Никола Личоски- Јане Сандански Само пофални зборови за него до сеа, за жена натаму нека пише друга ако има добро искуство.
Некаков коментар за Гинеколог Емилија Трајковска? Денес бев и сум многу разочарана од тамошната услуга. Чекав еден ипол час за еден упат да ми даде докторката. Во чекална е многу бучно и неорганизирано. Дури, тамошната помошничка си ги донесе и децата на работа, што е страшно непрофесионално. Пациентите одат кај докторката како на кафе. Влегуваат во десет излегуваат во дванаесет. Катастрофа. Прво бев кај Гинеколог Јасмина во Хром и од таму сум супер задоволна, арно ама ради далечината повеќе не можам да одам кај неа. Некој совет, критики?
Jaс сум кај Сузана Костовска во Гинековита и сум задоволна од докторката предходно бев кај Коруновски и не бев задоволна бидејќи не примети нешто а требаше да го види и затоа го изгубив бебето.
@April92 Вероника. @Nigredo Odor така и ќе биде таму. Докторката е муабетчика и освен преглед многу сака муабет да си прави. Еднаш бев со другарка да и правам друштво и се чудев на жените чекаат саат време за да оваа направи муабет. Крајно непрофесионални. Башка чекалната е премала. Докторката остава фин впечаток, ако си спремна да чекаш оди.
Има некоја што гинекологот НЕ и наплаќа за ехо? Каде да закажам и да не треба да се карам таму зошто ако ми рече 500 денари за нешто што треба да ми е бесплатно ќе збеснам.
Ако си од Скопје обрати се во Ординација Јасмина, населба Хром. 02 203 2753 е бројот, а ехото бесплатно. Поздрав.
Како беше она, додека има овци има и некој да ги стрижи Којзнае колку пари зимаат на ден на црно, а каде им се и тие од фондот што им ги исплаќаат. Затоа фискална се бара со точно напишано што е наплатено и право да се пријави. Само така им треба очигледно, па може ќе се опаметат. А да видите како ќе ве вртат демек ехото не им било од фонд, па дека требало потрошен материјал па не знам што.. Смислени лаги само за да не ти дадат фискална. Организиран криминал и тоа добро развиен. Фала @Nigredo Odor .
Ехото не може да биде бесплатно, ми нема логика. Да, прегледот и консултациите кај матичен се бесплатни, ама користењето на апаратурата и материјалите се наплаќа.
И да треба да се плати сигурно е нешто минимално, а не 300, 500 или 1000 денари. Имам другарки што одат во поликлиники повеќе од 200 денари немаат платено, и тоа мислам дека за брисеви, а не за ехо. Плус на телефон имам прашано ми имаат кажано од фонд дека е бесплатно па сега ако ме излажале и јас лажам.
Каде одат твоите другарки и не плаќаат за ехо? Јас што знам, од 300 денари па нагоре е секаде ехо кај матичен, за бесплатно не сум слушнала.
Во поликлиника во Чаир, Железара и сл. Ете погоре членката пиша каде е бесплатно или не читате? Нареден пат побарајте си фискална за ехо и пријавете во Фонд да видите како или нема да ви дадат фискална или ќе си ги добиете парите назад од Фонд.
Тие што работат во поликлиниките, мислам дека ехото не си го купуваат сами, туку им е дадено на користење со изнајмување на просторот за концесија. Барем така беше, затоа не го наплаќаат. А оние кои работат по свои приватни ординации си вложиле сопствени пари за ехото, и нормално дека ќе наплаќаат, еден вид амортизација за користењето на истата. А цените кои фзом ги лупна од ракав ги одредуваат луѓе кои врска немаат од работа во ординација, т.е немаат никаква допирна точка со праксата и не ги знаат реалните трошоци и труд. По мое, цените треба драстично да се ревидираат и да се наплаќа секое користење на апаратура и материјали. Како што впрочем е секаде во светот.