Корто Малтезе, се што сретнувам од тебе секогаш е: 1.Ма скандал, ти навредуваш жено,како не ти е срам вештерке една, на клада!!! 2.Брдо контра (мислам зошто контра кога нема потреба зошто и немало никакви претходно)навреди завиткани во свилени ракавици, ама пак од некаде ѕирка она неубавото, прилично неџентлменско, не дека е важно да е такво, туку сакаш да го прикажеш па не ти успева. На кого да му привлечам внимание? Тоа ли е таа стратегија на твојата партија па што веднаш мојата реакција ја проценуваш како обид за привлекување на внимание? Твоето внимание никако, тебе лесно е човек да ти привлече внимание, доволно е да не биде за твојата или ниедна партија и тука си ти. Со самото тоа што се воодушевуваш на Северна Кореја...и при тоа зборуваш за парите за пропагандата, повеќе од јасно ми е кои се твоите ставови. А зборуваш за демократските права, така и жените во парламентот се аргумент... Јахај по брановите и фантазирај. Токму тој одговор го очекував за Утопија. Фантазијата е здрава, ама кога ќе стане болна опсесија да се наметне како жива вистина за сите е веќе нешто сосема друго.
Олади малку и погледни дека ти беше таа која направи обид за паметување со тоа што ме уфрли во скроз непотребен муабет. Вештерките кај мене не одат на клада, грешиш. Ги оставам мирно да си се вратат во нивната чоколадно-бисквитно-шеќерна куќичка. Нека привлекуваат и импресионираат мали дечиња со нивните зборови богато филувани и со чоколадно полнење, а кои не носат ништо добро, освен кариес. Грешиш и за навредите, не се навредите завиткани во свилени ракавици. Ракавиците се боксерски, а завиткани се во најскапа кожа, фина, мека. Знаат да упатат фер удар за поздрав, но и поинаков за нокдаун, но никако под појасот или после ударот на гонгот, како во твојот случај. Стратегијата на мојата партија е светлосни години далеку од онаа стратегија која ме води низ животов. Можеби стратегијата (не знам дали и ја има) на твојата партија е причината за твоја опсесија за омаловажување и сузбивање на личности со политичка определба спротивна на твојата. За Кореја пренесов вистинска случка. Не ми е ни малку важно твоето мислење за мојот став.
Е ова е дијаспора! http://a1on.mk/wordpress/archives/321650 ние може само у гради да се удираме и на зборови да се фалиме и очи да си вадиме....не не бива
Мене мислењата од типот дека иселениците не треба да гласаат ми се смешни затоа што се покажа до сега(со дневно политичките битки и обвинувања) дека всушност тие што имаат мнозински удел во гласањето до сега, константно гласаат и бираат грешно.
Епа од Романија не доаѓаат да кажат за менито за јадење, ама за оноа политичкото и те како доаѓаат од странство да го сервираат во Македонија.
Tie koi zhiveat nadvor, a se zainteresirani za izborni procesi vo dupkava, samite ne se normalni. Koga jas kje ja napushtam drzhavava moe oko nema da se svrti nazad nikogash, nitu so misli nema da naminuvam tuka, ne pa da go gubam skapocenoto vreme shto nikoj nema da mi go vrati na mk izbori. Bozhe moj.
Тие од дијаспора освен што знаат да кажат дека сме огорчени и опседнати со политика во Мк, и "MAKEDONIA VECHNA!", нешто саглам ќе кажат во животот? И јас дур пијам кафе у Виена или Прага нормално ќе кажам што се замарате со политика или "комуњари предавнички". Нека се вратат тука со мастер диплома да работат во магацин за минималец, и после нека ми продаваат патриотизам, Груевизам и преродби.
Makedonija vecna dae. Nikola carot makedonski nas junak nekae zif i zdraf da ja vodi drzafata uste mnogu godini junako nas. POZZ MAKEDONCI KAJ I DA STE ZA MNOGU GODINI SAMO NIKOLA JUNAKOT MOZE DA JA IZVADI NASATA ZEMJA NA PRAF PAT.POZZ. OD OSTRELIJA. Овие од ддијаспората не треба кур да ги боли што се дешава овде во пеколот кај нас. Ако толку им е жал, ако сакаат да гласаат тогаш што барале да си одат? Не треба да гласаат пошто не знаат како е тука, и воопшто нека не ги засега. Нека си бркаат работа
Да, треба да гласаат затоа што се законски даночни обврзници со својот имот во Македонија. Исто како и во мнозинството земји каде што важи правилото законско дека секој што поседува валидно државјанство без разлика на тоа каде се наоѓа во моментот( на привремен или постојан престој во странство), има право на глас. Колку за споредба, од кои и од какви мозочиња доаѓаат идеите и мислењата дека сите македонци не треба да имаат право на глас, следново... Исклучок од овие меѓународно признаени правни законски регулативи се Венецуела и Кина(можеби и некои други). Но таму кога ке емигрирате и добиете нов ке мора да се откажете од постоечкиот пасош, што не носи до фактот дека секој што поседува валиден пасош сепак треба да има право на глас. А, и таму нема зошто да се расправаат по тоа прашање(прашањето е решено затоа што се работи за владеење на тоталитарен комуњарски режим во државата). Браво за сите што мислите така, во погрешно време живеете и на погрешно место.
Не е лоша идејава. Само што за неа треба иницијативност и единство. Луѓе ќе се испокараат и со фамилија и со пријатели ради политика. Постои и група на луѓе кои се спремни да ја промовираат идејата за такво единство (зборам за чисто и искрено единство со цел добробит буквално на сите) и мислам дека истата треба да биде повеќе охрабрена. Постојат народи кои не ни имаат сопствена држава, но ги одржуваат врските со сонародниците во други земји и така имаат посилно лоби и влијание да ги менуваат нештата на подобро и се помоќни од некои народи кои се избориле за да имаат сопствена држава. Така што, не ми изгледа на потполно лоша идеја иако малце и го проширив тоа заедништво во одлучување да биде како некоја навика и да не се ограничува само на избори. И нормално, да бидат резултат на целосна информираност и заинтересираност за тоа како сонародниците живеат на другата страна, мада тоа би требало да доаѓа и со таа сложност и единство за кои зборев.
Според мене е апсурдно да гласа дијаспората.Еве од мене тргам-се интересирам и сум засегната за се што се случува во Мк но сметам дека немам право да одлучувам како ке живеат македонците,се додека овде кај шо сум плаќам данок и здравствено осигурување и некој друг ми ја мисли.Тоа е ко да им кажам дома на моите како да живеат а јас никако не придонесувам:/.Нека си изберат некој претставник и готово,не во цела политика да се мешаат коа не се директно засегнати.Испракале пари-па никој не ги тера,лесно е од страна да оправаш и на лето да тераш софри еден месец и да се сликаш со спомениците..