Здраво. Дали знаете како се вика докторката Златевска на ГАК, и дали некој има некое искуство со нејзе?
Д-р. Софија Златеска. Мене ме породи со второто, царски рез, прилично комплицирана операција, асистираше за првото породување, исто цезареа. Неколку пати ме гледаше и на ехо во втората бременост, како контролни проверки. Задоволна сум.
Да, да крива. Изгледа оваа "дијагноза" на сите ја дава. И на мене и на сестра ми и го рече истото. Еве гледам, тешко забременив. Дај Боже сите да се "мачат" како мене од прва. Не ти е ништо криво, уживај. Али во секој случај за водење бременост е супер.
Искуство со гинековита и др. Сузана Костовска? Прв пат треба да одам, што е потребно за прв преглед? Работи со фондот.
Супер докторка е работи со фондот она ќе одлучи каков преглед ќе ти направи зависи за што си отидена кај неа.
Прв преглед ми е, не знам што треба да носам ниту пак што да очекувам. Имам гинеколошки а и хормонален проблем.. Книшка и што треба друго, те молам?
Книшка и картон ќе ти отворат гинеколошки преглед како и секој преглед ќе и кажеш што проблем имаш и ќе те упати каде треба.
Итно ми треба да ми посочите гинеколог од Промедика кој работи со фонд ,и би ми бил матичен.Од ваше искуство.Со мојов ништо не правам,катастрофа. Фала
Таму Надица ќекиќ работи како матична ама ич не сум задоволна, ништо не зборува треба зборовите со клешти да и ги вадиш, а и многу лошо и застарено ехо има па ја сменив. А другата докторка не работи со фонд.
Надица веќе не работела во Промедика, на нејзино место е Ана Матоска, другата докторка е Лидија Черепналковска за неа имам слушнато многу пофални зборови, само што не работи со фондот. За Ана кој знае нека каже, и јас се распрашував
Јас ја пишав матична пред месец дена. Бев за најобичен преглед на ехо и разговор и жената е чиста 5ка. Мила, темелна, за шо и да ја прашав имаше исцрпен одговор, полна е совети. Не платив ништо иначе. Не бев за некој темелен преглед бидејќи сеуште сум немала односи, бев чисто за некое ситно поблемче али скоро и да сум сигурна дека е одлична за се. Само пофални зборови.