Правев брисеви пред 1 месец државно ми ги испратија, а папот ме праша матичната дали сакам приватно или државно. Така да работат сигурно.
Дали е добро и потребно да се оди на редовни гинеколошки прегледи кога девојката не е сексуално активна како превентива? Немам никаков здравствен проблем и хигиената ми е на високо ниво секогаш. Само ме интересира дали се оди на редовен генеколошки преглед превентивно барем неколку пати годишно бидејќи до сега не сум одела.
2 пати годишно претежно се оди, еднаш на обична контрола матка,јајници еднаш за пап тест Убо е да се оди за свое здравје
Би ви ја препорачала Др. Марија Коцева во ПЗУ Ложанковски. Ординацијата се наоѓа позади зимска Хавана во Скопје. Докторката е млада, фина, убаво објаснува и прашува се што треба. Ќе ти одговори на сите прашања што ги имаш. Бидејќи ми е матична веќе, ми наплати 250 за ПАП тест и 500 за ехо.
Јас бев на гинеколог овде,презадоволна сум од пристап,објаснување и се. Соработката врв. Е сега ми рече дека сум комплетно здрава според ехото ама ми даде контрацепција за рамнотежа на циклусот. Ми кажа дека ќе ми се регулира со нив,да немам болки,да не се мачам. Ама и дека ако сакам да имам бебе речимо ќе треба да ги прекинам тие,да купам други и после три месеци да се обидам за бебе. Јас стварно не знам што да правам. Некоја да сподели искуство?
Во четврток и петок знам ми кажаа од 9 до 3 дека работат, а и во вторник мислам тоа време, затоа што бев во вторникот на преглед во 12. Другиве денови не знам дали исто раб време имаат.
Се оди од добивање на прв циклус. Редовно еднаш годишно. Ракот на матка и јајници за жал не се јавуваат само кај постари жени.
Јас бев на преглед кај Др.Лолита и сум презадоволна. Докторката е смирена, те прашува буквално се и многу е заинтересирана. Пап тестот ми рече да го правам државно, со образложение дека на ехо може да се види доколку постои нешто, моментално нема потреба за трошење пари. Можеби е и првиот гинеколог што вака искрено ми пристапи.
А што е тоа што треба да се види на ехо за да биде индикација за да се направи ПАП? Ова или јас одам кај погрешни доктори или читам погрешни статии. Ќе испадне дека освен од неинформираност и од дезинформации си патиме.
Не прашав ама веројатно се гледа и преку алатката на која има камера а става кондом ако си чиста немаш потреба, а ако не си тогаш треба.
ПАП секако се прави еднаш годишно, па и ЕХО, освен ако не се јави некој проблем во меѓувреме па да има потреба од ПАП и/или ЕХО.
Знам многу добро за што се прават, иронично го кажав тоа погоре. Муабетот ми е дека врска нема дека ехото е индикација дали да се прави ПАП. Едно со друго немаат поврзаност. Ехото може да е најнормално, а ПАП-от да покаже предканцерогени промени. И обратно, ПАП-от да е сосема во ред, а на ехо да има циста на пример. Форумов го чита секоја втора девојка во државава. Некоја ќе прочита нешто вакво, па нема да и текне да направи ПАП во наредните 5 години, дека нели ехото е во ред. Затоа ве молам да се обрати внимание што се пишува.