Не бе и јас не го почнувам денот без овошје, некои викаат не е добро на гладно, ама не можам поинаку. Едино со тие апетисаните да го направиш покалорично да биде. Некој друг ако има идеја нека каже
Порано и јас наутро прво станување цеден сок, но воопшто не е препорачливо на гладно овошје, ради шеќерот и го иритира желудникот особено ако се цитруси. По совет од ендокринлогот утрото се почнува со протеини. Сега сум на боледување но кога идев на работа од дома си варев едно јајце, носев јогуртче и чиа и таму си ги мешав. Бадеми и јатки си имав во фиока за меѓу оброците, а овошјето си го префрлив за после пауза околу 13 часот. Наутро знаев со вареното јајце и две кришки интегрален леб со крем сир или урда, а некад и со аргета паштета Овој начин на исхрана многу добро ми влијаеше, немав подуеност и енергија и ситост поголема. Само така се спасив од тестата и кифли секој ден што ги купував по пекарине околу работата.
Тортила со јајца јас последно само тоа јадам, некогаш плус и авокадо или песто или моцарела ептен вкусно доаѓа
@WhiteCat33 @BellaBibi шо ни е со јајцата? Јас кајгана скоро секое сабајле јадам, со доматче, маслинки
Почнавме дома по табла да зимаме. Оние по 10 во пакување , за два дена ги нема. Вака цела табла и раат глава Па сега и летоска со пиперче испржено, со доматче… оф оф оф
Najdov nacin zemav musli jogurt I'm dodavam leblebija suvo grojze I koga kako imam od ovosje obavezno kajsii jagodi bilo sto mi se naogja doma za da ne imam cystvo na vina deka e malku hahah ama iskreno ponajadena sum odkolku koga zemam nekoe testo od dukjanot duri ni posle 12 ne mi se jade a pojadokot e vo 9 za sekoj slucaj si nosam uste nesto ama ne
Аууу, ова морам утре да си направам хахаха. Конечно можам да јадам после долги мачнини. Ова утре се праи.
Овес, ленено семе, чиа, кајсии и јогурт. Секој втор ден ми е на мени оваа комбинација со тоа што го менувам овошјето.
Исто, се трудам нутритивно богати оброци да правам ама снемувам идеи. Се надевам дека вољата за добра храна ќе ме држи и понатака, еве што јадам деновиве. Доручек: грчки јогурт со домашна гранола и бобинки, омлет со зелена салата, проја со спанаќ, смути со грчки јогурт, боровница и ванила протеин, интегрален ѓеврек со крем сирење и патлиџан, тонус со хумус и варено јајце, вафли со овошје, американски палачинки со грчки јогурт. Ручек: Лосос со песто и брокула; Пилешко стир-фрај со морков, зелена боранија, пиперка, печурки; Паста салата(100гр сварени макарони, туна, краставица, патлиџан, маслинки, пиперка, каперси и дресинг од грчки со сенф); Телешко мелено со боранија и пармезан; Пилешко marry me(има рецепт на пинтрест) со ориз; Рижото со пилешко и зеленчук.
Не сум бремена ама уште си читкам низ темиве Бев премногу дисциплинирана и совесна трудница, не си кратев ама некако немав желба за нездрава храна… Доручек 2 јајца (око, варено, матено) + нешто млечно (сирење, урда, кашкавал, зденка, крем сир) + зеленчук (домат, краставица, млад кромид) и некое тостирсно црно лепче… Ручек класика манџа со мн салата, вечера нешто полајт како пудинг, гриз… Цеден сок, мн вода, млеко (млеко пакет земавме), јогурт, смути за ужинка претпладне… сега сум далеку од овој режим
Дали некој што има скриен шеќер има мени со исхрана ама баш мени.Мислам дека кога ќе е готово напишано полесно ќе ми е,освен јајца за доручек не знам што друго а страв ми е секој ден јајца.
Слободно јади јајца секој ден. По две наутро јадев и во бременост и пред бременост, заедно до урда, јогурт и една кришка дија леб. Нема подобар појадок за скриен шеќер. Го имав и јас затоа ти кажувам. Знаев да испржам во многу малку масло две кришки дија леб со парче овчо сирење и кисело млеко. Потоа потпечено лепче во рерна до путер, кашкавал и печурки. Мачкав хумус или путер од лешник исто за доручек и покисната чија со ленено семе и семки од тиква. Ете ти мени за цела недела
Зарем нема да направам белја со јајцата?Пред мене имам 3 месеци сеуште. Сирење и кисело млеко смее?Бидејќи млеко максимум прочитав 1 чаша на ден. Некако многу хаотично секој различно. Кој хумус го користиш?До сега не сум јадела бидејќи ми биле гадни.