1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дијаспората добива гласачко право

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Madam-A, 11 февруари 2014.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Немам намера да се акам 700 км за да гласам. Ама и тие што цел ден кафиња пијат по амбасадите и ги нема слушалка да кренат цела недела мора да си ги оправдаат платите.
     
  2. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Не знам зошто некој од нив би гласал искрено.
    Мислам, веројтно би гласал оти нели сега државата му дава право,ама суштински зошто????
    Јас на пример гласам за градоначалник кој треба да ми ја реконструира улицата и тротоарот(ако може да се нарече тротоар) зашто две коли испосокршив,да ми реши проблем со паркинг зашто веке и негативни поени нема кај да пишам,и еден куп др.глупости за кои си губам живци цел ден.Ми треба министер за здравство кој ке го среди хаосот,а не после едно одење у клинички цел месец трауми да имам,министер за животна средина да поживее малку со мене и секое изгрејсонце заедно да си ги гледаме чадовините и куп др.глупости и проблеми во секојдневието.
    Од кои искрени причини пак тие би гласале?Зашто гледаат МТВ на сателитска?Колку што знам јас кои проблеми тие ги имаат тие,толку и тие,како рекле сто стапа на туѓ грб не болат.
    За право,право им е,не е спорно,ама етички со фалинка е .
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005

    Точно е дека има нашинци кои планираат да се вратат овде. Но нели не оди едни да гласаат, едни да не гласаат. Тие што се на определено време некаде в туѓина си го пропуштаат своето граѓанско право ради оние кои се очекува нереално да гласаат и не планираат да се вратат. Не е во ред да се прави поделба на дијаспората и кога веќе не е ни направена тогаш навистина нема логика да гласаат и овие со избледени македонски корени кои едвај 2пати се вратиле дома после заминувањето. Сепак и без студентите и печалбарите мислам дека ќе се одржат изборите :angel: .
    Ако би имало некаков разумен компромис да гласаат овие што си ги издвоил во вториов горенаведен цитат, онда ДА. Ок нека гласаат, ама овие дедовциве што се `удираат` во гради за Македонија и на кои не им е јасно дека и ние имаме овде телевизори во боја - НЕ!
     
  4. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Јас не сум за да гласаат Македонците во дијаспората. Тоа ти е исто како да си на патување во тој период за гласање, сигурно нема ливче да ти пратат да гласаш. Ако им е толку убаво тука и сакаат да гласаат и се големи патриоти, слободно нека се вратат, а не си седат таму а да одлучуваат тука за нас. :)
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Ако гласаат само за претседател на државата, тогаш е во ред... тоа му доаѓа како некој симболичен претставник на сите македонци ширум светот. Но ако гласаат за влада и парламент :x тоа не го одобрувам бидејќи отвара можност за штетно мешање во секојдневието на луѓето кои живеат во Македонија од страна на луѓе кои иако македонци, нема да ги чувствуваат евентуалните штетни последици во земјите каде што живеат (на пр. Австралија, Нов Зеланд, Германија и тн.).
    Замислете да изгласаат влада која ќе се залага за укинување на бесплатно здравство со образложение па што ќе им е, оти демек еве и кај нас во САД здравството не е бесплатно. :fubar:
     
    На nadja.d му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Извинете што се мешам како помала членка, ама кога го прочитав мислењево, се запрепастив! :o
    Не е точно дека пијат по цел ден кафиња, барем не тука во Виена. Мајка ми работи во амбасадава и е заменик амбасадор и се гази по цел ден од работа, исто како и секретарката и конзуларката (или како и да се вика :$ ). Со мајка ми на раат не можам да се видам поради избориве! Татко ми и сестра ми отидоа во Скопје, а мајка ми е од 8:30 до 19:30 часот до 7. март (мора да биде таму, за ако дојде некој да се пријави за да гласа, да го најде во компјутер и сл.) е во амбасадата и кога си доаѓа е мртва уморна и јас сум по цел ден сама. Плус масовно почнаа да враќаат луѓе од амбасадиве и целата работа останува на тие тројца во амбасадата, ама амбасадорот не го бројам, зошто тој си ужива и цел ден е по приеми и си доаѓа во 12:00 на работа, а си оди во 15:00.
    Се извинувам уште еднаш што сметам! Поздрав :)
     
