Дијаспората добива гласачко право

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Madam-A, 11 февруари 2014.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.989
    Штотуку наидов на ваква статија -ИСЕЛЕНИЦИТЕ ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ БИРААТ ПРЕТСЕДАТЕЛ.
    Каков е вашиот став за тоа македонската дијаспора да има право на глас?

    Јас лично мислам дека тоа е сосем неправедно бидејќи не може некој да избира за иднината на земја во која не живее и доаѓа едвај еднаш на пет години :fubar: .





    Не сретнав ваква тема, доколку има нека се избрише оваа.
     
    На iRony му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.436
    И мене тоа прво ми падна на памет. Имам роднини во Австралија, и сега постарите си доаѓаат на 5 год еднаш, а децата нивни не дошле над 10 год. Не знам колку се меродавни да гласаат и одлучуваат, а и дали и во колкав број ќе се пријават да гласаат во амбасадите.
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.989
    Тоа со доаѓањето впрочем и нема никаква врска. Тие независно колку пати доаѓаат, доаѓаат на краток период и не може да го доловат животот овде ни пак неговиот одраз. Гласачкото право е граѓанско право кое треба да го уживаат само жителите на земјата во која се гласа и во која резултира исходот од изборите.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.436
    На тоа мислев, ретко доаѓаат и не ни ги знаат маките овдека. Немаат претстава како се живее затоа што во 5 год доаѓаат на 3 недели и нив им е убаво, имаат пари, само шетаат. Ама дали тие знаат кој кандидат е најдобар за претседател на Македонија?
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.989
    Јасно ми е на што мислеше. Се разбравме :) Горниот коментар го напишав како дополнување и на моето мислење зашто и јас сум спомнала тоа дека ретко доаѓаат, а всушност мислев на резултатот од тоа - незапознаетост со нашата живеачка ;)
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.246
    Многу се засекираа тие за овде, па сега уште да гласале. |(
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Пари перење работа е бре што му се плашете толку. Ги заболе дијаспорци да се маваат до амбасади оддалечен и со стотици километри, за гласање. Посебно што никој не не тера нас иселените, не може да не уценува со губење работно место и други бенефиции или подмитува за нашиот глас. Затоа ли не уценуваа за излез на граница за МК пасоши да си извадиме сите :^) аааа па мислиле со време, еве за гласањето ќе ни требаат. Дупка им во планот. :D
    Само не знам како ќе се правдаат после за без веза потрошена пара за од 200 до преку сила 600 гласа највеќе(на кој му е уз пат амбасадата тоа, и за да божем осети аир од мк пасошот ваден по брза постапка), а се кладам повеќе од толку гласа ќе нема. Ако има, уште сега ќе ви кажам, наместенка е :!: :wasntme:
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    Стварно што им е филмот со ова бре? Перење пари или расфрлање- не битно,подмитување на гласови -не битно.Кој за прецедател?-не битно! Барем за мене.Кој ќе иде на ова?-Никој,макар и до гз да му е амбасада.
    На последните избори(назнам какви беа-не битно) џабе јадев трици дека не трба да се расфрлуваат со плаќање на патните трошкови, и онака тие што си отидоа за да гласаат не гласаа.
    И сега џабе ќе јадеме трици,кој го слуша народот?
    Ако толку им беше битно на политичариве за нас,немаш да бевме распрскани по светот.
    СЕга па сакаат и да ги гласаме.Ај ќерата!
     
  9. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    Ништо страшно. Македонците надвор од РМ гласаа и на минатите парламентарни избори. Нема никаков проблем во тоа да им се дозволи да ја остварат својата обврска како граѓани на РМ. Има наши кои студираат и едуцираат по странство, работат или живеат. Зашто да не гласаат? Знам за многу нашинци во странство кои во периодот на избори кај нас (на последниве, парламентарни), беа фанатично расположени и многу добро организирани излегоа и го остварија правото на глас на предвидените места, иако на некои гласачките места им беа прилично далеку. Е сега, ако гледаме дека ДПМНЕ доби највеќе гласови од гласањето во дијаспората, а шансите годинава да има парламентарни избори со претседателските се 99,9%, јасно е кому и зашто му смета ова.

    Ова е твојот став, освен ако не си овластен претставник на сите дијаспорци и збориш во нивно име. Никој не те присилува да гласаш, како што ни мене, ни било кој (освен партиски вработените, нормално). Ако некој сака и смета дека треба, километражата во денешно време не е никаква пречка.

