Може матичен,јас сум кај Марија Коцева и не сум задоволна,а има уште една докторка Лолита,не знам кај неа како е.Јас платив 750 ден за ехо и пап тест,др цени не знам
Дали може да си пишеш матичен од друг град? Овде нешто сите ми се без врска, па сакам да прашам дали би можело вака?
Кога прашував кај Ложанковски ми рекоа ако ти е матичен изглегува 750ден, приватно 1500-1800ден. Додека кај Коруновски како матичен за пап и ехо ми наплати 350ден.
Матичен гинеколог не треба ништо да ви наплатува. Јас делумно поради тоа (си ги качи цените претходниот доктор) го сменив матичниот.
Работи со сини картони. Преглед е 350 ден, а за папот и брисеви си бираш сакаш државно, сакаш приватно во Хистолаб или Авицена. Многу е океј и убаво објаснува
Девојки здраво,бидејќи од неодамна сум сексуално активна би сакала да посетам добар гинеколог.Е сега сеуште не сум полнолетна и можете ли да ми кажете каде да одам и дали можам сама и некоја цена грубо. Ви благодарам
Здраво, ме интересира дали знае некој каков став има Сузана Костовска од Гинекомедика кон пилули за контрацепција? Моментално сум кај Мирјана Мицевска во Дијагностички и кога ѝ спомнав дека сакам да пијам контрацепција, жената од магаре подолу ме направи. Тоа беше лани и се уште сум премногу навредена за пак воопшто да ѝ се појавам во ординација. Додека ми вршеше преглед беше во крајни мерки непрофесионална и воопшто не беше нежна, морав да ѝ кажам дека буквално ќе се онесвестам ако не прекине да ме мачи. Сега сакам да си најдам нов матичен што барем ќе ме ислуша, и би сакала да се префлам кај Сузана. Ве молам да ми одговорите пошо ме изеде анксиозност.
Добто вечер девојки, се решов да го сменам Стамболиев зошто многу ми е некоректен во последно време, сменет ми е се нешто ново ми наоѓа на крај ништо да не ми се случува откако ќе си платиш приватен преглед во Ремедика. Бидејки сум уште тазе породена за првава контрола за 6 недели по пораѓање разгледував нови гинеколози и ме интересира што ќе ми пишете за др. Радица Бојчева, навистина сакам доктор асален а не некој што ќе ме вади од памет од незнаење...
Здраво Ќе може ли те молам да ме контактираш преку порака сакам да те прашам нешто околу докторкава Ти благодарам однапред
Девојки сакам да ја запишам Љубица Кузмановска како матична,до сега немам отидено на гинеколог,а читам добри мислења за неа.Може ли контакт бројче и да ми кажете колку би чинел отприлика прв комплет преглед кај неа со пап ехо и брисеви.. Фала ви однапред
Здраво, може ли некој да ми каже колку е прегледот со ехо, пап и брисеви на приватно и за колку дена даваат резултати?
Здраво, Планирам бременост и сакам да закажам во Ремедика. Ако може инфо како се цените за преглед и ПАП? Препорака за гинеколог? Фала
Би ти ја препорачала др. Снежана Гавриловска Миленкова кај Коруновски во Поликлиника МВР имам добро искуство со неа. Во ред и беше однесувањето, те ислушува ти дава мислење, не те осудува за постапките сепак возрасна си и свесна треба да си самара за твоите постапки.