Прочитав Снежана и се стресов, добро е штом не зборите за „мојата“ Снежана. @Rubiii, јас ти ја препорачувам Снежана Органџиска-Мајсторова. Ќерка е на Органџиски и ординацијата се наоѓа во Скопје кај Кино Карпош. Јас навистина немам зборови за да ја опишам нејзината ангажираност и желба за соработка. „Лошото“ е што е приватна и не сум сигурна колку би се нафатила да ти биде матична со оглед на големиот број на пациентки кои веќе ги има. Можеш да закажеш и да се консултираш со неа ако си во можност, верувај одлична е и не жалам ниту денар.
@Rubiii, јас сум кај Снежана. Моето искуство со неа е позитивно и да, ме има искарано зошто сама свесно си бев крива за состојбата во која сум сега. Сега секој си ја знае својата приказна ама па не очекувам доктор да ме тапша по рамо зошто јас не можам да престанам да јадам тоа што не треба а притоа сама на себе си правам (многу!) лошо. Да не била бремена пациентката, може јас да сум била таа што ја „рибала“ во ординација (пак ќе речам, ептен заслужено ) Јас би ти кажала, оди и види се со жената, направи муабет, може ќе ти се допадне а друг гинеколог секогаш може да побараш
@Rubiii и јасќе се сложам со Мишела дека е предобра Органџиска и за консултација и за прегледи. Последниот пат кога прашував рече дека веќе не е матична. Мене ми беше прескапо кај нејзе, затоа се префрлив кај Бојчева, задоволна сум и од неа сега засега, ми остави добар прв впечаток.
И јас да се пријавам во тимот "Органџиска", докторката е прекрасна. Со години одам кај неа, ама само на приватно, не прима матични. Кој си нема некоја посебна мака може со било кој матичен доктор да си заврши работа, а кога се работи за специфични случаи вреди секој денар даден на неа.
Девојки Ве замолувам да ми кажете какво ви е искуството и мислењето за Д-р Емилија Јашовиќ-Сивеска од Битола? Каде е ординацијата, дали е можно да ми стане матичен гинеколог и како да стапам во контакт со неа? Ве чекам тука или во лп! Или предложете ми друг гинеколог
Значи не ми се верува,бев исто во Геникомедика во Битола,кај Силвана Божиновски,прв пат одам и ајде основен преглед ПАП,вагинално ехо и колпоскопија се на се во пакет нели 2 300 мислам беше,разговаравме,ми вели дечко ти шетал и по други? И те инф ницирал,имаш многу бело прање и гледам имаш раничка на грлото н матката,леле испаничив,и и велам добро што се прави тогаш? -Со ласер ќе ја отстраниме без галје Ми рече бидејќи ви се за хитно ќе ви се јавам јас и ќе ви ги прочитам,па ништо..и да...кога ми правеше ехо снимаше нешто,и на крај ми вели немам хартија ко ќе дојдеш нареден пат ќе ти го дадам и ехото. Ми даде 12 дена од 500 мг Флажил и да ги прекинам ко ќе ми дојде....и после циклус на контрола..и на крај најироничното и даде број кога сакам да и ѕвонам... Имав со последиот односи ,нормлано со кондом.Не ззнам,сакам да правам сега во Скопје некаде повторно преглед, читајќи ве вас тука. Препорака за некој добар приватен доктор...Секаде ќе појдам,Систина,Ремедика,Неуромедика нз веќе каде. Боже !!!
Имаше дискусија не знам во која тема баш за гинекомедика. Тоа го направиле на многу феминки само за пари. Обавезно второ мислење па и трето. Оди во Плодност во Битола не мислам дека ќе згрешиш кај било кој да одиш. Твоја си е одлуката каде ќе побараш второ мислење, ама да не им веруваш на овие за раничката така мислам јас
Јас кај Еклер одам задоволна сум од нејзе, а лошо искуство имаме од Евгенија ( сестрами ) така да... Мимоза некој ја фалат некој и од нејзе не се задоволни исто и од Еклер така некој се фалат некој не.. ЈАС ЛИЧНО ЗАДОВОЛНА СУМ ОД ЕКЛЕР МИ ИЗЛЕГЛА И ВО ПРЕСРЕТ И УБО МЕ ИМА И УПАТЕНО И СЕ
Во Плодност, па таму ако оди шо не ќе слушни за да и земат пари. Од здрава болна ќе ја направат. Барем моето искуство е такво
1000 Денари за пап тест на приватно да ти го однесат тие и резултатите тие си ги земаат и по 100 денари од брис 5 бриса 4 носам во микробиологија дури не бев бремена си плаќав таму 200 денари сега ич не земаат и едниот за кламидијата 500 денари си го носам сама на приватно и се на се ме фаќаше 2200 а сега пошто неплаќам микробиологија 2000
Ги чекам резултатите од ПАП-от и правец СК кај некоја здрава клиника,и затоа прашувам искуства,ако треба и на приватно ќе одам,се само да си го зачувам здравјето.
Систина-Гордана А-Клисароска, Ремедика-Татјана Гуржанова, ПЗУ Ина-Катерина Станкова, се се приватни и ако сакаш искусни жени-гинеколози. Битола во Плодност види, прашај во новата Систина кој е за овој проблем надлежен.
Фала,нз како не ми текна за Клисароска,па таа е прилепчанка плус ќерката нејзина учеше во соседниот клас,ајде ќе видиме.Ти благодарам уште еднаш !
Жената е феноменална, да од пп е по потекло, стручна, малку строга знае да е,ама реална,нема кај неа ранички-чуда ако не е така. Закажи ја одма на Систина ќе ти кажат кога има амбуланта.
Ми треба помош, за избор на гинеколок во Ремедика за оперативен зафат отстранување на полип на грлото на матката.А секако и искуство од некој што го поминал ова.
Не сум имала таков зафат но имам искуство со Јован Ефремов и Симонида Котларова прекрасни се и двајцата.
@informacija види со Димитров или Јовановски. За Органџиска за муабетење е прва лига и за кандида. За друго недај Боже Господ да ве чува. За матичен стара приказна, не сака да прима. Мене ме лажеше дека кога ќе се породи некоја ќе ме пише место неа Од суета што бев кај друг доктор зошто госпожата не крева ако не е на работа ( недостапна е иначе) , кога 2 пат бев бремена ја нападна докторката кај која бев -Рушка Ганеш, и не ја прифати нејзината терапија. сместа да се прекине па се случи тоа што се случи. А една фина шо да ви кажам. Си викаш wow, можно ли е