Што се подразбира еден комплетен гинеколошки преглед? Сакам да закажам во Систина, прв пат одам на гинеколог и искрено од самата помисла нагон на повраќање имам и паника. Прашав дали може да се изведе комплетен гин.преглед со анестезија и ми одговорија дека може. Која од вас девојки била во скоро време на прдглед во Систина да ми каже за цените. Многу ви благодарам
Зошто паника? Ништо страшно а и нема потреба од анестезија бидејќи ништо не боли,само може непријатно да биде малце,за џабе само парите,а што се однесува до Систина,и јас би сакала да ги знам цените за пап тест,некои брисеви и сл.,ако некој бил неодамна
Само ехо, се друго се наплака посебно. Јас за ехо преглед, пап тест и микробиолошки брисеви платив околу 9000 денари.
Зошто побогу? Ќе се изложуваш на ризик наречен анестезија поради што? Срам, болка? Болка при редовни прегледи нема, а нелагодноста нема никогаш да помине ако не почнеш да се навикнуваш. И секој нареден преглед ќе го правиш под анестезија? Првиот преглед ќе ти биде малце непријатен, но со секој нареден ќе бидеш поопуштена и ќе гледаш на тоа како на нешто рутинско и секојдневно.
Ехееее ништо не е страшно стварно. И не боли. Непријатно е ама не боли. Не се плаши нема потреба од анестезија.
Апсолутно го разбирам секој совет и се обидувам да го победам стравот и конечно да отидам на гинеколог, верувајте посилно е од мене. Таква паника добивам кога помислувам на тоа дека време е конечно да се прегледам што имам нагони на повраќање. Колку време трае еден гинеколошки преглед? Земањето макробиол.брисеви, пап тест, ехотп вагинално? Ве молам упатете ме... Поздрав девојки
Брисеви и пап се зимаат за неколку секунди, а ехото трае нешто подолго, 2-3-4 минути, зависно што треба да види. Ич не е страшно. Повеќе е психичкиот момент дека треба таму доле да ти стават нешто
Како сте задоволни од ординацијата на д-р Ложанковски и дали може да се избере таму матичен гинеколог? Колку чини пап-тест и ехо?
Пзу јасмина во хром како е со работно време? Дали примаат нови пациенти знае некој? И бр.ако има некој да ми пише л.п.
А доколку побарам? Имам правено еднаш ама во посебна лабораторија меѓутоа не би сакала пак. Па ако може на едно...
Хив се испитува преку крв најчесто, мислам дека може и преку вагинален секрет. Најдобро прашај го докторот.