1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Добар гинеколог?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Anonymous, 30 декември 2009.

  1. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Dali ima nekoj iskustvo od dr.Majstorova,ordinacijata se vika Higia se naoga vo Debar maalo?
     
  2. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33

    Како може со картони да плаќаш 1000 ден. :o , јас за 1500 на приватен правам пап и колпоскопија.
    Мислам не ја гледам разликата со и без плаво картонче, би требало да е мн. пефтино ако веќе работат со фондот.

    ____________________________________________________________________________________________

    Ова го пишувам за сите девојки кои се зезнале ко мене :@ и отишле на преглед во Гинекомедика.

    Значи во ноември бев таму и докторкава (Силвана) уште првата секунда кога се појави сликата на екранот експертски донесе заклучок и постави дијагноза : раничка на грло на матка, во фаза цин1 предизвикано од хпв-вирус. Мислам она е толкав експерт што уште на прв поглед, без земен брис за пап може да заклучи за што се работи :o Ме преплаши, ме замисли, не бев рамнодушна во секој случај.
    Стигна резултатот за некој ден и на него стварно тоа што го кажа она, цин1 промена на клетките на грлото на матката. И докторкава нормално одма ми препорача ласер, иако се работи за лезија од низок степен, што може да се санира со имуностимуланси и витаминска терапија, која она ни во еден момент не ја спомна.
    Среќа што не поверував ни на нејзината стручност, ни на точноста на резултатите од пап-от, каде не е јасно потпишан докторот кој го правел ниту има валиден печат од лабораторијата каде е правен.
    Јас сама си решив да земам витамини за имунитет во период од 3 месеци и да појдам кај друг доктор за второ мислење.
    По препорака на другарка отидов кај Д-р Филип Вановски во Хистера. Докторот само праша кога последен пат сум била на преглед и дали бил уреден пап-от, не сакаше да знае кај сум била и што виделе таму. Ме гледаше на колпоскоп зема брис и ништо предвреме не сакаше да збори пред да го види резултатот од пап-от. Кажа само дека има воспалитетн процес околу грлото на матката кое може да е од мн причини, а тоа ќе го покаже пап-от. За 2 дена ми се јавува докторов и ми вика не е ништо страшно, обична габична инфекција од кандида :o мене не ми се веруваше што ми кажува, од цин1 на обична кандида, па каков промашај е ова, сигурна сум дека воопшто не сум ни имала раничка, зашто тешко дека за 3 месеци би се повлекло.
    Појдов кај него и му го покажувам резултатот од гинекомедика за да спореди што сум имала пред 3 месеци и го прашувам како е можно пред 3 месеци да имало цин1, а сега само инфекција од кандида. Одма погоди од кај потекнува резултатот и одма ми укажа дека на него нема ни печат ни потпис на докторот кој го гледал, ниту па печат од лабораторијата, за разлика од неговиот резултат каде си има се (Дијагностичка лабораторија Хистолаб, д-р Проданова). Не сакше да коментира ништо, зашто на резултатот немаше име на доктор кој го гледал, ама на лице му се читаше дека ништо што ќе излезе од таа ординација не е веродостојно.
    Така да девојки, не се залажувајте по атрактивни пакети и попусти што ги нудат овие "гинеколози", туку одете кај некој со препорака од каде што се повеќе пациентки задоволни.
     
    На LadyC, linka и natasa31 им се допаѓа ова.
  3. natasa31

    natasa31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    zdravo da jas sum od bitola i imam dobro iskustvo od kaj tase,i imam mnogu prijatelki koi odat kaj nego i site se zadovolni.covekot ima sovremena aparatura,iskusen e i sovrseno si ja znae rabotata.jas vcera bev kaj nego imav ogromna rana na matkata(sto drugite maticni ginekolozi voopsto ne me lecea i stignav do toa),tase za neceli 10minuti so laser mi ja izgori cela rana i sega mi rece da bidam raat 5godini garancija deka nema da se vrati,ali ako resam da rodam,togas se vrajkala pak,ama se leci na ist nacin.znaci mesto za panika nema,seriozen covek e i mozam samo da go pofalam i nego i negoviot tim.pozdrav

