Добар гинеколог (по можност женско) во државна? Дали се чека многу и колку наплаќаат за комплет ехо пап брисеви?
За во државна треба матичниот да те испрати на преглед со упат. Брисеви таму не се земаат туку кај матичен. Ехо преглед е некоја си минимална сума, не повеќе од 100ден.
Бев кај матичната правев брисеви ама резултатите крај на октомри.. а ова не може да чека примав и терапија џабе.
микробиолшки брисеви ти зема или пап-тест правеше? брисевите секаде се готови за ден-два, пап-от се задржува повеќе, ако ти е итно нека ти земе пак и пратете го на приватно околу 1000-1200ден е.
Микробиолошки. Се работи за некоја инфекција. И јас знам дека резултатите брзо се готови а и не е нешто за чекање веќе стана хронична инфекцијата..
прашај во лабараторијата кај што си ги однела брисевите не би требало толку многу да чекаш за резултат
Zdr imam edno prasanje do vas dali moze nekoj da mi kaze koja e cenata na celosen ginekoloski pregled vo Sistina?
Некој гинеколог што се наоѓа во близина на хотел Русија во Аеродром? Ако знаете точно каде е и број, итно ми е.
За комплетен гинеколошки преглед во Систина ми ја наплатија следнава сума: 1. Цитодијагностика на размаски, ПАП размаски - 590 мкд.; 2. Земање брис и фиксирање ПАП - 1.350 мкд.; 3. Ехосонографски преглед на генитален тракт (ЕХО) - 2.200. ВКУПНО - 4.140 мкд.
Едно прашање...имам закажано утре преглед кај др. Бојчева, но вчера дознав дека ми го тргнале социјалното осигурување и денес бев да средам, но ми рекоа дека дури од понеделник ќе ме осигураат...во вакви околности прегледот сигурно нема да биде со плави картони, туку приватно па ме интересираше колку пари е ехото и пап тестот на приватно кај неа?
Не сум кај него но имам слушнато дека бил добар Има работено во Гинекологија Чаир Личоски му е презимето