Фала. Како сте задоволни од гинеколозите кај Коруноски? И предлог некој друг гинеколог со човечен такт и да нема преголема гужва и чекања за преглед.
Јас не сум повеќе кај нив од моја лична причина што доктор Васо направи пропуст во мојата бременост Сега сум кај Сузана Костовска во Гинековита позади млечен.
Знам ја одбрав само за матична бидејќи кај Васо повеќе не сакав да одам,не сакав ни да ме пипне,Си го имам Лазаревски од Систина бидејќи кај него ја правев инсеминацијата.
Арно си го сменила тој. Па башка ми кажуваа дека е женкар. На моја прва братучетка и се пуштал, ама тоа одамна. Сега не знам каков е, ама по кажувањата катастрофа.
@JoyJoy @Meckicja фала на одговорите Знам дека за ПЦО нема лек туку само се олеснуваат симптомите. Јас не планирам бременост во блиска иднина така да не би да се замарам толку со терапии, ќе пробам по природен пат да ги олеснам симптомите. Битно ми е гинекологот да нема голем афинитет за препишување на хормонски терапии, односно со сила да ме убедува за таква терапија, бидејќи пред некоја година салам ќе се зафркнев со Диане 35. Дали имате некој конкретен гинеколог да ми препорачате?
Од 8ч до 20ч. А за смени не знам. Да напоменам дека кога вртите од мобилен на фиксен не креваат, затоа најубаво таму да се оди и се што ве интересира да си прашате. За искуство ако сакаш да ти кажам јас од Снежана сум задоволна и многу е љубезна и мила, нежна кога ми земаше брисеви. За разлика од Коруновски не му го знам името кој еднаш ми земе брис и беше груб. Јас тоа и го кажав на докторката и напоменав дека од сега па натака ќе си доаѓам кај неа. Се што те интересира ќе ти каже и ќе ти објасни, има гужва да затоа што си имаат пациенти кои им се редовни. Исто така имам идено и кај Личоски и докторов со докторката од погоре во пакет можам да ги ставам заедно, само мене ми беше далеку да одам, Личоски е во Сандански. Моја најголема и најлошо искуство го имам само со Филип Матевски од Сандански исто, страшен човек, животот ми го скрати и колку стрес ми нанесе, среќа што веднаш избегав од кај него. Само од фиксен на фиксен или директно да одиш.
Истиот е и сега па ти не се сменил нели ја зема неговата медиц.сестра за жена ја остави првата сопруга што ти кажува тоа.
Jas nez za gin da ti preporacam nekoj dobar no znaj oti pcos e za endokrinolog oti ENDOKRINOLOzite se specijalisti za hormoni ne ginekolozite no tvoe si e a I podobro e na vreme da pocnes so terapija za pcos no Kako. Sakas
Што нас не интересора докторот кој земал за жена дал сестра дал некоја од улица. И што има поврзаност неговиот приватен живот со нашиот преглед. Од него се фалат многу а има и што се жалат,како ситуацијата со мојот доктор. Јас закажав преглед за кај докторката и сестрата беше фина со мене и убаво ми објасни за термини што немало за брисеви и другите испитувања. И веќе незнам која трудница се ослонува само на матичниот лекар.
На братучетка и се пуштал од околу баш тој Коруновски и веднаш го сменила. И какво мислење да се има за таков лекар?
Читам секакви искуства сте имале. Јас сум кај Личоски, сеа за сеа ми е супер, како голем плис ми е што исто така е доста флексибилен. Во секој случај, до сега позитивно искуство.
Здраво, имам голема чиста на јајникот, ме интересира кај кој доктор е најдобро да се обратам ? Дали чистиве ги решавате со хормонски терапии или почесто се оди на операција?
Зависи од цистата, гинекологот ќе ти каже како да ја третираш. Прво кај матичен, па ако има потреба ќе те препрати кај некого. Ако сакаш приватно, веројатно Систина или Ремедика се добар избор.