Во Ремедика можеш д азакажеш кај кој доктор сакаш. Во секој колектив има и вакви и онакви ама затоа за парите што ги даваш можеш да избереш. Да си отидела кај Ефемовски, Бошковски, Јовановски, Хаџи Лега едноставно кога се јавуваш велиш сакам д азакажам преглед кај тој и тој лекар.
Сакам да одам за прв пат на гинеколог, иако сум сексуално активна долго време, ама никако да се решам ах таа психа!!! Ама морам веќе! Па разгледував гинеколози и се мислам многу. Сакам кај жена. Разгледував за таа Тања во Млинбалкан ама далеку ми е, на друг крај во Скопје живеам. А сакам некој каде со плав картон би идела. Па дали некој бил кај др Надица Ѓероска? Работи сега карши фонтана во Гинекологија Мама, а порано во Интермед била. Гледав на други форуми ја фалат многу. А и со картони работи.
Жената е страшно неспретна, добро што студирам медицина па и објаснив зашто сум дојдена и дека сакам пап и типизација, па морав и да и објаснувам зашто го правам тоа како и некои работи за хпв.Не знам кога специјализирала ама тоа ми беше прв и последен пат кај неа во ординација.Сега сум кај др. Тања Хаџиевска во поликлиниката Идадија каршши АМСМ, приватно е и работи со плави картони.Ти ја препорачувам
Јас пред да ја најдам мојата, се јавив кај уште две докторки да прашам колку е преглед. Кај Надица Ѓероска целосен преглед е 2500 значи исто колкку кај Оливера Арнаудова каде што одам јас, а за со картони не ја прашав д-р Надица колку е. Еве ти број можеш да ја прашаш, http://www.directorium.mk/firma/Ginekologija-MAMA.html После тоа се јавив кај Рушка Серафимовска, кај неа кошташе 2000 денари прегледот. http://zk.com.mk/%D0%9C%D0%B0%D0%BF%D0% ... 1%88/35840 Така да ако најдеш некоја со картони ќе поминеш поефтино, а иначе без картони под 2000 денари нема целосен преглед во Скопјево. Али се работи за здравје еднаш во годината ги даваш и мирна душа после.
Оваа работи со плави картони, на еден форум за жени мамички ептен ја фалат. Само прашав совет дали некој бил кај неа. Ти по случаен избор и јави или некој ти ја препорача? Знам дека се работи за здравје, затоа и гледам некој солиден да е гинеколог, ама и онака немам матичен, подобро е да си изберам, да одам со плави картони и бесплатен пап тест, него да дадам 2500 за истиот тест. Надица работи со плави картони, ќе ја контактирам веројатно деновиве. Фала Лакримоса сепак
Haha mnogu smesen covek,jas prvo se zeznav,otidov kaj nego i damla me udri))Stapce za pregled nikako,mikroskop uste pomalce,a za problemot samo usno))Pregledot zapocnuva so komentari kako ne cini drzavata ,kako ne davaat pari,skapo bilo ova ona,a za toa so ve maci nabrzinka neso ke kaze 100 na saat za nisto da ne go razberete))i od tamu,normalno otidov vo socijalno da se otkazam od nego
Д-р Надица Геровска е хит во последно време меѓу гинеколозите,па отидов и јас кај неа на преглед,се пријавив да ми биде матичен. Од нејзиниот настап сум задоволна,полека објаснува,одогвара на се што ке ја прашаш,па ако треба и ке ти нацрта.Посветува по половина час за секој пациент и си реков ,супер потрагата по одличен гинеколог заврши. И ја препорачав на колешка која само што затрудне,па отиде да се прегледа,да види што и како понатаму,и таа беше презадоволна. Но,кога отиде последен пат да види до кај е со бременоста,испадна дека докторката „заборавила“ да и напомене дека треба да направи некои важни тестови во 21 недела или која и да е,што се прават само тогаш,па девојчето се преплаши и отиде на еден куп испитувања во ремедика .отиде кај неа со резултати и кажа дека докторката многу ладно одговорила „па имаш некои проблеми со постелката“(како тоа ништо да не е).Девојкава сама си ги гледала резултатите,и прашала што се бактеријава тука што ја пишува,и таа и одговорила па ништо страшно ама јас не знам тоа,оди кај друг... Се запрепастив кога случнав за оваа нејзина незаинтересираност,и што е најважно нестручност. И друга пријателка се пожали,дека на пап-от имало цин 2 па одма ја пратила на биопсија во дрзавна,охрабрувајќи дека тоа е многу секојдневен зафат,и според убедувањата што ги кажува како сите да се тепаат на клиника да одат на биопсија (а ,нормално изгледа ги испраќа затоа што Горан Д и е генерациски пријател) Поделени мислења секогаш имало ,и ќе ги има,ама ете лично за мене кога си реков е фала богу се најде некој нормален лекар,сега пак се прашувам КАДЕ ДА ОДАМ?
a moze li da mi kazete kolku se pregledite vo sv.lazar? [mod-kirilica:30oo43no][/mod-kirilica:30oo43no]
Девојки ... закажав за денес во Ремедика, кај д-р Божидар Бошковски. Дали има некој одено кај него?? Каков пристап има? Ве молам ако некој бид да ми одговори.