    Истото важи и за ова
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Гагинг ордер |( А кој тоа би се рачунал како овластен претставник на дијаспората? :^)

    Точно е дека има и такви што идат да гласаат. Еве гласаа на парламентарните избори, како на генерална проба нели. Од цел свет изгласаа 3 парламентарци со по 100-200 гласа, па и тогаш уште се чудеа на слабата излезеност. Да ме прашаа на време да им кажев да не се резилат :!: :D Ајде сега да им кажам барем. Изволте гласачкото тело од дијаспората. И ќе им се извинам јавно што сум ги навредила дека ги заболе за гласање оние што гласаа. Ама, затоа и реков, ќе има, ќе излезат и пак ќе гласаат, веројатно истите тие, што живеат во некоја си вукојебина, се чукаат во гради, знаме од два метра со Кутлеш сонце на зид во дневна (моето е дискретен привезок :$ ), од досада дремат на политички форуми, се караат со грци и бугари на Навалила Шарпланина по Јутуб и такви ствари, вени сечат за Македонија а не ја виделе години. А колкава е дијаспората што држи/вади македонски пасош, и со тоа има право да гласа(без разлика географската положба на гласачката кутија)? Не преброија ли конечно? Е, од тие значителен, па бааги поголем број, нема да им пречи што сум рекла во нивно име дека баш ги заболе да се акаат со километри за гласање. Кој од дијаспората сака да гласа и за Македонија ќе си дојде тој период да гласа, потребало му ова право, кога пак треба да патува и нема ајвар да си земе, нели? Шиптарите со чартер авиони ги донесоа за Македонија на прошлите избори.Еве, нека ги донесат и нашите кои сакаат да гласаат,прилично поевтино ќе е од ова! :!:
    Дали на некој му смета или не кој и од каде има право на гласање е друг муабет. Дали вреди да се потрошат 4 милиона, или колку беше прочитав за да се соберат едвај некоја стотка гласови е уствари бааги поарен муабет.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    А зошто помисли дека ни смета од таа гледна точка.Никогаш не сум била партиски определена а и не планирам да паѓам на такво ниво т.е потрчко.
    Поентата ми беше затоа што не го гледам ефектот од ова.Па ако сакаш ти како компетентна на ни разјасниш малку?Што фајде од ова,што фајде од ова расфрлање на пари,што фајде на ДПМНЕ од гласовите на дијаспората?
     
  12. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    Браво, сме научиле понекој дијаспорски збор. ;) Па и јас се прашував тоа, освен ако не вовеле некоја нова функција и ти ја доделиле тебе.

    Значи според тебе само оние нашинци што живеат во хациенди, палати, резиденции, во центрите на големите странски метрополи, кои посетуваат опера, изложби, концерти, театар и балет редовно, јадат кавијар, остриги и шампањско се тотално ИН во дијаспората и се вредни за почит? Знаеш, викаат сме имале одлив на мозоци, на паметни луѓе. Жал ми е што од таквите мозоци кои се одлеале таму далеку да читам вакви изјави. Секој човек е вреден за почит што ако е физички работник, живее во вукојебина, си ја сака нашата традиционална музика и е "сељак во душа". Сите отишле таму од мака, дали поодамна или последниве години и никој не треба да се осудува за тоа. Секој со свој избор.
    Шиптарите се друга приказна. Голем дел од нив имаат нелегален и недефиниран престој во странство и затоа и доаѓаат да гласаат овде.

    Тоа фајде се вика човеково право. Нормално нешто во секоја демократска држава. Се учи/учеше по предмет Демократија уште некаде во основно одделение. Читни си.
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Ти мајтап тераш сега? :^)
    Наречи ме глупа, уствари чекај, бидна тоа ;) , ама кој би земал ризик да седи илегално во друга земја од узур,се знае кој седи илегално, од зор, и да си тргне од таму без никаква гаранција за повторно да се врати, напротив, поголема гаранција повторно да не успее да се прошверца нема, ама ќе си дојде во МК за да гласа?!
    Ахам, да :wasntme:

    П.С. Интересно, како при цитирањето на моето мислење единствено го изостави делот за слабата излезеност на дијаспората за гласање на претходните парламентарни избори, а тоа е целата поента која ја укажав, индикација се тие избори, за џабе потрошена пара. Сепак, што е уште еден заем нели? |(
     
    На blackwave, Glasna, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    Дај ќе те замолам навистина да не „бистриш„ политика,народот е сит од вакви „ бистрења„.
    Уште ова право да е спроведено чумќим другото се е под конец.
    Btw јас мислам дека никој не им ги скрати правата на дијаспорците,кој се чуствува голем патриод може слободно да иде во мк и да си гласа.Тоа не е забрането нели?
    Ок за правото и јас би се согласила доколку се има можност,ама сега засега нашата државичка неможе да си го дозволи тоа.
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.599
    Со оглед на тоа што сум воопшто против двојни државјанства, како што може да се претпостави, не гледам никаква разумна потреба од гласање на дијасспората.

