Сакам јас од сабајле бидејќи навечер користам нијацинамид и салицилна (на 3 дена ) иначе сува кожа имам , фала ти секако
pravilen redosled na koristenje na produkti za nega na chistenje na kozha, dnevna i nokjna rutina ? (mojava e kombinirana kozha)
Знам во темава има девојки кои се разбираат доста па ако може да ми кажете ред,распоред како да се користат козметичките производи. Пример наутро 1 мицеларна вода ( предлог за истата) 2 крема (предлог за истата) навечер иста постапка. Маска еднаш неделно. Дали ова е доволно?Дали треба да се додаде нешто плус и ако да -што? Кога читам членки по колку производи користат и која рутина ја имаат посебно оние со корејската козметика која ја користат сум ваква не е тоа за мене Инаку се работи за 37 год. комбинирана кожа сколна кон црнки, бубулици (не нон стоп, но се појавуваат да речам еднаш месечно). На нив ставам масло од чаено дрво Essi. Брчки немам, подочнаци не, но дали со оглед на годините треба да се започне со користење на нешто? Ќе ја тагнам @Biodevojka знам дека е доста стручна но секако секој одговор би бил добредојден.
Не сум и јас многу упатена и експерт на ова поле, периодов почнав да се занимавам и да читам за чистење на кожата ама можам да ти помогнам. Најпрво чистењето со мицеларна вода не е доволно, јас ја користам само навечер кога имам нанесено спф или шминка. За наутро почни со cleanser, тоник хидратантна крема и спф ако излегуваш надвор. После неколку недели можеш да додадеш и витамин Ц. За навечер мицеларна вода, cleanser, тоник, хидратантна крема. 2-3 пати во неделата можеш да правиш хемиски пилинг на лицето, побарај некој што е соодветен за твојата кожа. Откако ќе ти се навикне лицето на оваа рутина, применувај ја неколку недели можеш полека да додаваш серуми, ретиноиди итн...
Здраво драга, јас би ти препорачала следново Миење на лице со многу нежно средтсво јас повеќе од мицеларна би ти препорачала млеко за миење. Во последен период најдобро ми е со ваков вид на производ кој има улога два во еден измива и отстранува шминка. Слободно користи го наутро и навечер. После тоа може да ставиш крем за твојот тип на кожа. За наутро врз кремот СПФ, а навечер само крем. Со текот на времето сфатив дека помалку производи е подобро. Она што е најважно е да се нормализира кожата и да се помогне во нејзината функција. Може секако претходно и убав серум (пред кремот). Што се однесува до маски јас сум за, може слободно еднаш неделно. Што се однесува до пилинг никако повеќе од двапати месечно. Порано си признавам правев пилинг секоја недела, додека не прочитав една книга за козметологија каде јасно е истакнат фактот дека заштитниот филм на кожата не треба толку да се алтерира. Секако ова не значи да не се прави воопшто пилинг, туку да не се претерува. Кожата треба да се хидрира и нормализира, ова е најважно. Кожа која е добро хидрирана и која има одлична заштитна бариера сама успева да се регулира и функционира. Како анти ејџ превенција нема ништо пофункционално од масажа. Масажата ја подобрува правилната микроциркулација и на некој начин е анти ејџ бидејки кога функционира микроциркулацијата на некој начин кожата подобро ги прифаќа сите состојки кои ќе ги нанесеме. Едно нешто е важно да се запомне ние сме составени од кожа, мускули и крвни садови (ова е според негата на кожата секако) затоа за убава и здрава кожа, функционални производи без силикони и со убаво формулирана декларација и масажа и верувај кожата ќе ти биде благодарна. Затоа преку ден 1. млеко за миење, 2. хидратантен крем, 3. спф крем (само кога има сонце не секогаш) и толку Навечер 1. млеко за миење, 2. хидратантен крем, евентуално доколку сакаш може да додадеш и серум во секојдневната нега и маска еднаш неделно. Масирајте ја кожата секоја вечер кај мене на јутуб има видеа со инструкции за масажа, а најштијатна е онаа ро ролерот од зелен жад. Се надевам ти помогнав за било што слободно пиши.
Биодевојка јас всс многу ве следам и поддржувам, но сметам дека спф мора да се користи и кога нема сонце ..
Здраво драга ти благодарам и го почитувам твоето мислење. За да ја извршува својата функција спф кремот содржи заштитни филтри кои може да бидат хемиски или физички. Јас како што знаете сите поборник сум за физичките филтри наспроти хемискит. Велам дека има потреба само кога има сонце од проста причина што кога нема нанесување на производ кој содржи филтри (особено ако се хемики нема воопошто потреба). Кога велам само кога се изложуваш на сонце не мислам само на плажа секако, туку и кога се шета во град, на планина особено онаму каде има површини и кои ги рефлектираат сончевите зраци како на пример вода, песок, снег итн. Ама да ставиш крема со спф во јануари кога паѓа снег и воопшто нема сонце не сум за. Ова е секако мое мислење. Поздравче.