Си требала втор пап да направиш. Сите мои другарки што направија ПАП излегоа со ЦИН 1, 2 и одма ласер , секако во кај нив. На една и текна да направи втор пап, во друга ординација, и оп.. нема ништо.. Само за пари!
леле неможам да верувам како може гинеколозиве да се такви. оп на пап тест цин1 и право ласер абе нормални ли се тие. девојќи освестете се, внимавајте кај кој одите и пред се од искуство ви кажувам дека ако пап тестот покажува кандида обично покажува и цин 1. цин 1 е промена на клетките и обично ако имате инфекција покажува и цин1 поради тоа што од едно место се зема брис. а и доколку навистина имате цин 1 треба да се внесува повеќе витамин ц во било каков облик или салата од два рендани моркови и цеден лимон. и пред се повторете си ги резултатите со второ мислење. и јас така имав кај милованова проблеми што се не ми наоѓаше али си ја сменив и сега дишам на раат. не дека немам кандида или било што меѓутоа терапија од вистински гинеколог и добра грижа се се решава. што според гинеколозиве ќе излезе секоја 2 ра девојка има цин 1 или 2. внимавајте
Бидна што бидна, во секој случај ќе побарам и второ мислење, бидејќи по третманот со ласер докторката ми наоѓа некави инфекции, ми препишува разни вагиналети и ми закажува прегледи секој месец овој месец сум пак на контрола, прво одам кај неа, а потоа кај друг гинеколог, да видам дали ќе се поклопат резултатите
Jaс ете се решив конечно да појдам на гинеколог. Кај др Надица Ѓероска во гинекологија Мама закажав за во понеделник. Многу ми е страв бе. Дека во последно време нешто ме боли стомак и јајници и сум исплашена Али среќа сум кај жена, па не чуствувам срам, само страв Жени ме интересираат 2 прашања. 1. Колку пред гинеколошки преглед не треба да се има сексуален однос? 2. Прочитав дека боли тој пап тест. Стварно?
Пред да одиш на гинеколог гледај да немаш 2 дена односи и пап тестот воопшто не боли, можеби е малку непријатен, ама болен не. Барем мене никогаш не ме болело, сепак зависи колку е стручна докторката. Со среќа и без страв и срам
Јас бев кај Д-р Ложанковски, и ви го препорачувам на сите. Многу ми беше срам кај машко, досега кај женско само сум била, али ви кажувам дека е исто! Човекот не се замара си ја врши работата, ти прави муабети се зафркава, не те плаши баш напротив ми правеше вагинално ехо и ми вика нема што да се плашиш "ти си една здрава и права девојка". Е сега ако имам цин 1 сфатив дека не е ни некој проблем, ке пијам витамински апчиња, повеќе овошје, зеленук, јогурт.... Стручен, добар, стварно е фин. Росонерка не боли воопшто,го мачка прво спекулумот за полесно да влезе. Само малку е непријатно дека ладно, ништо друго.
Мојот гинеколог е маж, ама воопшто не ми е непријатно кога одам кај него на преглед. И јас правев ПАП тест зошто имам нередовна менструација (сеуште). Мене ми рече 24 часа пред прегледот да немам сексуален однос, да не се мијам со сапуни, гелови за туширање и такви средства што содржат хемикалии. Не дека боли, ама малку е непријатен прегледот, зошто треба да ти земат брис од грлото на матката.
Јас одам кај Д-р Мирјана Мицевска во дијагностички центар, супер е докторката, не е некоја која се прави фина и мила,таа е малку дирекна но многу реална, максимално посветува внимание на се, никогаш не брза а и цените се ок, работи со сини картони, ( ова испадна како реклама ама јас не ја познавам докторкава сосема случајно ја најдов и многу сум задоволна).
Бев кај др Надица Ѓероска. Ехото е супер, немам проблем, сега пап тестот ќе видиме резултати, ми кажа за месец дена, каснеле многу. Не беше страшно, иако она железоно за пап тест језиво е мамата
И јас одам кај истава докторка и да ви казам дека има добар пристап дирекна е малку стого изгледа ама се објаснува и ти посветува внимание.Со сини картони преглед,пап и вагинално ехо е 1000 денари.Само вагинално ехо е 300 денари.Поздрав до сите.