девојки да ве прашам за Сузана Костовска - Гинековита..Ѕвонам на 2та броја неколку пати никој не крева..да не имате инфо да не се на одмор или нешто?
Здраво, некој да каже искуство со Александар Бојаџиев од Систина? Ме интересира стручност, однос со пациент и сл....
Јас имам позитивно искуство со доктор Бојаџиев. Ми се погоди случајно, беше дежурен, кога имав крварење во бременост. Дури ме изненади кога утрово во 8 часот, после завршувањето на дежурството, се јави да праша како сум.
Ти благодарам. Брзо се закажува претпоставувам, или? Не ми е итно, само сакам да си најдам сериозен матичен за понатака затоа што од Коруновски не сум задоволна воопшто. Не креваат на телефон, се чека по 2 недели за преглед...
Јас сум кај Коруновски ама мораш да закажеш преглед во ординација само. Освен ако е нешто итно тогаш те зима како итен случај.
Лани бев еднаш и толку, пред некој ден не можев да ги добијам, инаку немам проблем, само сакам матичен добар да си имам за секој случај. Јас кај Снежана мислам бев, така некако не се сеќавам.
Здраво Од кој доктор од систина сте најзадоволни? Сакам да направам пап и хпв типизација па ако некоја од вас има правено да сподели искуство.. за колку време стигаат резултатите ? Инаку правев пап пред неколку месеци кај матичниот и излезе цин 1 само што господинот ништо не ми објасни ниту ме прати на типизација...само што не ме избрка кога го прашав дали треба типизација или колпоскопија... Па кога веќе плаќам да знам на што сум ... Ви благодарам однапред
здаво имам 17 години и станувам сексуално активна па би сакала да посетам гинеколог за прв пат у живот вака, да се информирам што повеќе, а и имам некои прашања.... па дали би препорачале некој добар и дали мора да биде со присуство и знаење на родител бидејќи срам ми е