A ciklusite kako ti se jas bi te sovetuvala da odes I na ENDOKRINOLOGija da ti napravat celosno hormonsko ispituvanje
Сакам да закажам преглед кај доктор Ложанковски, но бидејќи тој не е матичен ќе одам кај докторките што работат кај него. Дали би можеле да ми дадете совет која докторка е подобра Билјана Силјаноска или Марија Коцева?
Девојки, да ми препорачате добар гинеколог во Скопје, да си го пишам за матичен. По можност во околината на Ѓорче, Карпош, Тафталиџе, но не е ни толку битно, може од било каде во Скопје. Битно ми е да ми обрне внимание и да ми помогне со проблемот кој го имам со ПЦО, а не веднаш да ме наклука со хормонски терапии.
За ПЦО немам третман за жал. Живееш со тоа и ако има потреба од помош при забременување се применува терапија. Само матичниот да има осет за упати до специјалисти. Инаку исхрана и вежбање се битни и толку.
Не сум била на преглед, ама вака фина изгледа. Мене многу ми е битно што се доста флексибилни во ординацијата - за упати, боледувања..
Надица е супер гинеколог, но за трудници. Некако на нас нетрудниве не ни обрнува внимание. Се заборавила малку од пријавување пациенти. Чекање минимум половина час. Јас се одјави од кај неа, не дека јас чекав, имаше бремена жена која чекала цел час и лошо и беше... Ги прима оние кои се хитни, па се создава гужва. Секако дека нема да одбие хитен случај, но нека не закажува 6 жени во 1час.
Дојди си кај Снежана кај Коруновски. Презадоволна. Три пати отидов на незакажано и ме прими,се разбира си чекав ред. Јас сум задоволна вака ко нетрудница. Се надевам нема да ти е далеку.
Коруновски работат во тим и ако си нивен пациент не е важно кој ќе те прегледа. Врвно работат и до сега никој не ми дал погрешна дијагноза. Се наоѓа во Центар кај Управа за јавни приходи зградата поточно позади. Ако одиш кажи дека сакаш матична да ти е Снежана и ќе ти извадат картон.
Минатата среда се јавив за да прашам дали има место за кај Снежана и да закажам преглед. Сестрата ми одговори дека има несто и да се јавам во понеделник да ми закажат преглед. Зашто неможеше одма јас незнам. Јас глупа ја знам сестрата беше кај мојот општ матичен сестра требашр да и се преставам. Денес цел ден звонам никој не се јавува.
Тревба на лотарија да ти се погоди да кренат слушалка Мене ме водеше Коруновски што не кажа ќе ти го отстапев местото не сум повеќе кај нив фала богу.