    [mod-kirilica:2hnj6wuw][/mod-kirilica:2hnj6wuw]
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Апсолутно истиот случај го имави јас, во декември бев во Гинекомедика кај др. Силвана и таа само што се соблеков не помина ни 1 мин.ми кажа дека имам хпв ама не е ништо страшно и ми препорача да се отстрани ласерски и ми зема брис за пап и после 2 дена ми се јави по тел.и ми кажа дека имам аскус покажало на пап тестот....и ми рече да одам во одинацијата да се договориме за лечење и јас прв пат во живот дознавам за тие болести после тоа отидов кај мојата матична и си беше се во ред, така да и јас сум против Гинекомедика и им советувам на сите кои саккаат да одат таму џабе да не одат за погрешни мислења...
    поздрав
     
    На linka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Леле девојки читајќи ги вашиве постови се преплашив :(
    Скоро почнав да имам односи и планирав да идам на гинеколог али сега ми е страв.
    На мајка ми незгодно ми е да и кажам, па така да ќе си почекам до лето па ќе идам тогаш и се надевам дека ќе најдам некој асален.
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ајде и јас да кажам за моето искуство, подолго време се мислев кај да одам, и се јавив во гинекомедика ама во битола,и кога прашав за закажување ми рекоа прво треба да дојдиш да те види докторката, па после тоа ке ти каже дали може да ти биде матична, а тоа е истата таа силвана што работела скопје. Мојата деверица беше кај неа и оваа и рекла дека нее бремена, а таа всушност беше, туку дека има нешто на матката па требало да оди да се лечи :^) искрено се прашувам дали некој има нешто позитивно за оваа докторка???? :!:
    јас сега одам во неуромедика во бт, и морам да ја пофалам докторката , срцка е :)
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Добро бе се чудам за таа гинекомедика. Зошто никој досега не ја тужил? Читав сериозни грешки од страна на гинеколозите таму. Сите веќе знаат што идиоти се, жално е што некои не се информирани па се упропастуваат таму. Катастрофа, мора да и дојде крајот на таа клиника и на докторите таму, засрамота!
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Minka

    Minka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Девојки, вашето искуство треба да го напишете и на интернет страницата на Гинекомедика, како и на нивната Фејсбук страница. Се што прочитав на нивните страни се само пофални зборови. Посебно ги привлекуваат студентките и младите девојки. Знам дека можеби ќе ви бидат избришани постовите, но сепак вреди да се обидете. Можеби така ќе спречите некој друг да појде кај нив.
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    како поединец не може никој ништо да постигне,но ако се здружат сите со лошо искуство од оваа ординација јас мислам дека тогаш може да се спречи и понатака докторката да им ги уништува буквално животите на пациентките :envy:
     
  10. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Значи како што кажав во еден од претходните мои постови, и јас го имам истото искуство во Гинекомедика кај докторката Силвана, само што јас првиот пат бев на преглед во Битола и од прва ми утврди раничка на грлото на матката и ми рече дека имам ХПВ, по два дена ми се јави и ми кажа дека ПАП-от покажал ЦИН 1 и дека треба да одам Скопје за третман со ласер. Како што гледам на сите девојки им го кажува истото само за да им ги земе парите. Повеќе не одам кај неа, само сакав да прашам за во Неуромедика во Битола дали работат со сини картони и колку кошта еден преглед таму?
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    да работат со сини картончиња, мислам дека уште има простор докторката да ти се пиши матична, јас бев во јануари. а на приватно е 500ден обичен преглед, а со картончиња е 200ден
     
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    И јас во Битола бев прв пат (и последен) во гинекомедика кај Силвана, значи апсолутно истото го кажува на секоја девојка што иде прв пат како што читам по постовите......ужас :doh:
     
