Да на неа мислам... не прима нови пациенти или не работи со фондот? Јас сакам да ја менувам мојата само незнам каде да одам
Не прима пациенти одамна, ако ти е само за обични прегледи можеш да си одиш на приватно. Не би знаела да ти предложам некој/а друг/а, бев кај неколку гинеколози но најдобар впечаток ми оставија Котларова од Ремедика и Мајсторова.
девојки да ве прашам од нова година навака не добивам матичната ми даде чај и не помогна сега имам закажано во понеделник на гинеколог бидејќи сум сигурна дека не сум бремена дали знаете каков преглед би било??
Здраво, дали имате добро искуство со некој од Поликлиника МВР, сакам да се префрлам таму за матичен гинеколог. Тука кај што сум кај гинеколог Емилија во Кисела Вода, не сум воопшто задоволна.
Дали некој има искуство со др.Ина гинеколошка ординација? Колку време се чека за закажување а и за резултати? И дали е проблем што имам друг матичен?
Дали има идено некоја од вас кај др, Ѓорѓи Николов во неуромедика? Дали е добар гинеколог? истото ме интересира и за др Органџиски во Штип?
Јас можам само мое искуство да споделам од кај Органџиски. Не сум многу задоволна. Ок чисто е, опремено е ама имав некое чуство дека докторот (помладиот) едвај чекаше да го заврши прегледот. Ехо и преглед и демек совет траеше вкуптно 5 мин, а сметка од 4000 ден.. Дефинитивно не вредеше за парите. И плус односот на докторот. Некако многу умислен ми се виде демек многу паметен, арогантен, како он е доктор и тоа треба да се потенцира. А моја другарка пак е многу задоволна од постариот доктор. Јас не сум била кај него на преглед, не можам да кажам.
Јас како што знам др Ина работи само приватно, така што секако треба да имаш др матичен за упати, боледувања и сл. Инаку е одличен лекар и мајка ми ( кај неа оди со години) е мн задоволна. Има убава апаратура и мислам дека не се чека многу за закажување.
Др. Божидар Бошковски ми е матичен од таму. Задоволна сум јас. Сите тројца доктори од таму имаат многу пациенти.