Здраво. Сакам да прашам дали знаете колку чини ехо преглед,вагинален преглед и пап тест кај гинеколог Сузана Костовска кај доктор Коруновски што работеше? Бидејќи сега прв пат ќе одам на преглед кај неа па отпрлика да знам. Благодарам однапред
Барам матичен гинеколог. Ми го препорачаа Филип Матевски од поликлиника Јане Сандански во Аеродром. Цел ден барам број од него, 200 пати ѕвонев и никој не ми крена прв пат идам и не знам што да правам.. Aj help
ако сакаш еве ти број јас одев порано кај него но не бев задоволна сега сум кај коруновски веќе 12 години и докторот е супер еве ти го бројот но незнам да не е сменет 02 2451 025
Тој број го најдов, никој не ми крева а Коруновски може матичен да ми биде? Ако да, те молам кажи ми кај се наоѓа и бројче од него
Коруновски се наоѓа позади кјуби осигурување кај амбулантата на мвр бројче 023222 123 има во неговата ординација уште двајца доктори сите се добри
Моја препорака за добар гинеколог е докторка Лолита Грковска, многу е професионална жената и објаснува се, дава одговор на секое прашање, посветува време на пациентот и тимот што е во соработка со нејзе е одличен и одговорен.Единствена мана е тоа што се чека околу недела или две за закажување на преглед и има многу пациенти.
Вагинален преглед чини 300 денари пап тест еднаш годишно 60 денари а микробиолошки брисеви еден чини 100 денари ја ссум многу задоволна и од него и од другите двајца доктори поздравче
На форумов сум нова, па ме интересира за Др. Александар Блажевски од Букурешт дали е добар гинеколог некоја нека сподели искуство. Слушнав дека бил добар па пред да се одлучам да ве прашам за мислење
Здраво девојки, некоја да ми препорача добар гинеколог од Штип или Кочани, што работи со фондот и да прима нови пациенти?
Јас еднаш , случајно бев во Штип бев трудна имав исцедок ме фати паника, и роднините ме однесоа кај Мицков. Многу ми се допадна човекот , за несреќа имав спонтан, ама многу убаво ми објасни кои анализи треба да ги направам. Му беше многу тешко да ми каже а и првпат ме гледа, ми се обраќаше со -дете. Еве нека каже и некоја друга.