@SummerGirl Јас знам дека Др Лолита секогаш е прва смена во вторник и петок. Понеделник среда и четврток е втора. Логично со оглед дека се во иста ординација Др Марија треба да е обратна смена
Во петокот бев на преглед и она беше втора смена. А претходната недела закажав во среда и она беше прва смена. Не знам што прават со смените.
Zdravo dali mozebi znaes kolku e kaj dr Suzana bris exo i pap test zaedno se cena ? Zvonam da prasam no nikoj ne mi se javuva.
Aко прашуваш за Сузана Костовска пап еднаш годишно ти е бесплатно односно плаќаш партиципација 60 денари. Ехо ти е 300 денари брисеви еден 100 денари четири бриса вкупно 400.
Здраво женскииии,може да ми препорачате добар гинеколог по можност женско?и нешто на државно да е. благодарам многу Заборавив да пишам од скопје сум.
Јас со години одам кај Љубица Кузмановска, прво беше во Промедика, сега има своја ординација во Чаир. Задоволна сум. Не наплака ехо, брисеви 100 ден ми зема за сите 4 бриса, а во бременост не плакав ништо, не зема тогаш за ништо за разлика од другите што буквално дерат за се. Работи и прва и втора смена.
Девојки за инсиминација мислење ве молам.. Ремедика ( од причина што таму ми е гинекологот кој ме води веќе 2-ра година, но тој не работи на оплодување така да претпоставувам дека би ми правел Хаџи Леџа или Петановски ) или Њу Борн кај Трајковски??!!? Фала ви..
Мислење за Мирјана Мицевска од дијагностички? И битно ми е како се закажува, оти кај што сум моментално терсене е со закажување.
Ќе ти закаже за неколку дена(сестра ми бремена само за резултати да и погледне па и закажуваа после 4дена), имам непрофесионално и некоректно мислење за сестрите таму, ниту пак докторката ме воодушеви. Па затоа ја сменив. Мое мислење..
Мислам дека е солидна. А може да ти се закаже и за ден два. Понеделник и вторник е втора смена, другите денови е прва.
Мене бременоста ми ја водеше Хаџи Лега но со природно забременување без инсеминации и слично,бидејќи претходно имав два спонтани и тој ми помогна многу за да имам успешна бременост,некако стекнав многу доверба во него затоа што бев психолошки падната,многу е добар и како човек а после и како лекар,можев да му се јавам во секое време и за се беше достапен.Така да јас ти го препорачувам,но сепак ти си знаеш најдобро.
Женски ај ве молам препорака за добар гинеколог во Струмица или Штип. Дали некоја била кај д-р. Огњан Мицков и како е задоволна. Дали има добра опрема? Кај д-р. Органџиски ми се чини малку скапичо. И да на приватно во секој случај, конкретно ме интересира за ехо преглед. Фала