Мене матична ми е др. Лолита Грковска од Ложанковски, докторката е детална и внимателна, ја испитува претходната анемнеза на пациентот, задоволна сум од целиот концепт на поликлиниката, сами ги носат брисевите, се јавуваат за резултати, испитувањата самите тие ги прават на лице место и не ве препраќаат на 10 други места, сето тоа за мене како фамилијарна жена во редовен работен однос е премногу олеснувачки фактор. Секогаш ми закажуваат во најкус можен рок и многу пати сум отишла директно итно и секогаш ме примила или др. Лолита или др. Марија и што е најважно достапни се на телефон. Секако, за покомплексни ситуации или скрининзи во бременост би побарала и второ мислење од друг доктор чисто да бидам сигурна во наодите. Пред да се одлучам за нив размислував за др. Снежана од Коруноски, др. Надица и сл. но кога пробав да закажам преглед кај др. Снежана прво морав да се јавам 10 пати за конечно да ја добијам сестрата на телефон (како бинго да сум добила) и некако како со потсмев да ми одговори "аа па треба да закажувате недела дена однапред"; искрено се работи за нашето здравје можеби не сум во право, но како жени понекогаш имаме потреба од преглед итно во истиот ден, можеше да ми каже помини ќе почекаш ке те зирне докторката или кој и да е на смена.
И јас бев кај Снежана,ординација Коруновски. Како прво на ништо не личи да ѕвониш илјада пати и на крај пак да не ги добиеш,секој нема време по сто пати да оди во ординација да закажува и да се инфорира за било што,впрочем телефоните за тоа служат,нели? Сум приметила дека намерно го оставаат телефонот отворен или се прават наудрени кога ѕвони ,епа така не се држат пациенти! Никој нема цел ден да се занимава со нив. Докторите се ок,но не се нешто најстручни. Кога ја одбивав малата од доење,тука ја видов нејзината "стручност", ја прашав што да превземам со оглед на тоа дека имам многу млеко,таа ми вика да се измолзувам скроз и да се стегам со тесен прслук или марама. Молам? Да се одмолзувам скроз? Па како ќе допре млекото,ако нон стоп се одмолзувам и предизвукувам лактација? Често знае да биде брзоплета, да не обрати внимание доволно, да испаничи за безвезе и веднаш бара мислење од Васо,што значи дека не е баш сигурна во себе. Сузана Костовска не е нешто нај,сум била и кај неа на преглед.....
Матичната нека ти даде упут за кај друг доктор. Може кај Миле Тантуровски во државна,тој е експерт одма ќе ти каже што треба да правиш. Кај други во државна не. Инаку систина ок е ама ако ти препорачаат лапараскопија 2 до 3 илјади евра не те спасуваат.
иМ СЕ ПУШТА НА СИТЕ ТОЈ односно на девојка која што му изгледа привлечна еве и јас го приметив тоа молим ти се кога го изгубив бебето одам на контрола после месец дена да ме прегледа и му викам докторе психички паднав,он ми вика да те испратам кај сестрами она е психијатар мене што ми кажуваш јас сум ти повеќе по с...от тоа беше пресудно да си заминам.
Се сложувам целосно со коментарот дека на ништо не личи и навистина не разбирам и погоре читам објаснувања ако сакаш преглед да закажеш оди лично таму, чекајте малце, некои од нас не живеат во центарот на градот, други се бремени со патолошка бременост, зарем треба некој да праќам да закажува за мене, во денешно време нешто што најмногу ми кажува за професионалноста е пред се достапноста на лекарот/сестрата, во ова време на најголеми технолошки достигнувања некој не крева на телефон или не одговара на email, за греота сме не знам што да кажам. Или тоа што се матични и работат со фондот треба да ги прави "полабави"!?!?! па ние го полниме тој здравствен фонд со наши пари тешко заработени. Ако направам сума сумарум на се погоре кажано за сите гинеколози, за секој има по некој позитивен и негативен коментар и тие се луѓе и не се совршени некои се полоши некои подобри, работата е да се најде некој што ќе знае како да Ви го следи интимното здравје, да знае како да ви ја води бременоста, да не биде пресуетен па дури ако има потреба да побара и второ мислење или самиот да ве упати каде да го барате. И тие не се семоќни во ова денешно нездраво време каде што секоја втора не може да роди, има некоја репродуктивна болест или проблем, најважно е да ја гледаат суштината и да бидат пред се достапни, бидејќи понекогаш од таа недостапност се прават пропусти доволни се неколку дена нереагирање на време и да се направи пропуст што ќе нанесе поголеми штети.
