И јас сакам И јас сакам да земам некој од таа ординација за матичен па ме интересира како оди, треба да се јавам, со закажување е? И цените како се?
Ехо 300 ден, цтг 400 ден, брис земање 100 ден (од еден брис) скрининг втор 1300 ден (ако сакаш правиш скрининг кај нив а ако не ти закажуваат во државна) .. Е пап тестот не знам колку им е јас следниов месец ќе правам и ќе видам колку е.. нема да се покаеш ако ги избереш Васо или Павлина... да .. они работат со закажување... 023222123 е бројот од ординација Коруноски ...
Женски дали некоја знае која е цената на ехо и вагинални микробиолошки брисеви во Ремедика и кој доктор би го препорачале? Проблемот е Стрептокока откриена во уринокултура и силни болки во долниот дел од грбот. Да напоменам бактеријата се појавува трет пат (фактички не е излечена). Две тури терапија со Цитерал земав (ми кажаа да ги пијам 5 дена, а ги пиев 7) и сега е препорачано да направам вагинални брисеви пред да почнам пак со антибиотици. Исто така редовно одам на гинеколошки прегледи и правам се што ми кажала докторката ама некако нема ефект.
Во урината или? Сум имала стрептокока во нос и испив 100 тури на антибиотици дур се излечам. Ова ми е скроз ново, а како што прочитав и дека ретко се наоѓа во урината. Исто така два месеци имам симптоми на циститис, така и ја открив.
Јас ја имам во брис од вагина и цервикс. Мене урината ми е стерилна. Провери си ги и овие два бриса. Кумата моја беше како тебе, као циститис, две години ја лечеа од тоа, па на крајот испадна дека во цервикс и брис ја има.
Фала на совет, ќе проверам зошто и ја се сомневам за тоа. Не сакам да пијам антибиотици дур не проверам како што треба.
Девојки на кој број можам да закажам кај Радица Бојчева ? На брпјпт што е на страната на ФБ никој не ми одговара. Фала
Новата докторка во Промедика се вика Бети. Еднаш бев, не ми се виде баш терсене карактер. Со мене ептен беше добра. Може ли она да биде матичен гинеколог?