    Некој што живее илјадници километри од тука, и не дошол во Македонија со години, нема што да гласа и да одлучува за мене. Кој каде живее, таму нека си гласа. Ако до толку го боли за Македонија, нека се качи на авион и нека дојде. Или нека најде друг начин да го покаже тоа.

    Да не зборувам дека некој ова јако ќе го злоупотреби.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    Далеку од тоа дека те направив глупа. Само не ми се допаѓаше делот од постот кој го коментирав.
    За штрумфовите сега ќе ти кажам. Не ризикуваат сите илегалци туку избран дел од нив доаѓа назад во МК и носи куп пасоши со кои подоцна се оди на гласање од трети лица. Подоцна "странците" одработуваат-помагаат овие кои се вратиле во МК пак да се вратат во странство.
    Излезноста не е фактор според кој некому би му се дало или одзело право на глас. Во Македонија има селца со по 3 жители каде законски, мора да има иста организација како и на место со 3000 гласачи. Без разлика дали тие 3-ца жители ќе излезат да гласаат или не, местото мора да функционира од 07-19h. Никој не гарантира дека и на местото со 3000 жители ќе има и 1% излезност, ама тоа не значи дека не треба да им се скрати правото на глас на наредните избори.

    Чудно размислување. Не треба да се ставаат сите во еден кош. Има печалбари кои имаат фамилии овде, кои редовно се враќаат 1-2 пати годишно, сакаат своите да ги гледаат посреќни, позадоволни, да имаат подобар живот, подобра инфраструктура. И зашто еден студент да плаќа авион од Париз или Лондон до Скопје само за да гласа, кога тоа може да се направи и на полесен начин во тамошните амбасади.

     

    Прикачени фајлови:

    • denied.jpg
      denied.jpg
      Големина на фајлот:
      77,5 KB
      Прегледи:
      173
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Види сега, еве барем еден пример тука, јас, како не сум запознаена со работата на штрумфовите(јако), очигледно. Верувам дека има уште мал милион ствари со кои не сум запознаена. Весниците што ги читаме знаеме дека се цензуирани, знаеме тоа што сакаат да знаеме, и тоа што сами го наслушнеме по еве вакви портали. А се останато си го знаете вие Македонците кои живеете таму. Што е нормално. И вие што знаете за Икс држава, го дознавате исто така, не го живеете и осеќате на грб.

    И сега, како ќе сака некој јас да му одлучувам за шефот на државата во која живее? Тоа од едната страна. Од другата, уште полошо испаѓа за народот кој живее во Македонија тоа што јас дробам за потрошените пари. Дупло не е фер. Ем од џепот им се вади, ем друг да има право да им решава.
    Макар не знам стварно на што ги трошат парите, кога еве ништо не можам од инфо за пријавување да најдам на веб страната од амбасадата тука. Ни што документ бараат освен МК пасош, ни рок за пријавување, ни дата на гласање, ништо нема. :^)

    Најдов во еден весник, пишува дека имаат право да гласаат само тие со привремен престој. Документите се пополнета пријава, скениран македонски пасош, виза, зелена карта или странски пасош. Се зафркаваат или што? Ако имаш македонски пасош доволно е да те сметаат за привремено иселен? А тоа што си на списокот на иселени подолго од година дена, и странскиот пасош вика дека си стален граѓанин на другава држава се брои во тие 68 000 граѓани што држат мк пасош во странство?
    Весникот ме упати на страницата за Државна изборна комисија. Конечно најдев пријава за пополнување во која е објаснето вака.

    Член 2 точка 17

    „ “Државјани на Република Македонија на привремена работа или престој во странство“ , во смисла на овој закон, се државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, а на денот на изборите привремено престојуваат во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година согласно евиденцијата од надлежен орган“ (копирано од ДИК)

    Значи, сите, оти за МК пасош мораш да имаш МК адреса пријавена како последно живеалиште во републиката, се што се иселени и пред 20 години може, и пред една година, само оние надвор на 3 месечна виза не можат да гласаат а се всушност сегашни резидентни граѓани на МК.
     
