Девојки, Радица Бојчевски, како наплаќа? Колку е ехо преглед и дали работи со фондот? За издавање упати до државна?...
Девојки ве молам за препорака на добар гинеколог ( за матичен ) , било во кој дел на Скопје не е проблем, да работи со фондот и кој би ме примил за брзо, бидејќи ми треба итен преглед. Разгледувам и опции за во приватниве болници, има акциски добри пакети со попуст за услуги, но ме интересира брисевите после тоа би требало приватно да ги носам на испитување? Бидејќи упат нема да добијам во приватна претпоставувам. Дали знаете на приватно колку чини ХПВ да се испита?
Лолита Грковска отвори своја ординација во Ѓорче. Прима матични пациенти и брзо закажува. Приватно испитување на ХПВ во Авицена е 3600 ден, на Микробиологија на клиника со упат е 250 ден.
Во принцип се чека. Еве, денес бев, закажана во 10, влегов во 10:40. Ако имаш среќа, ќе чекаш малку, сепак зависи како ќе ти се погоди.
Здраво, да ми препорачате добар гинеколог во Скопје за ХПВ и дали знаете колку чини хпв типизација и колпоскопија во систина? Како сте задоволни од др Сузана Костовска од Гинековита?
здраво девојки. Бремена сум еден месец и се двоумам за матичен гинеколог. Моментално, матична ми е д-р Надица од МАМА, меѓутоа за првиот преглед за бременост бев кај Снежана Мајсторова. Мајсторова е одличен доктор, но не прима веќе пациенти за матичен лекар. А за Надица немам добро мислење. Кој гинеколог би го препорачале што прима за матичен а имате добро искуство? Ако има некој со искусво за матичен што ви водел бременост ве молам споделете. Благодарам
Девојки, препорака за добар гинеколог во Ремедика или Систина? И колку чини преглед, пап и хпв типизација?
Јас се префрлил од кај Наде и се каам. Само ќе кажам на таа жена два животи и должам. И се јавив за совет, да не ја послушав не сакам да помислам што ќе беше... Јас би се вратила кај неа без двоумење. За бременост е врв.
Малце е брза кога зборува така опуштено, добар психолог е, многу е стручна ама така знае некогаш да ме изнервира ми иде да земам картонот и да не ме видат веќе Арно ама срце не ми дава, подобро ќе отидам на второ мислење ако за нешто не сум сигурна но како матична ја задржувам..
Мене само гужвата ме нервира. Затоа и заминав. Иначе ок била секогаш со мене, освен што ме преплаши и мене и сестра ми, некаква си "дијагноза" крива матка, па демек ништо страшно, само потешко се останувало бремена. Дај Боже сите да се "мачат" како мене. Ств делува ептен позитивно, ама мислам има премногу пациенти и не може да се посвети максимум, истоштена е.
Се согласувам,од што сака да ги прими сите дури ни за себе нема време и затоа кога ќе влезеш кај неа изгледа се на брзање. А за чекањето да не збориме,и на закажан термин најмалку 20-30мин се чека. Но битно кога сум отишла итно или на контрола без закажување никогаш не ме вратиле.