Сакам да Ве прашам, кога идете кај матичен гинеколог колку Ви зема за брисеви, сега бев јас и за 4ри бриса ми земаа 1200 , а плус тоа и во микробиологија платив 3150, прегледов ми дојде како да идам на приватно
А матичниот ти е во државна болница? Затоа што кај приватен и да ти е матичен се наплаќаат брисовите и не се баш евтини. Мојата пријателка бремена беше кај др. Надица (ја имаат спомнато погоре,навистина е супер) мислам дека и наплати само за преглед (може нешто плус ама малку) и и ги даде брисовите да си ги однесе во државна за да не и зима пари за тоа. Јас мислам дека ова е супер решение.
Не е во државна болница, ама сметав дека матичен си е матичен како кај стоматолог сите што се матични земаат исто за пломба, дугиот пат ќе го пробам твоето решение ФАЛА!
Fs твојот гениколог веројатно нема склучено договор со фондот или ти немаш сини картони друго нема зашто овие цени ти што ги кажа се ако правиш преглед на приватно без сино картонче. Мојот доктор за пап не ми наплатува ништо,а за брисеви ми зема 250 ден и доплакам на микро уште 200 ден.
Не знам зошто имав плави картони, а и потпишав изјава дека го земам за матичен , не знам што се случи, а и можи да ме лажи демек матична бла бла бла, иначе ова се дешава кај гинеколог во Неуромедика
Трендафилке, мене многу ми го испофалија и јас бидејќи не сум задоволна од досегашнава, мислам кај него да се префрлам. Всушност тоа средено е, останува само да отидам таму и мило ми е што и од тебе прочитав позитивен коментар
И јас сум задоволна од Д-р Ложанкоски, смирено ти објаснува, знае и да се нашали, не те плаши... Само што мене вагинално ехо и пап тест ме кошташе 2000 денари. Инаку го одбрав бидејќи читав позитивни коментари за него, а и точно пред зграда ми е, можам да му мафтам од на пенџера. Трендафилке можеш да наминеш на кафенце после преглед нареден пат.
Јас пред неколку денови правев преглед кај мојот матичен лекар (д-р Цветановски)правев вагинално ехо,пап,колпоскопија,и ми земаа 4 бриса и ми наплати 1100ден. брисовите ги однесов во амбулантата во пролет и таму ми наплатија само 200 денари.со плави картони тој твојот многу скапо ти наплатил па 4000 да платиш ти е во систина да идеш за брисеви а 2800 зимат во ремедика..
Вe молам да ми помогните бидеќи не сум многу упатена.Сакам да одам на гиниколошки преглед,или на приватно или на државно не ми е толку многу битно само сакам да ми кажите дали ако одам на државен прегледн односно со книшка и плав картон ќе ми треба и упут од матична или не ...? И некој што е од прилеп нека ми препорача некој добар гиниколог и нека ми објасни што како таму оти не знам мн за ова а и прва пат ќе ми биди па ве молам пишете фала однапред
Не ти треба упат од матичен лекар, само ќе одиш кај тој што сакаш да ти биде матичен гинеколог и ќе си отвориш картон. Гинеколог во болница не може да ти биде матичен, туку само некој што има приватна ординација и работи со ФЗО. А за препорака на доктор во Прилеп, тоа оставам на другите
Да споделам и јас со вас мое искуство со гинеколози. Пред извесен период, ноќе ме фатија болки пак десниот јајник, толку јака болка што ме разбуди од спиење. Почнав да се губам од силна болка, дечко ми незнаеше што да ми прави. Отидовме во државна болница на дежурен, надевајки се дека ке го најдеме Др. Горан Димитров, кој му е пријател на дечко ми. Не беше таму, и ме прими една друга докторка, незнам ни како се вика. Ме гледаше на ехо и ми вика имаш воспаление на десниот јајник, дупло поголем ти е од левиот, мораш да направиш пап, брисеви итн.