    На daylight и cecilia им се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Малку одам оф топик...ама Кајли нема што да се извинуваш.
    Иако немаш право на глас, кога имаш нешто поврзано со темата или некој коментар можеш да си кажеш :) Па крај краева, еве испадна поупатена во некаква ситуација и ни посочи поинаква слика нам кои не знаеме како оди тоа по амбасадите. ;)
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Не знам зашто ама поракава не ми личи на мислење од интелектуалец кој отишол да се образува во странство и да собира нови спознавања и искуства од европските напредни демократии. Повеќе ми личи на студент отиден во некоја од балканскиве земји да го студира "многу популарниот" менаџмент со "напорно" добиена стипендија. Ако не сум во право, извини. Тогаш нешто друго е во прашање.
    Ништо не е навредливо во мојата цитирана порака. Очигледно не си ја разбрала.

    Кога беа изборите во САД во 2012 год. студент од САД, дојдена во врска со еден проект овде ме замоли да ја однесам во американската амбасада за да гласа. Девојката си имаше претходно подготвен коверт со материјали за гласање симнати од интернет. Отидовме, го предаде ковертот и си го изврши она што и го дозволува државата-да гласа без разлика каде и да е во светот и без разлика дали таа нема или ќе се врати да живее во САД.

    Нема што да се дискутира повеќе. Многу не прават разлика помеѓу основно човеково право гарантирано со устав или друг документ (секој има право да избира и да биде избран) и со право на свој личен избор (секој сам одлучува дали ќе гласа).
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Ама какви “обични“ луѓе,каква грижа на нас?
    Да се разбереме ,90% од “нашинците“ таму се гастербајтери кои отишле по корка леб,патем работат се и сешто,умствено,интелектуално и етички неухранети,ниту весник прочитале,ниту на кино или театар векот биле(а на 200м од нив имаат грандиозни сали).Сите пари ги даваат за лето да си дојдат со нов Мерцедес,а културата во нивниот град не си ј знаат.Еден весник во месецот не си купиле.За останатите 10%,не се однесува коментарот.

    Јас,можеби живеам тука,но сум високо образувана, уште се надоградувам,уживам во животот,го пијам утринското кафе на раат со весник во рака и верувајте знам многу повеке и за нивниот град отколку тие за мојот.Имам прекрасна градина,а не живеам во кутивка.Можеби плата не ми е висока колку нивната,но сепак не ми е лошо.
    И не ,јас не сум “обичен “ човек за нив.Јас сум на далеку поголемо ниво,а нивниот придонес и никогаш ниту ми бил потребен,а искрено до сега во оваа држава не сум приметила нешто многу такви придонеси...
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.775
    Мислам дека дискусијата не е насочена кон тоа ДАЛИ тие имаат право да гласаат, туку КАДЕ ние сметаме дека треба да си го остварат правото на глас. Имаат право на личен избор и ако Македонија им е толку важна, ќе дојдат да гласаат.

    Правото на глас е поврзано со државјанството. Според мене, секој треба да има по едно државјанство и да гласа на едно место. Ако гласањето му е толку важно, може да отиде да гласа во матичната земја. Што би значело дека нема државјанство од земјата во која се наоѓа.
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Има иселеници и иселеници. Се зависи од човекот.

    Но, како може некој кој 10 години не дошол во Мкд да гласа ???
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас упорно си се ставам за пример :)
    Еве, иселена комај 15 години. Што се вика созреав во друга држава оти ептен млада излегов од Македонија. Си доаѓам редовно, оти не сум му на Господ зад грбот отидена. И се нтересирам, не е дека не се интересирам, ама времето кое го поминувам во интерес е помало од она што ме интересира како работите се одвиваат тука каде што сум. Имам право на глас и гласам тука, за оваа влада, која за да гласам ќе обеќа дека инфлацијата ќе ја држи под контрола, нема да крати повеќе од платите, ќе се намали времето на чекање да видиш специјалист доктор, ќе стави капак на колку горивото, плинот, струјата може да поскапи најмногу. Работи од кои ми зависи комфортот на моето живење тука.