Јас се чудам како докторот ги плаќа сестрине ? Нивна должност е да провруваат меил и да одговорат на телефонски повик. Ако еднат линија е преблокирана,нека обезбеди и друга телефонска линија,до каде со оваа непрофесионалност не знам. Милион пати се случувало да се утепам од чекање и покрај закажаниот преглед..... Јас не викам дека на телефон треба да ги замараме за секоја ситница,јас би вртела ако е ептен хитно,сепак и тие имаат приватен живот и не треба да бидеме без осет,сепак се работи за личен телефон , но за обичен преглед,на телефон од ординацијата,да вртиш во тек на работботно време на истата и да не успееш да ги добиеш цел ден, срамота!
Читам дека Панчевски во Систина е специјалист за цисти, дали е точно ова, има ли некој искуство со него? Тенкс
Јас се оперирав кај него лапараскопски, во 2010 и после ме водеше цело време до сега до бременост. Операцијата пројде супер (се гледа и дека сега сум нормално останата во друго "стање" a тогаш имав и ендометриоза со цистата и точно дека важи за најдобар во таа област. Топло ти го препорачувам.
Јас кај него одам повеќе од пола година и сега сум многу задоволна. Секогаш за се ме ислушувал и давал совети, ме примал и кога не сум закажувала да ме ислуша... за сега ми е ок, за понатаму ќе видиме. Секој со свое искуство.
Точно, секој со своето, моето а такво. Дај боже да не се повторат такви стресови во бременост кај други. Јас неможам да кажам дека доктор кој се развикува на бремена пациентка, за негова грешка, а ппри тоа да не упатиш ниедна навреда кон него, е добар доктор.
Во ред, не сум била бремена да можам да кажам како се однесува во таа ситуација. Но до сега што имав проблеми, навремено ме упатуваше каде што беше потребно. Сепак твоето искуство е лошо и се согласувам со тоа дека секоја би изреагирала како тебе во таа ситуација, јас го споделив само моето досегашно искуство со него.
Здраво, како сте задоволни од Емилија Трајковска? И какви се цените? Или некоја друга да ми препорачате што може да ми биде матична☺
Да ве прашам, има ли некоја од тука што има фатено бактерија кај Доктор Личоски во Јане Сандански? Ги стерилизираат ли инструментите? Бев на преглед, се вратив во инфекција.
Жената е океј, но ништо посебно. Така малку лабава, ќе добиеш впечаток можеби дека не сака многу да се замара со тебе. И се случувало некогаш да доцни на работа исто така. Од позитивната страна е фина и те опушта со разговор, ти прави да се чувствуваш пријатно. Во однос на прегледите исто така е во ред, за тоа немам замерка. Јас за прв пат кога бев кај неа, пред папот ми кажа да се опуштам, нема да е ништо страшно и слично. За резултатите бидејќи се беше во ред ме извести преку телефон. А во однос на цените, не се сеќавам колку платив, но работат со фондот, така да во ред се.
Имам проблем со голема циста, од гинекологија ме пратија на конзорцијално мислење( мислам дека вака беше точниот назив), нешто како мислење од повеќе доктори. Е сега ме интересира што прават таму, преглед или само разговор? Има ли некој познавање за ова. Фала
Можи да ми предложите добар гинеколог во битола? По можност женски Малолетна сум поточно скоро 17 и сакам да одам на гинеколог бидејки ми касни секој месец...Еве дркември веќе 5 дена ми касни а градите ме болат.