За Гинеко Биљана имам најпофални зборови. Знае да те опушти, да ти дава насоки за што побезболен преглед, одговара на сите можни прашања, прегледот е детален. Може да е за некоја стотка поскапа од другите приватни ама верувај ми дека нема да зажалиш. Резултати од брисеви, јавуваат и по смс, консултации по потреба. И сестрата е мн љубезна и пријатна
Девојки сакам да ве предупредам за Др. Бети Миланова од приватната ординација Света Недела. Заради нејзина алчност за пари јас си платив со здравје. Внимавајте, не правете грешка како мене, има многу добри гинеколози во Скопје на кои парите не им се на прво место.
Ќе пријавиш дека ти наплаќа за ехо, и што си направил? Ќе им го укинат договорот со фондот, ќе ги казнат, си изгубил лекар од кој си бил задоволен. Здравството ни е во премногу лоша состојба за да си ги бркаш добрите лекари.
Искрено, јас да сум на твое место би ја избегнала. Површна, незаинтересирана, многу брзо ме прегледа, воопшто не ме праша ни дали имам заштитени или не односи, дали планирам дете итн. Единствено што ми кажа дека треба да платам 60 ден за Пап кој ќе биде готов за 3 месеци и кога ја прашав а кога да имам односи за да зачнам дете, ми одговори нешто као па ви кажав, а уста не отвори. Повеќе зборував со сестрата која ме прашуваше дали сум родила и сл.
знам каква е мене таа ми е за жал ме утеши денес демек сама сум се чистела после абортусот и можеби немало да има киретажа и ме тера кај нив крвна слика па да правам и викам кога да идам па иди утре или задутре ми вика ај иди после разберија
Ај подетална информација каде се наоѓа докторкава? Сакам да прашам и за локација на д-р. Надица Ѓероска, има некоја искуства со неа?
Гинеко Биљана се наоѓа на ул. Орце Николов карши Боемска 1 во Дебар Маало. Д-р Надица се наоѓа во продолжение на зградата на ќош карши фонтана во парк, во уличката која води кон ул. Орце Николов. Лични искуства со неа немам, што сум слушала знам дека е ок докторка.
Ја избрав како матична пред неколку години и ја пофалив на форумов. Но, кога отидов со проблем (и болки!), не само што не препозна за што станува збор, туку така ја утна дијагнозата што другите доктори после се фаќаа за глава кога кажував зошто сум кај нив пратена. Не ми е повеќе матична
За префрлање кај друф матичен што е потребно? Треба да го зимам картонот од кај стариот да се одјавувам или право кај новиот и таму ќе ми направи одјава пријава?
Фала богу,кој ќе се обајснуваше а и вака и така ако отидам уште еднаш кај него во воздух ќе го кренам.
Нели еднаш кажуваше дека одиш кај Палчевски? Може грешам извини. Не дека те убедувам, но оди кај него, а матичен нека ти биде само за упати. Јас двајца матични сменив зашто не бев задоволна, имаа гужва многу и само сакаа да ме протераат така набрзина, а пред да родам имав два спонтани и затоа матичната ми беше за упати, а бременоста кај палчевски ја следев и благодарение на неговите совети и тоа што ми беше достапен на телефон родив. И многу се каам што не ме породи тој.
За жал не. Работи исклучиво приватно, но мене ми препорача гинеколог со кој соработува за матичен. Сега кога ми треба нешто одам кај Биљана па кај матичниот за да ми препише. За Гинекомедика имаш материјал на форумов колку ти душа сака. Прочепкај.