    Искрено, во последно време повеќе сум во тек со што се дешава во Македонија. Повеќе се интересирам и дознавам. Може оти имам повеќе узурно време :D ама додека се навикнував тука, интегрирање, учење, една работа, друга работа, средување секаква документација, повеќе учење, уште повеќе работа, мислам беше 2004 или 2005, кога најискрено прашав друга македонка тука со тие зборови - а кој е сега премиер на Македонија? И тогаш си доаѓав редовно за МК и држев пасош, имав право да гласам, и сега кога знаете колку ми сечела лејкава од македонска политика, треба да ми дозволи државата да гласам или да ме протера за предавство :wasntme:
     
    На tessie, Hipster и danielka0507 им се допаѓа ова.
  13. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Во провладините медиуми (Сител на Латас и Ивона, Канал 5 на пратеникот Борис Стојменов од Дпмне, Алфа и Првата програма која мора да ја плаќаме само ние од Македонија без за да ја гледаме), на нивните вести се презентира дека во Македонија е мед и млеко...Дека се е така убаво и дека ние сме први во свет по најмалку невработеност, најдобри во економија од сите европски земји, судството беспрекорно и правично, медиумите транспарентни итн итн... Тоа го гледа дијаспората и нормално кога ќе види дека Македонија е врвна водечка економска сила во светот ќе гласа за Груевски и неговите поданици...Големиот патриот пркоси во светот и не направи најдобри..и покрај сето тоа името не го дава ни за жива глава...
    Секоја чест на интернетот, па ете младите надвор од Македонија насекаде по светот можат да потчујат дека тука нешто не е во ред..
    Сум против дијаспората да гласа, заради тоа што не живее тука, не плаќа данок тука, не троши пари тука..Нема потреба да одлучува за сите нас кои останавме да живееме во Македонија и да се бориме со секојдневието кое не е ни приближно какао што вели Латас Криминалецот, туку напротив...
    За оние македонци кои се со привремен статус резидент во друга земја, треба да се изнајде некое чаре...

    Си се спасила Имелда...Јас го терам маж ми да бегаме од тука...Без разлика што можам да кажам дека финансиски сме добро ситуирани, овде нема живот...
     
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Што?? Да гласаат?? Тие немаат образ да гласаат!! Тие си го спасиле газот, па сега се дрзнуваат да одлучуваат за живеачката на тие што останале, апсурдно!! Како не им е срам?! Со кое лице?! Ај да беа ко албанците да одеа во странство да заработеа, па да се вратеа во Македонија и да инвестираат да отворат нови работни места и подобрат стандардот како што прават албанците во Албанија, ќе разберев. Ама вака како што идат само колку да се издуваат да се испуфкаат со парите по кафани по кафичи пред роднини и пријатели, поарно нека не гласаат. На цел Балкан се крчка, не дај боже да избувни нешто и тука , ќе дојдат и тие да се тепат?? Ќе дојдат и тие со роднините нивни дома да се тресат од страв да не им дојди некој дома и да ги претепа или убие оти извадиле партиски книшки оти тоа им била последна опција за да преживеат?? Повеќето или 50 години немат стапнато во Македонија уште соковници им праќаат од роднините мислат уште ко во Југославија е, другите одма во средно или на студии заминале во друга држава еден денар не зеле да заработат во Македонија, тие ќе ми гласале, ќе одредуваат дали утре ќе има народо да јади леб или не. Нека одат кај што заминале и нека не се мешаат во наша политика и онака нивните гласови ништо арно нема да донесат.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ова е сосема исправно и на место.

    А тоа што постојат двојни, тројни итн... државјанства не е предмет кој треба да се дискутира во избирачко право на дијаспората.
    Е сега можеби не е правилно распоредено одн.уредено гласањето, не би требало да има привремено и постојано иселени, туку секој кој се наоѓа во странство да може да си гласа. А исто така треба да уредат уште еден проблем. На пример, татко ми вози камион надвор од Македонија и може да се погоди дента за гласањето да биде на пат и кога ќе се врати гласањето ќе биде завршено. На таквите работници треба да им се дозволи да гласаат пред време, пред да заминат, бидејќи тие не одат заради забава и авантура, туку за да за заработат за живот и исто како и тие што се од дијаспората и овие работници имаат избирачко право кое им е гарантирано со Уставот.
    Значи многу е селектирано регулираното, не е сеопфатно.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.775
    Слично на имелда размислува и брат ми, кој не е тука веќе преку 10 години.

    За минатите избори се погоди да биде тука, ама не гласаше. Човекот не мислеше дека треба да одлучува за нас, кои сме останале тука, особено кога тој самиот решил да замине.
     
