150? Каде бе толку ефтино? Јас со плави картончиња 500. А и на други места сум слушнала тука некаде е. Ама 150 прв пат слушам А 1300 ден. сигурно е приватно!
Многу нормално дека приватно е. А за кај матичен со картони, не наплаќа таа во идадија. Само што типката нема вагинално ехо. Затоа си појдов на приватен, и одма видов огромна разлика. Почисто, поучтиво, не те гледа мрко и попреко. Плати па клати работава.
Ве молам да ми кажете,дали некој бил на преглед во Ремедика кај др.Елена Петрова и какво искуство имате,дали е добар гинеколог??
Елена Петрова е една од најдобрите гинеколози во Скопје. Топло ти ја препорачувам. Ја водеше бременоста на две мои братучетки и се' помина во најдобар ред. Беше во клиниката во Чаир, но сега се префрли во Ремедика. Имам само пофални зборови за неа. Секогаш е насмеана, одличен доктор, секогаш на располагање. Би отишла, иако се' уште се надевам дека ќе најдам асален гинеколог со моето плаво картонче.
фала ви многу,се надевам добро ке поминам и не грешам во изборот на овој гинеколог!!поздрав до сите!!
Јас со години одам кај Тасе Цветановски порано работеше во Идадија сега има приватно и работи со плави картони и презадоволна сум од докторот, а и доста пациенти има и доста се фалат од него, а ако некој оди кај него нека напише какво искуство има?
dali nekoja od vas bila vo MEDIKA PLUS, kaj dr. violeta ,mislam deka taka se vika?tamu 1350 kompleten pregled bil?
Здраво девојки, јас денес бев на преглед во Гинекомедика кај др.Силвана и не сум којзнае колку задоволна, за 15 мин.заврши со прегледот, ми правеше пап и колпосопија и ми кажа дека имам ХПВ па би требало да се отстрани ласерско за да можам понатаму да си пробувам за бебенце....така да тоа прв пат ми го има кажано гинеколог и јас пред 2 месеци бев кај мојата матична и беше се во ред и ништо не ми кажа за тој ХПВ Дали може некоја од вас која го има истиот случај да ми објасни подетално и дали мора да одам на тоа ласерско отстрануванје како што ми предложи докторката!
Oф леле во гинекомедика на сите такви дијагнози им поставуваат , најубаво да провериш кај друг Само за да ви ги земат парите. Не сум била јас ама беа мои другарки и на сите некои безвезни зарази им испонајдоа ужас, па отидоа на друг гинеколог и излезе дека се здрави и прави
Значи голема глупост сум направила што отидов во Гинекомедика, сега читам на форумов SEKOJA девојка што прв пат отишла таму и дијагностицирале HPV ILI цин1 или не знам друго што, значи како што кажуваш се е за пари денес, срамота, сепак се работи за здравјето на луѓето како можат да бидат овие докториве толку безчуствителни??? Сепак јас ќе си се решам на здрава храна и никаков ласер масер и глупости
Здраво Ферхунде Те молам дали може да ми дадеш тел број од Др Цветановски и кажи ми дали работи со плави картони. поздрав и однапред благодарам
Значи доказ ЗА ХПВ може д асепостави единствено со типизација и никако друкшие и некане вемота никој . Само типизација може 100 % да ви каже дали имате или немате ХПВ инфекција . На колпоскопија ина пап се гледаат промени на клетките едните нормално на стакленце а другите ин виво бидејќи колпоскопот зголемуваи со ови е два прегледа врз основцана промените може да се постави СОМНЕНИЕ за Хпв инфекцја а никако тоа не значи нешто конечно секое сомневање мора да се поткрепи со типизација . Јас не би правела никаков ласер без резултат од Пап и тоана резултаотт да има ЦИН2 и ХПв типизација на резултатот да има позитивна ифекција . Значи обавезно друг гинеколог да земе повторно пап и ако е сумњив да те прати на типизација . Тоа би напраила јас на твое место
Здраво Пепус Се сложувам дека треба да добие уште едно мислење од друг доктор, меѓутоа присуство на ХПВ се утврдува со ПАП тест. Со типизација се прави испитување за да се утврди типот на ХПВ (од постоечките, над 150 типа). Значи ако ПАП тестот е позитивен сигурно има ХПВ. А за тоа дали треба ласер или не нека се консултира и со друг доктор. Поздрав
15 ??? па ти си се задржала бајаги!!! она може и за 5 минути да ти дијагностицира ЦИН и да го види вирусот и терапија со ласер да ти одреди. немој да се глупираш. прочитај убаво по форуов ке видиш дека сите од таму излегле со таква дијагноза. каков ласер какви глупости. најди посаглам доктор!!!!!!
Да ви кажам право и не сум баш вознемирена читајќи ги текстовите на многумина девојки кои биле кај истата докторка така да што и да ми каже се исто ми е.....
По мене можно е и да немаш ХПВ, најубаво направи си уште еден пап кај друг доктор. Ако не ти се даваат пари за истава работа пак, оди после нова година. Нели како жени имаме 1 пап бесплатно годишно
Цаци мое личноискуство од 2008 год . Правам пап доаѓа позитивен за вирусна инфекција , после тоа правам типизација доаѓа негативна за ХПВ .Правам пак пап доаѓа нормален . Резултат : Првиот пап напраиле грешка во лабораторија . Папот е цитолошко испитување на тоа се гледаат клетки врз основа на промените на клетките они претпоставуваат дека има вирусна инфекција затоа што тие промени се должат само на вирусна инфекција ама мене ми се има ете слуено позитивен пап негативна типизација и после тоа негативен пап . Колпоскопија не правев