имаш премн бело прање и ми препиша и лекарства, ама не ги купив, сакав да се консултирам и со Др. Александар матичниот. Мој матичен гинеколог е др. Блазевски Александар во Румунска болница. После неколку дена одам кај него исто за јајникот, и ме гледа на ехо и ми вика има нешто кај десниов јајник ама не е ништо страшно (он ми вика не е страшно и јас така го сфакам, од каде да знам дека ме лаже, он е доктор, не јас ) Ок, после извесен период, одејки на факултет пак ме фати таква болка на десниот јајник, која неможам да ви ја опишам. Отидов право во румунска кај Др. Александар. Он бил 2 ра смена и негова замена е др. Надица спроти фонтана во градски парк. Едвај се качив во такси да одам до кај надица. Одам кај нејзе, превиткана од болка, неможам да се исправам, мислев дека ке се онесвестам во секој момент. Чекав цел саат да поминат сите што си имале закажано, а мене не ме ни погледна. Видов дека нема абер да ме прими, дојде веке 13 часот и право на смена кај Александар и нормално пак ми рече ништо не ти е. Сега чекам да ми помине добиеново, ке одам кај Др. Александар пап и брисеви да ми земе (поефтино да ме фати) и со резултатите ке одам право кај Горан Димитров во ремедика, да видиме што ке ми каже. Др. Горан ми го фали дечко ми, имам другарки кои одат кај него а гледам дека и на форумов е доста фален. Постојано оди на семинари и на обуки во странство, го имаше на тв скоро, мн го фалеа. И уште нешто за Др.Александар. Имам бело прање постојано во огромни количини, одам кај него и му викам препиши ми нешто да пијам ова не е нормално, дневно менувам по 10 влошки. Он ми вика седи ке те исчистам јас, ке ме исчисти, ке ми земе 300 ден за тоа, и после 3-4 дена пак се исто. Освен последниов пат кога бев, ме исчисти и има мало подобрување, ама ке видиме до кога ке трае. Дефинитивно кај него на преглед веке не! Ке почнам кај Горан Димитров, ако се покаже ок како што го фалат супер! Препорака од мене, пазете каде одите на гинеколог, секогаш барајте 2 ро мислење (читав постови што пишувале за Гинекомедика итн.) зошто на моја познаничка, која не можеше да има деца подолг период и рекоа дека и се запушени каналите и ги чистеле и на крај испадна дека снимката била на друга жена. Познаничката моја ја осакатија за цел живот, не може да роди деца, поради лекарска грешка!!! Така да внимавајте при изборот! Ќе видиме како ке поминам кај Др. Горан и ке ви кажам.
Не сум лекар, но...Според она што го кажа..и мене ми се има случено, да не имаш песок во бубрезите...Исто ама буквално исто ми беше и мене, одев по улици и клекнував од болка, ни грб ни ништо не ме болеше, само јајникот, и цела нога ми се укочуваше..дури и на повраќање ме тераше...Види и на гинеколог, ама види и да не е со бубрезите, зошто ова докторите се ќе откријат само не тоа што треба.
Далеку од тоа дека мојава информација е 100% сигурна, зашто сепак сум машко и не ги знам процедурите/условите или не знам што, но слушнав добри зборови за некој си доктор Темелковски во Систина. На факултет на часови слушнав шушкања помеѓу неколку колешки и тоа презиме го запомнив како информација. Се надевам дека некому ќе помогне.
Бев правев ехо на бубрез,нема камче, нема песок, ништо, а јајникот продолжува да ме боли... Како и да е фала многу Тебе што ти кажаа дека ти е??? Бубрезите???
девојки јас одам во Дијагностички центар, кај Мирјана. Добра е докторката, не е нешто посебно ама ок сега за сега. За пап, ехо и колпоскопија ми зима 1000 денари со плави картони, а за микробилологија што сакам сега да правам 1700 денари. Знае ли некој каде може поефтино да се помине за микробиологија, освен државна, несакам таму
Поефтино од Државна нема. Ама на клиника се чека доста долго, а побрзо резултати се добиваат во микробиолошката лабораторија во Институтот за Јавно Здравје (амбуланта Пролет). Приватно тие испитувања одат од 2000 ден. нагоре, зависно за што.
па значи во Дијагностички центар и не е така скапо Ми рекоа 4 бриса за микробиологија за 1700 денари. Фала на мислењето
Др. Боро Парталоски има своја ординација, Кристела, која се наога во близина на Климент Охридски, позади Кинг Бургер во новите згради. Да не испадне како реклама, ако сакаш, прати ми приватна порака за да ти го дадам бројот од доктор Боро. Инаку порано докторот работеше во Дијагностички Центар, и ми се чини дека скоро сите пациенти таму доаѓаа поради него.