Матичен во Систина не може се е приватно. А мене ми ја водеше бременоста но на приватно. Со Фонд само приватни матични гинеколози. Ремедика, Санте и Систина не работат со Фонд за жал.
Ќе ве замолам за искуства од др.Катерина Станкова. Не ми се битни парите, и на приватно би одела. Досегашната матична ми беше ок за рутински прегледи, но штом излегува некаков проблем, ни да објасни ни ништо, ко злато да и се зборовите. Сакам значи лице што е стручно и нема да му биде тешко да ме ислуша и да ми објасни што е проблемот.
Гинеколошки преглед со вагинално ехо и пап тест чини 2100ден. Сепак цените ги менуваат па слободно можеш да се јавиш на нивниот број (го има на нет) и да се информираш. Јас одам кај докторка Кристинка Пајакова, задоволна сум. Прашувај само се што сакаш да знаеш кога ќе појдеш и докторката ќе ти одговори. Стручни се и упатени. Услугата е супер... Јас ги препорачувам
Здраво. Препорачајте ми приватна клиника која што соработува со фондот и по можност би имала сопствена лабараторија. Се двоумам меѓу Неуромедика (имаат лабараторија,немаат гинеколог моментално) и Промедика ( немаат лабараторија ама не се доплаќа за прегледи). Може и некои други од овој тип на приватни. Сакам да сменам гинеколог, бидејќи овој сега ми е премногу скап. За тие пари бар на приватно да си одам .
. Од мое искуство, не ти ја препорачувам. Сестрата дава терапија по телефон. Докторката изгледа незаинтересирано. Види Черепналковска некои ја препорачуваат повеќе ( Промедика) , Ремедика, Систина....
Женски на форумов читав дека прегледите во ПЗУ Мама се многу скапи, меѓутоа коментарите беа релативно стари, да не има некоја на форумов да ми објасни подетално како наплаќа Героска бидејќи сакам да ми биде матичен гинеколог. Фала виии
Тоа значи тој еднаш годушно пап тест е бесплатен така? А за ехо или евентуално други прегледи колку се доплаќа?
Да пап е бесплатен,ти следува еднаш годишно. За ехо прегледи не знам,секој наплаќа различно. Ама треба да е нешто минимално. @mariz мислам е кај неа. Она ќе сподели најдобро од искуство.
300ден е ехо, пап е бесплатно еднаш во годината, а мислам дека е 500ден, јас до сега не сум платила за пап само тие 60ден некоја партиципација. Инаку има добра апаратура, има 4Д и ми го пушта бебчето секој пат на 4Д, она ми ги прави и скрининзите за во бременост и ми ги наплаќа 700ден некаде Едно време бев нервозна поради гужвите, ама ја сменила таа на шалтер што беше (нова има) некако поубаво работат сега, башка се во нова ординација префрлени, поголема малку од минатата Фина е Наде, јас еве терам сега втора бременост кај неа...
Јас одам кај неа, матична ми е. Не е скапа, и работи со фондот така да цените се минимални-нормални да кажам. Пример ПАП е околу 50-60 денари, јас заедно пап со се ехо, и брис ми зема 350-60 денари вкупно . Јави им се ќе ти кажат цени и се што те интересира. Јас сум задоволна сега за сега, само што многу се чека за резултати