Се надевам дека членката погоре мислеше на Спасеноски, бидејќи јас на него мислев За млад, па и не е толку млад, ама споредено со другите таму, млад е
Фала ви многу на одговорите, прегледите тој ми ги прави и сум задоволна многу од неговиот пристап. Не знам дали би можела да се договорам со него за пораѓај? Што мислите?
Да, во 9-ти сум. Кај него ми беше закажан првиот преглед во 36та недела, и од тогаш еднаш неделно сум кај него на цтг и ехо.
дали има некоја од вас број од др. станка димитрова од skopje polyclinic? слушнав поликлиниката ја затвориле а уште немам резултати од последниот преглед .. не е фер ме закрпија 1400 за ништо
Здраво, Јас исто бев во скопје поликлиник кај докторка станка со купон од групер и 3 месеци се уште немам резултат од ПАП тестот. клиниката е затворена и сега докторката работи кај Хистера (histera.mk) , баш денеска бев на преглед и ја прашав за резултатите од таму, ми кажа дека ке ги добие за скоро време од таму по што насатанале проблеми заради затворањето на клиниката. инаку повели број на докторката 070 275 040 Поздрав
На сите што имате можност на приватно да отидете ви го препорачувам Палчевски од Систина. Човечен и многу фин и нежен кога зема брисеви, пап и при ехо, а не како некои ќе те расчепат од што немаат поима.
Јас не ја знам докторката ниту клиниката, приватна е ? И ако може да ми кажеш цена на преглед. Благодарам
Па можеби е добра докторка, посебно за гледање на ехо, само зависи за што ти треба. Мене ми ја водеше бременоста и се беше супер се додека не се јавив да кажам дека имам поинаков исцедок. Терапија ми даде преку сестрата телефонски, а откако по два дена од разговорот се породив предвреме и го изгубив бебето ми рече дека она секогаш е тука за пациентите и дека во било кое време отворала ординација-што јас лично тоа не го искусив. Така да, одлучи си Стручна е, само мислам дека не е во ред ние да ги потсетуваме докторите што треба или не треба да направиме, провериме и слично. Ипак им даваш дебела пара...
Проверувајте ги докторите на форуми ако ништо друго, собирајте искуства. Едно мислење не е доволно за да заклучиш дали е добра. Инаку за здравствени купони на групер и за др. станка и ја бев загреана, ама после то го најдов ова: http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2950&stID=70273 и ми стана јасно шо е групер у суштина.
Жалам за непријатното искуство со неа јас не сум била кај неа. Собирам мислења од форумов. Во тој период кога се распрашував за докторкава поради болест ми беше паднат имунитетот и имав Кандида па сакав да појдам на целосен преглед, ама за жал и други споделија неубави искуства од неа (не толку лоши како твоето, ама неубави), па ја прешкртав од листа. Сепак кога плаќам барам да не се зафркаваат со дијагнози „можно е, ама не мора да значи...“ Ти благодарам што сподели искуство и ти посакувам многу среќа со следната бременост.
Нема на што А дали најде некој асален гинеколог зашто и јас сакам да сменам? Слушнав позитивни мислења за Снежана Органџиска Мајсторова ама се уште не знам кај кој да се решам...
женски да не знаете како се вика гиникологот во ѓорче и татко му што бил гиниколог и искуство со него?
Девојки, Ложанковски кај Лолита или Коруноски кај Снежана или Сузана (не сум сигурна за името) ? Сакам за матичен да земам и ехо да правам, која е цената дали знаете и која е подобра?