  13. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33

    Искрено да ти кажам, толку се изнервирав и толку бев изреволтирана кога дознав дека резултатот од гинекомедика е тотална грешка, прво што ми паѓаше на памет беше да и отидам на таа гуската и да и ги фрлам пред нос нејзините резултати, па и да ја тужам на крај ако треба, ама кој ќе се замара, нејќам да си губам здравје и време со такви идиоти како нив. Од една страна бев страшно изнервирана што 3 месеци бев во заблуда и во константен стрес поради дијагнозата, а од др. страна ми олесна што сепак се е во ред со мене и можам да здивнам. Али нека и служи на чест на докторката и нека ги носи на душа сите пациентки кои ги прелажала и кои ги довела во заблуда :@ :(
     
    На linka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Море ми се иде да и отидам во Гинекомедика на Силвана и да и плукнам во лице. Ама ќе почекам да се породам прво, живи здрави па со детето во раце ќе и отидам ( тоа истото дете што таа ми сугерираше да го абортирам, заради расипаниот апарат, а само пари да земе), да се засрами ако бар малку има совест!!!
     
    На linka и Anet4e им се допаѓа ова.
  15. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Епа супер, наредно планирам таму да одам на преглед, само дали ќе можи да ми кажиш како се вика докторката и ако имаш број пиши ми за да закажам. Фала многу :)
     
  16. Reny

    Reny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Ги читав мислењата за гинеколози, па би ве замолила доколку некој го има бројот на др.Тања Хаџиевска-Илиевска да ми го даде бидејќи слушнав многу добри мислења за неа. Ве молам итно е ми треба второ мислење за мојава ситуација :(
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас бев кај Д-р Матевски во поликлиниката Јане Сандански, но услугата и односот на докторот и на сестрите се катастрофални. Ниту можеш да прашаш, па и да прашаш никој не те слуша. Условите се никакви, ниту организирано а уште полошо ниту чисто.

    Сега сум кај Д-р Кузманоска во Промедика Гинеко, и можам да кажам дека е одлична. Трпелива е и стручна, умее да те сослуша, да те посоветува и сл. Достапна е за пациентите 24-7 а и самиот однос на вработените кон пациентите секогаш е на ниво.
     
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    важит ке ти пишам покасно во пораче ;)
     
  19. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Со добар гинеколог немам искуство - Па кај се скриле ? Ама затоа можам да предупредам за Д.р Џекова (во јане сандански),како за лош гинеколог.Женава само гледаше како повеке пари да ми земе, значи кај нејзе одев 3 години со надеж дека конечно се ке биде во ред, но попусто,ме исцеди.
    Во потрага сум по нов добар матичен гинеколог.
     
  20. kate0910rina

    kate0910rina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Здраво на сите фемина форумаџики, нека ни е срекен и за многу години нашиот празик 8ми март иако на нас треба да ни се посветат сите 365 дена во годината а не само ден... ;)
    И јас како и повеќето сум во потрага по „нормален“ гинеколог но некако не можам да се одлучам за кој.
    Пред 5 години кога бев прв пат на гинеколог (приватен) непосредно по првиот с.однос добив таква фобија од тие прегледи а згора на тоа и платив многу скапо, што после тоа ми беше страв да помислам да одам пак на преглед.....но сега морам да пронајдам некој добар доктор и конечно да проверам што се случува таму доле, не само поради нередовниот циклус туку и поради тоа што сум му пренела некоја инфекција на дечко ми и неможе да се излечи зошто не се знае што ми е на мене.... :$
    Ми ги препорачаа др.Емилија Трајковска од Јане Сандански, др.Оливера Арнаудова,....... а за другите слушам само критики.......и сега кога ги читам вашите коментари уште повеќе ме фаќа страв :worried:
    Би ви била многу благодарна ако ми кажете за добар доктор по можност да работи со сини картони да не треба да плаќам се приватно и конечно да отидам на преглед ;)
    поздрав и се надевам дека ќе ми излезете во пресрет :)