    На Gerbera, imelda и Paradox им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Уууу бејбиблонд, ама ги искара сега ... да му е страв на дијаспорец да гласа сега. :D
     
  18. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Ги прочитав мислењата на темава, мислам дека сте во право и едните и другите. Има логика во муабетите од двете страни. Искрено и ме замисливте. Јас сум во странство. Двојно државјанство немам. Имам само македонско и виза која ја продолжувам. Што ќе биде со мене во иднина не знам. Дали ова ми дава право на глас иако во моментов не сум таму? Од друга страна верена сум за странец. За некоја година ќе биде и свадба па ќе одлучувам за државјанство. Но затоа, потоа, нели? Врската ми е стабилна, постабилна здравје, ама не ми паѓа на памет да се мажам за државјанство па така ако недај боже :tmi: испадне некој проблем меѓу нас јас пак се потпирам само на македонското државјанство, затоа и велам затоа потоа. Треба да ја гледам моменталната ситуација, а таа е дека јас сум само македонски државјанин со привремена локација во странство.
    Цела фамилија ми е таму. Сестра, мајка, татко и иако јас се иселам трајно, викам дали не треба да проценам дали мојот глас би им донел нешто подобро нив?
    Сакав да кажам дека има случаи и како мојот, кои се кратко или привремено во странство исто како што има такви кои 50 години ни мисла не им прелетала во глава за Македонија. Но кој е тој што ќе не подели на иселеници со право или иселеници без право на глас?
    Комплицирана е ситуацијава, а во право сте и две страни.
    Ова е една од тие состојби каде нема исправно или неисправно. Што и да се одлучи јас само се надевам дека ќе биде за доброто на Македонија.

    Откако кажав како стојат работите, и кои ми се двоумењата, да кажам дека јас нема да гласам. Не затоа што ми е далеку амбасадата или немам време, туку затоа што не чувствувам дека сум доволно запознаена со програмите и кандидатите па да можам да одлучам за кого, а како што сакам на моите таму да им биде подобро во никој случај не сакам да носам одговорност ако придонесам да им биде полошо. Но тука веќе зборуваме за лична совест, која верувам многу од иселениците ја имаат.
     
  19. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Блонд леле како не заплаши сега ,од мака и страв следниот пат кога ќе си дојдам нема ќефски да си се расположам у некојa кафана :D
    Многу ограничено размислуваш,многу си огорчена а и троа позавидлива како што те читнав во постов.
    Не е работата дека ние се дразниме да не гласаме,туку не сакаме да бидеме одговорни за вашата иднина а тоа се два различни поима.
    Јас поправо би се откажала од моето право на глас,отколку да сноси мојот народ матрејални и други последици.Не е’ дека не не засега!Ова најискрено!
    Не се чуствувам компетентна да гласам,повеќе од деценија ја имам напуштено државата. Мислам подобро би било за такви прашања да одлучуват тие што конкретно ги засега за добро на истите.
     
  20. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Прво, не разбирам кое е дискутабилното прашање на темава. Дали Македонија е во моментална состојба и има капацитет да одржи фер и демократски избори (надвор од Македонија!) или дали македонската дијаспора заслужува и треба да има право на глас.

    Во врска со тоа дали луѓето што живеат надвор од Македонија заслужуваат да имаат право на глас, мислам дека е многу смешно да кажете дека дијаспората не плаќа даноци, и затоа не треба да гласа! Кој се бори за признавање на Македонија во странство? Зошто се собираат 30.000 Македонци во Мелбурн на протест за признавање на Македонија? Зошто во Канада уште од 1990 година има протести да се признае Македонското малцинство во Грција/Албанија/Бугарија?
    Затоа што тие се многу лоши граѓани и предавници бидејќи се иселиле од Македонија? Тоа се луѓе кои од различни причини се одселиле во странство, дали на своја воља или биле протерани, кои на свој начин веруваат во својот народ и татковината, и да не им се даде право на глас е исто како да им се заврти грб и да им се каже дека не се повеќе Македонци, штом се одселиле тие се заборавени, закопани и покојни за останатите.
    Дали дијаспората била од помош за Македонија (за според некои, да си го заслужи правото на глас!), да повторам дека тие се единствените луѓе низ светот кои се борат за правата на Македонците во соседните територии. Ниедна влада на Македонија немала муда да каже ни ‘М’ од малцинските права на македонците, и поради тоа изгледа дека граѓаните на Македонија во странство се неактивни, т.е. немаат шанса да бидат активни по таа тема. За лобирање за името, за признавање на јазикот и народот, за ширење на историјата, афирмација на државата преку фестивали и слично, и морам да ја напоменам бројката од МИЛИЈАРДА долари годишно што се носат или праќаат во Македонија и директно или индиректно се полни државниот буџет.