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    ^ Е сега ме збуни.

    Треба да се гласа, ама да не може да гласа секој? Треба да се гласа ама да се подобрат техничко-организационите услови? Не треба да се гласа, зашто нашинците гурбетџии ги заболе за нас и нашата состојба и може да заокружат погрешно бројче? Не треба да се гласа зашто на нашите таму им е жал за нашите пари?

    Луѓе бре, па вие сте отишле надвор (долгорочно), сте виделе како функционираат нормални светови, нови искуства, економии, индустрии, системи, политики, институции, успешни приказни... Знаете да оцените што вреди, што не. Давањето глас е најмалку што можете да го направите за луѓето овде. Знаеме сите политиката е прљава и нечесна работа особено овде, ама верувајте на сите ќе им биде мило кога ќе знаат дека и на многу нашинци таму далеку им е грижа за обичните луѓе овде. Само со такви гестови ќе се сруши стереотипот за печалбарите кои се однесуваат потценувачки кон својот народ, заборавајќи дека и тие некогаш мизерувале ова парче земја.
     
  19. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Не ти ја сфаќам малку реченицава? Сакаш да кажеш дека ова ќе им смета на опозицијата? Јас не сум политички определена па мене ми смета ова. Подобро ќе беше да ја формулираш реченицата како - Јасно е кому и зашто му одговара ова!
    Според мене треба да им смета на сите граѓани на Република Македонија, што живеат во Македонија подобро кажано преживуваат, затоа што само тие треба да имаат гласачко право. Бидејки тие се оние кои треба да одлучуваат за иднината на државата во која живеат, ако за било која одлука доаѓаат и решаваат некои од надвор кои не се дел од начинот на живот во Република Македонија, ќе се множат проблемите.
    Не ме интересира колку многу ја сакаат својата татковина, родна земја или било што оние кои се иселиле пред 10, 20 и повеќе години, тоа не им дава право да дојдат и да одлучуваат за иднината на држава а не се дел од истата. Јас сум моментално на студии во странство, можеби ќе останам и подолго, и ќе бидам дел од истата таа дијаспора за која што говорам, и да имам право, нема да одам да гласам и да одлучувам за општество, а не сум дел од истото. А тоа што имаат фамилии, и роднини во татковината па сакаат да помогнат со гласање е уште по мизерна причина. Нивните фамилии и роднини се оние кои што треба да излезат на гласање, бидејки знаеме колку се поразителни процентите на граѓани кои го користат правото на глас..

    Обичните луѓе? Те молам кажи ми дека од кога го прочита ова сфати колку навредливо звучи за "обичните" граѓани. Таквиот стереотип нема да се смени ако секој што избегал од ова парче земја за стално добие право на глас, туку напротив ќе се потенцира уште повеќе. Има милион други начини на кои дијаспората може да помогне на својата татковина, а гласање на избори не е еден од нив. Па после некој ќе рече за тоа има организирана Македонска дијаспора што како наводно придонесува за народот и за младите во државата, ама од личности кои на прва рака ја искусија нивната манифестација во Палас, минатото лето, знам дека не е ништо повеќе од партиска парада.

    Незнам повеќе што да искоментирам на оваа тема, ама вакво очајно собирање на гласови е смешно и поразително за една држава, без разлика која партија ќе има бенефиции од ваквите одлуки.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Не се збунувај. Не треба да гласа дијаспората оти врска си нема од животот во МК, и стојам до тоа дека мнозинството ги заболе да се акаат за гласање, а не дека ги заболе за вас и вашата состојба. Нема да ви помогнат сигурно ако гласаат „слепи„, како што реков погоре. Се виде заинтересираноста порано и упорно пак вртат сучат од надвор гласови ќе бараат. Јас нема да гласам, само се интересирам. Ако веќе се гласа зошто еве некој што е тука 20 години има право, а оној што се нашол два месеца тука и добро си ја знае државната политика не може да гласа? А пак кога еве организираат кога одлучиле веќе, и како го организираат? Никакви информации нема на владиното ни претставништво. Барем ако веќе прават нешто да не се резилат и трошат народни пари без виделина на што ги трошат. А да, мене ми е жал дека трошат народни пари од узур(од свои причини оти знам многу на што би ги порадо потрошиле).
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.