Не знам дали одговараат за тука ама вицевиве се за плавуши па... Две плавуши играат покер. После некое време едната вели: - Шах и мат! На тоа другата одговара: - Уф! Ова не ти е кошарка! *** Две плaвуши седеле на една клупа во паркот. До нив се приближува еден дечко и започнува разговор: - Добар ден - рекол - јас сум Петар, а вие? - Ние не. *** Разговараат две плавуши, возејќи автомобил: - Мажите шофери не ги познаваат сообраќајните правила. - Да! Види го овој напред, не го почитува ниту растојанието, вози точно пред нас. *** Зборуваат две плавуши: - Кети, знаеш ли зошто рибите молчат? - ??? - Пикни ја главата во аквариум и пробај да кажеш нешто! *** Плавуша вика од бањата: - Мили дај ми шампон! - До кадата има полно шампони! - Да, но на нив пишува “за сува коса”, а мојата веќе ја намокрив. *** Три плавуши влегле во продавница и здогледале една чудна направа. Го прашале продавачот што е тоа. - Тоа е детектор за откривање на лаги. Ако излажете нешто тој испушта звук: т-т-т-т..., Плавушите решиле да го испробаат. Првата рекла: - Три дена не сум јадела. Детекторот: т-т-т-т..., Втората рекла: - Јас сум на диета. - Детекторот: т-т-т-т..., Третата плавуша седнала и рекла: - Чекај да размислам. И се слушнало: т-т-т-т... *** Што си мисли плавуша кога ќе роди близнаци? - Од кого ли е второто? *** Плавуша седи во бар. Шанкерот се чуди како да започне разговор. Гледа дека чашата и е празна и ја прашува: - Извинете, чашата ви е празна, секате ли уште една? Плавушата го погледнала зачудено и рекла: - За што ми се две празни чаши? *** Со една плавуша многу се шегувале дека е глупа и таа решила да си ја бојадиса косата црна. Еден ден се возела со автомобилот и видела стадо овци. Застанала и му рекла на овчарот: - Ако погодам точно колку овци има во стадото, ќе ми дадеш да си изберам една овца. Овчарот се согласил. Таа рекла без размислување: - 54! Овчарот се изненадил од точниот одговор. Плавушата рекла: - Си го бирам тоа разиграното јагненце. Го зела и го однела во автомобилот. Овчарот ја погледнал и рекол: - Ако ја погодам вистинската боја на твојата коса, ќе ми го вратиш ли кучето?
Како плавуша решава крстозбор 1. Женско Име (5 букви) ИВОНА 2. Телефонски Повик (3 Букви) ЗВР 3. Види Слика (5 букви) ВИДОВ 4. Припадник На Полиција (8 букви) ДОБРОМИР 5. Вид Метал (4 букви) ПЛЕХ 6. Неопходен зачин (2 букви) ЦЕ 8, Дел Од Прибор За Јадење (3 букви) ЗАБ 9. Најмал Троцифрен Број (3 букви) 000 10. Основен Пијалок (4 букви) ПИВО 11. Болест Која Не Се Лекува (4 букви) СМРТ 12. Заедница на Маж и Жена (4 букви) СТАН 13. Ладно оружје (3 Букви) ТОП 14. Маж на Керката (3 букви) АЦЕ 15. Библиска Личност (3 букви) ПОП 16. Злато (2 букви ) ЗЛ 17. Кислород (1 буква) К 18. Вид Животни Со Кукичка (6 букви) КУЧИЊА 19. Брат На Жената (4 букви) МИТЕ 20. Град Во Италија (3 букви) ТРС
хехехе.. смешкиве за плавушиве се најјаки... иако нема врска дека се глупи.. планирам во 1ва или 2ра - кога ке ми дозволат да се исфарбам плава
Две плавуши разгледуваат фотографии. - Тоа е дедо ми на 11 години. - Ха! Не знаев дека човек може да стане дедо на 11 години. Две плавуши играат шах. - Кош! - извика едната - колку си глупава, тоа не е фудбал. Се шетаат две плавуши и едната вели: - види, мртов галеб. Другата плавуша погледнува кон небото и вели: - каде? Шеф и вели на плавуша: - исчисти го лифтот Плавушата: - На сите спратови?
Област во Кина- ЈАПАН Ситни пари на Сицилија- СИЦИЛИЈАНЧИЊА Множина од орган за слух- УВА Подземно животно- РУДАР
26 мај Денес имав сообраќајка. Влегов во кружен тек, ама влегов у шпиц ептен имаше коли. Не сакам да претерувам ама сигурно имаше едно 4 коли. И никако не можев да излезам. Кружев сигурно едно саат време. Мислам, почна да ми се врти од цело тоа кружење и на крај удрив во споменикот во средина на кружниот тек. Мислам дека мора да се ограничи возењето во кружен тек на мах. еден автомобил. леле ова на школо го 4итав се изнасмеав... максимум 1 автомобил хахахаха
Леле прв пат ја гледам темава Се изнасмеав.. Да не претерувам ама може имаше едно...4 коли Ве сакам сите
Хахахаха леле и вицовите и дневникот и крстозборот се лудница!! Се згазивме од смеење со сестра ми!! Стварно се топски