    Пред да ја отворите устата за да направите споредба помеѓу албанската и македонската дијаспора, размислете на кој начин вие ги гледате своите сонародници во странство. И со кое лице зборувате за останатите, а не сте се погледнале себеси? За разлика од Македонскиот, Албанскиот народ не плука по својата дијаспора. И мое мислење е дека добар процент од народот во Македонија има фатено уплав од македонската дијаспора, гледано според нивните размислувања, изјави и реакции.
    Имено, како што споменав, секоја држава вклучувајќи ја и Македонија има корист од своите граѓани и својот народ во странство. И тврдам дека има луѓе на кои не би сакала да го напишам името (милијардери од Америка – сопственици на Little Caesar`s Pizza, Detroit Red Wings, Toronto Raptors, Air Canada Centre & многу други успешни бизниси) кои се заинтересирани и подготвени да и помогнат на својата татковина.
    А што прави народот во Македонија со тоа што им вика “Бегајте бе вие не живеете тука и не знаете како е, и нема да гласате затоа што си го спасивте газот и не знаете како е тука”. Како прво, никој не е должен да спасува туѓи газови, а ако ги слушне овие зборови, и да има желба да му помогне на својот народ – ќе му се одмили, и попрво би помогнал за гладните во Африка отколку во Македонија.

    Не велам дека секој еден ќе се врати и инвестира, ама и на тие неколку што сакаат – не им даваме основни права и тука е крајот на приказната.

    Од друга страна, моменталната состојба на буџетот во Македонија и организаторската способност за одржување на фер и демократски избори, поготово во странство, ми кажуваат дека не е баш сега поволен период и приоритет да и се овозможи гласачко право на дијаспората.
    Како што знаеме, во 2011 година македонската дијаспора доби право да избере 3ца пратеници во парламентот, и за патни трошоци, надоместоци на избирачките одбори, хотелски сместувања беа потрошени 49 милиони денари (околу 800.000 евра) + веќе одвоените 20 милиони денари (околу 325.000 евра), кои што Државната изборна комисија веќе ги предвиде во Финансискиот план за објавување на повик за гласање во најтиражните медиуми во државите каде што Македонија има конзуларни претставништва.
    И сигурна сум, дека овојпат сумата ќе се дуплира поради вториот изборен круг, според досегашните искуства, гласањето за татко на нацијата нема да заврши во еден круг.

    Потенцијални гласачи од дијаспората има околу 68.000, од кои во 2011 година само околу 5.000 го искористиле своето право на глас. Математиката вели дека 5.000 дијаспорски гласа сме ги платиле околу 1.000.000 евра, наспроти изборите во Македонија кои го испразнија буџетот за околу 2.500.000 евра.
    Тројцата преставници на Македонската дијаспора, седнаа во Парламентот по цена од еден милион евра!
    А нивниот мандат, вклучува шест патувања во текот на една година за посета на изборната единица од која се избрани, а државата им обезбедува и сместување, стан од 70 метри квадратни, доколку е без семејство, и стан до 100 метри квадратни доколку пратеникот е дојден со своето семејство.
    За патување, пратениците од дијаспората треба само да ги наведат местата и времето на посетата и за тоа добиваат покриени патни трошоци, дневница за службено патување во странство и останати патни трошоци. За останати патни трошоци Собранието им одобрува 500 евра, за кои тие мора да достават сметка.

    И згора на се, пратеникот *да не го именувам* присуствува на седниците, но ниту еднаш ја нема отворено муцката за да учествува во дискусиите. Но затоа, бил неколку пати во Австралија, и како што вели, патувањето е многу напорно, и го користи времето максимално за да контактира со своите гласачи.
    Пратеникот на Америка, реплицирал ДУРИ 4 пати во Парламентот, и не поставил ниту едно пратеничко прашање. Но и тој, неколку пати го искористил правото да патува до својата изборна единица.

    Моето мислење е дека секој Македонец што живее надвор од Македонија заслужува и треба да му биде дадено право на глас, а негово право е дали ќе го искористи и како. Но, за жал, Македонија нема финанскиски можности и капацитет да организира вакво нешто, и тоа е причината за целото фијаско во 2011 година.
    Огромен трошок – кој сеуште не можеме да си го дозволиме.
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.