Имам 19 години и ќе одам на гинеколог кај кој иде мајка ми но мислам дека сум више голема за сама да влезам и да разговарам со докторката.. мајка ми доаѓа на секој преглед со мене. Сфачам дека е родител но сите сакаме приватност на доктор а она кога одиме повише зборова за проблемот него јас
Систина е малку поскапа во однос на Ремедика, а добри доктори имаш и таму и таму, зависи за што. За потешкотии со забременување би ти ја препорачала др. Петрова Елена во Ремедика, а општо за контроли др.Јован Костадинов во Систина.
Колку кошта преглед и ехо кај д-р Снежана Мајсторова на приватно, без пап и брисеви, и дали многу долго се чека за закажување?
Не се чека за закажување брзо закажуваат..За цена околу 1000ден ми се врти ама не сум сигурна јави се кажуваат цени
Здраво девојки,ми треба матицен гиниколог за да ме заведе,бремена сум,ја водам бременоста во ремедика но ми треба и матицен за рецепти ,упати евентуално за испитуванја и трудницко ...предлог по мозност Аеродром?и КОи доктори се во поликлиника Јане Сандански дали имате број евентуално да заказам кај докторот?
Здраво, ве молам за искуства и мислење за д-р Емилија од Кисела вода. Од пред 8 месеци ми е матичен гинеколог, чист пап, ама упорно на микро брисевите ми јавува 4 различни бактерии по ред. Никогаш до сега не сум имала никаков гинеколошки проблем , а имам 37 години. Фала ви многу
Гинековита никако... Ми беше матична дпкторката, но последно бев многи не задоволна од нејзиниот однос лекар пациент. Имала таа гужва и ти несмееш да ја прашаш ако нешто ти е и ако сакаш нешто да знаеш. Прегледот и тој на брзање предвидени се 20 до 30 монути на пациент таа се за 5 минути... и си имаат некој посебен ценпвник само за кај нив...
Здраво феминки сакам да направам гинеколошки преглед во Ремедика со се Пап тест ,вагинално ехо,микроболошки брисеви па кој доктор би ми го препорачале од таму и сте задоволни од него...и отприлика колку би ме чинело сето тоа ако некоја знае п.с. Дали за резултатите од микроболошките брисеви се чека долго затоа што другиот петок треба да заминам во странство па сакам доколку има нешто од тука да земам терапија Поздрав
Здраво феминки, во потрага сум по добар гинеколог. Според вас кој е подобар Радица Бојчева или Сузана Костовска од Гинековита? И како се со цени.
Сузана не би ти ја препорачала... 400 ден за брисеви., 100 за пап ако е 1 во годината ако не 1900, 300 за ехо. Ова со фонд за здравство. Башка за кај неа треба да закажуваш 2 недели унапред и кога одиш обврзан си да чекаш уште најмалку 30 мин за кога ќе влезиш се на брзање да е и за 5 мин да заврши со тебе оти нели гужва има. Многи се неорганизирани.
Ординација “мама”, др. Надица Геровска - многу лошо искуство, докторката расеана, илјада пациенти во ден, гледа смо да поминат и заминат, заборава каде треба да те упати, се сам треба да се снаоѓаш.... плус на закажано чекаш по саат до два, ако е сега поразлично некој нека ме поправи! Гледам подоле прашуваш за др.Кокоромановска, е за кај неа пофални зборови, како прво влегуваш точно на закажаниот термин, нема чекање, докторката си има ред, си знае она колку пациенти може да прегледа и на сите да им обрне внимание, смирена, пријатна.... јас сум задоволна