UVB зрачење е поинтензивно за време на летен период, ова зе однесува на изгореници или иритација и црвенила од сонце, дпбивање тен и слично. УВА зрачење, кое всушност е одговорно за стареење на кожата е присутно цела година, независно дали е јануари или јули. Ако паѓа снег не значи нема УВА, на скиење пример колку се осеќа сонце, а и да не се осеќа УВА е многу зезната работа и секогаш присутна. УВА пенетрира и низ облаци, се рефлектира во снег, мраз, така да теоријата дека не е потребен бо зима, не држи вода. Ако носите СПФ да спречите изгореници од сонце, носете само во лето. Ако носите со цел анти ејџ, потребен ви е цела година, секој ден. Сите имаме право на избор, никој ништо не мора.
Апсолутно се сложувам со тебе, затоа и нагласив. Секој што добро ја познава кожата, знае дека СПФ се носи цела година. Што би рекле : и да врне и да вее и бура да коси.
Ќе ве замолам дискусиите за креми со СПФ да продолжат тука, во соодветната тема. https://forum.femina.mk/threads/Креми-за-лице-со-заштитен-фактор-spf.30328/page-11#post-4956047
@Biodevojka одлично објаснето ти благодарам. Ќе можеш ли и предлози да ми дадеш за истите-млеко за миење, крема, спф крем, па и за сериум. Да потсетам комбинирана кожа. п.с. гледам за ком.кожа ја фалат таа кремата на конопка,па еве за другите работи ако може предлог.
Здраво драга секако. Вака сега како млеко за лице од она што досега го имм пробано може да ти препорачам две: 1. Оливал млеко за миење со смиљ кое е многу убаво и добро формулирано. Цената е околу 500 мкд. 2. Натура сиберика млеко за миење и отстранување за шминка исто така одлично избалансирано и многу нежно за кожата. Цена околу 500 мкд горе долу не се сеќавам добро. И двете ги имам користено и може да кажам дека се многу валидни најнапред како декларација а секако и како ефект вез кожата. Како серум последен кој го пробав и кој многу ми се допадна е оној на Tru Alchemy со ектоин. Оваа состојка пријатно ме изненади не сум ја користела досега во производите и не ја познавав доволно. Одлична е како заштита на кожата од ува зраците а со самото тоа го спречува и предвременото стареење на кожата предизвикано од сонцето . Како формула серумот е одлично избалансиран за среќа нема пропилен гликол во висок процент како многу други серуми и е доста хидратантен врз кожата. Јас ти го препорачувам оној со 2%. Пробај нешто од ова што ти препорачав секако и пиши ми за резултати и ефект врз кожата. Поздрав.
pocetnik sum vo nega na liceto, rutini i poznavenje. Imam kombinirana kozha i pred nekoe vreme pochnav da citam za se sto postoi vo svetov za nega na lice. Za mojava kozha posvetiv vreme za AHA kiselini, NO SAKAM DA ZNAM REDOSLED NA RUTINA za kombinirana kozha i proizvodi sto bi mi gi preporachale ! fala odnapred
Која е разликата помеѓу ролерите од разни камења, дали ја вршат истата функција ,конкретно за розевиот ме интересира тој го порачав, па викам да не погрешив
Драга дали розев кварц или зелен жад не е важно и двата се убави. Е сега од ајурведска гледна точка, разни камења имаат различна моќ врз организмот: зелениот жад има смирувачко дејство и дава хармоија, додека розевиот кварц е љубов. Јас и двата ги користам и во водата за пиење (ги земав од Рим како мали камења за во вода). Значи според мене не е важно што ќе одбереш, важно е само ролерот да биде направен од вистински камен односно да пишува 100% зелен жад или розев кварц. Има имитации кои се направени од пластика и немаат исто влијание како каменот секако. Исто така од срце ви препорачувам да избегнувате ролери со иглички...Не само што ја оштетуваат кожата (кога ќе ви речат црвенилото или евентуална крв на кожата е нормално знајте дека не е ). Секој инвазивен третман прави кожата да страда и ја ослабнува нејзината заштита. Така да како заклучок зелен или розев не е важно важно е да е 100% идентичен оригинален камен. Поздрав.
Читам веќе година дена наназад креми со spf препорачуваат и на зима. Ама искрено никогаш не разбрав зошто. Инаку да додадам на предлогот на биодевојка за ноќната нега освен млеко за миење и ноќна крема ви додала и рицинусово масло кое јас го ставам во пределот околу очите. Ја омекнува кожата и као демек помага во намалување на борите. Бидејќи е малку потешка структура се нанесува малку со тапкање и не секојдневно ама може еднаш на 2-3 дена.
Драга во врска со СПФ за зима јас ја следам италијанската школа за дерматологија и козметологија односно кога нема сонце нема потреба од СПФ. Секогаш кога се изложуваме на сонце па и зима секако обавезно СПФ, кога нема сонце ако сакаме да спречиме слободни радикали, предвремено стареење итн....АНТИОКСИДАНСИ!!! Витамин Ц, ектоин (кој не е класифициран како антиоксиданс, ама помага во одбрана на кожата од УВА), Филтрите особено хемиските може да бидат и штетни доколку ги нанесуваме во текот на целата година кога нема сонце. Значи лето и зима кога има сонце да, кога нема сонце нема потреба. Ти благодарам што го сподели твоето искуство со рицинусово масло. Те гушкам, Поздрав.