав од смеа хаххаххаххахах да е жив ме изнасмеа
(после излегување, тој малку запиен ) Јас: Ме нервираш! Се плашам да не те изгубам Тој: Слушни ме ваму што ќе ти кажам Јас: Што? Тој: Тебе не те оставам. Кога ќе дојде време да се женам, тебе ќе те земам за жена... друга не сакам, јасно? Јас:
Разговараме, разговараме и само: Тој: Хм, и како ме засака ти мене? Јас: Па, не знам те видов и се заљубив во тебе Тој: Ама, и јас тебе те засакав Душичка леле
на почетокот на врската.. 1. јас: зошто ме бараш секој ден? досаден си тој: па...па мислев во врска сме? не е очигледно дека може да те слушнам секој ден, бар на телефон? јас: дебилууу замараш. тој: јас само сакам секој ден да ти го слушнам гласот, зошо... јас: зошо? ( онака се дерам) ..молк и двајцата 15тина секунди тој: мислам дека се вљубив јас: ги знам јас ваквите. ( му заклопив) ..еден кризен период за нас 2. (се среќаваме) јас: Здраво! ..моолчи да завршам. ( молк и двајцата) Вака значи ова што ќе ти кажам треба да го прифатиме и двајцата на најдобар можен начин и несакам да ме мразиш после разговоров. тој: Не ми даде ни здраво да кажам. јас: мислам дека се е готово меѓу нас. неможам и неможам тој: ( ме гушна најсилно што можеше) ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТОВ. и конечно еден што никогаш нема да го заборавам, ПОЗИТИВЕН тој лежи во мене.. тој: лепотице моја, ќе ти ги изручкам обравчињата јас: абе што ти текна така да се глупираш сонценце едно неизгреано ( се засмеав) тој: знаеш.. некогаш си мислам т.е посакувам ќерка ми да има исти очиња исто носенце и иста устичка ко тебе. ќе си ја сакам најмногу на целиот свет. јас: (го бакнувам) а јас си мислам две машки. тој: машко и женско. (ме гушка) јас: многу јака тема зазборивме нема што хаха.. тој: (така тажно) што размислуваш? јас: што ако некогаш се разделиме? ги преколнуваме овие денови? што ако не се познаваме? тој: слушај ти ваму лепотице немирна. јас од тебе никогаш нема да се откажам, ниту ќе прифатам кога ти ќе се откажеш од мене. ќе бидеш моја само моја. јас ти и нашите деца. јас: ми звучи како нереална бајка тој: ајде тргај го тој тажен глас, и ќе ти кажам уште нешто. јас: м? ајде тој: те сакам до бесконечноста и ти ветувам ти си и ќе бидеш моја.
se karavme nesto so decko mi jas: ti vekje ne me sakas ti si budala ti nikogas ne si me sakal..... toj: poishe sakam koga me vikas idiot i sekogas kje te sakam i me bakna [mod-kirilica:2xlnuisn][/mod-kirilica:2xlnuisn]
Jas:Znaes kako se osekam jas sto ti sekoja vecer spies pokraj druga zena??? Tojoubavo cel zivot sam da spiev Jas: :'(
Јас: Имаш друга? Toj: Не Јас: Сакаш да имаш и друга? Тој: Да. Јас: Тогаш со нас е крај! Тој: Ама не мора да биде крај...Јас сакам и со тебе и со друга Јас: Ајде да бегаме. Ја запали колата и ме остави дома...Го бакнав за последно и почнав на плачам, без разлика дали ме поврди или не јас сепак го сакав но реков дека ке го заборавам Таман го заборавив после 1 месец ме молеше пак а јас од таа моја наивност отидов, се смувавме и тоа беше крај на се.
Баш пред еден саат беше кај мене и се каравме, се расправавме и како секогаш се изморивме, се смиривме и си легнавме. И така лежејки го прашувам: ЈАС: Ме сакаш? ТОЈ: Не ЈАС: Лажеш ТОј: Те сакам мори глупачко моја ЈАС: И јас те сакам глупчо мој И така си се гушнавме најсилно и Понекогаш ми се иде да го убијам како може да ме изнервира, понекогаш ми доаѓа да го изедам, изгледа тоа е љубов...
Јас : Мислам дека треба да прекинеме, ова не оди, џабе се трудиме и двајцата Тој : Неможе. Јас не те оставам тебе никогаш. Обекав дека никогаш нема да те пуштам од мене, и така и ке биде
Секогаш се лутам за се и сешто. Поголема лутка од мене немате сретнато. Пред некој ден се скаравме за глупост и тој ми рече кога ќе престанам да се лутам да му кажам. Седевме така оддалечени и ќутевме. По едно време дојдов до него и му се извинив дека сум се испонашала за глупост ме бакна во чело и ми рече имам нерви јас, цел живот ќе те трпам. Го прашав а зошто ме трпиш? И ме гушна и ми рече затоа што ми е убаво да те трпам, затоа што те сакам и затоа што никад нема да те оставам. Биди секад до мене. И се гушнавме и испушивме по една цигара.
Тој: Јас се плашам да ти кажам. Јас: Од што?! Тој: Од силината на зборовите, од нивното значение. Но, еве вака ќе кажам...Ти си девојка која не се сретнува два пати во еден живот. Јас: Не гледам потреба од страв...Но, добро. Тој: Не се плашам за себе. Сакам да имаш врска, да сакаш, да живееш. Јас: Јасно... Тој: Ние ќе сме си тајна, свиткана во шамивче...сокриена под пазуви. Ти си девојка, која ретко се сретнува. И нашето претчувство, не` донесе таму кај не` донесе. Јас: Не знам зашо ја започнавме темава. Тој: Па за промена, ете, тема за нас, не за мурто курто. Јас: Ај да одиме? Имам кнедла заглавена во грлото, не знам зашо така. Тој: Зашо си добра девојка, затоа кнедлата. Убав сон и одмор. Те обожувам, чао. Јас: Па-па. Спојлер Не, никогаш нема да го заборавам. И него, и дијалогов.
Ова е само еден од нашите одлепени разговори кој нема да го заборавам. Тој: Јас и ти ќе живееме како во бајка. Јас: А да? Сигурно ќе ти бидам Пепелашка, го знаеш вицот, ќе ти чистам, перам и пеглам и ќе си живеам како во бајка. Тој: Ти ќе бидеш мојата кралица, а не Пепелашка. Јас: А ти ќе бидеш мојот крал. Тој:
Нешто правевме муабет за факултетот,дали сме примени или не. Јас сеуште немав видено резултати. На различни факултети сме. Тој: Примена си . Ти честитам. ХХ си на листата. Јас: Како дозна? Тој: Па видов Јас: За мене?? Што ти текнало? Тој: (ми ја праќа пораката што му ја пратив ден пред уписите ) Се сеќаваш? Јас: Нормално... Тој : Епа како да не видам...најпрвин проверив за тебе а потоа за мене