Искуства со Гинекомедика кај Водњанска, поточно доктор Дејан Божиновски? Имаат промотивни пакети за празнициве, па да слушнам мислења и туѓи искуства би ми значело. Се јавив за пакет од 4.000 денари да закажам што содржи ПАП, ехо на генитални органи, ехо на дојки, колпоскопски преглед , и испитувања за 3 бактерии , и кога прашав колку долго ќе траат прегледите ми рекоа не повеќе од 15 минути... Па некако многу кратко ми се виде ко за се ова набројано, а не се малку пари некако... Резултатите се готови за 5-7 дена, и ми викаат ако се е ок ќе ти ги пратиме на мејл, ако нешто не чини ќе те повикаме во ординација за понатамошна консултација и евентуална терапија.
И веднаш потоа ќе ти кажат дека имаш раничка на матката која тие ќе ти ја средат као за тебе за 150 или 180 евра со попуст. Прочепкај го форумов па сама ќе си прочиташ искуства.
Мене ми закажа за две недели, иначе имаше и термин за првата недела али не ми одговараше мене. Ехо ти е 500 ден, пап на приватно 750 ден. Иначе ако е за на државно ти е бесплатен, само курир плаќаш ако они ти го носат, ако си го носиш сама не плаќаш ништо.
Дали има некоја искуство до Др Гордана Кипроска ,моментално е во Санте Плус ,претходно на клиника ...фала
Женски, може да ми препорацате добар матичен гинеколог во Карпош - Центар? Како се движат цените у генерала?
Јас бев кај Дејан Гинекомедика и ми рече дека имам раничка, меѓутоа не оставив само на тоа и си отидов во Ремедика, истото ми го кажаа и плус ХПВ инфекција од висок ризик, така да не се базирајте само на коментарите од тука побарајте си второ мислење ако веќе идете во Гинекомедика и ви го кажат тоа.
Добро е кога си проверила. На неколку мои блиски им кажаа дека имаат ранички и дека ќе ги средат... откако отидоа на други места, им утврдија дека немаат никакви ранички и дека џабе ќе ги гореле. Мислам дека ти си единствен случај кој го знам да му потврдиле дијагноза.
Јас во мај правев хистеро-лапароскопија кај Тофоски и супер поминав, само пофални зборови имам за докторот и неговиот тим.
Не знам во која тема да прашам,па ајде тука.. Гинеколог ми препиша Octenisept спреј за вагинална употреба, а во аптека ми дадоја без спреј пумпа,на кој исто пишува дека е за вагинална употреба ама треба да се испрска на тампон. Дали ќе ја заврши истата работа или утре да го сменам?
Доколку не си нивни пациент првиот преглед го наплаќаат 3000ден а потоа секој нареден е 1500ден. ПАП тест мислам дека е 1500ден ама за второво не сум сосема сигурна. Можеш да се јавиш или да провериш имаат ценовник на нивната страна
http://plodnost.com.mk/ http://plodnost.com.mk/PLODNOST-CENOVNIK-2018.pdf http://plodnost.com.mk/plodnost-cenovnik-ivf.pdf
Не наплаќа ништо. Прв матичен кој што реално ништо не наплаќа како што и ни следува законски. Млад ама стручен е, достапен и на вибер.