Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Добар гинеколог?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Anonymous, 30 декември 2009.

  1. gruevska

    gruevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    ve molam ako znaete nekoj dobar ginekolog zensko so plavi kartoni :)
     
  2. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Јас одам кај прим.д-р Рушка Серафимова, ординација ГАНЕШ, се наоѓа во Капиштец. Добра е, ама не работи со плави картони, за пап, колпоскопија, микробиологија, ехо - све заедно плаќам 2.000 ден. На мејл ми ги праќа резултатите, а ги носи во Државна...
    Од др.Митаноски на крај не бев многу задоволна, колку и да беше добар, со текот на годините почна да станува премногу изморен од многуте пациенти. ОК, фин беше, но...не знам, на толку многу работа, секогаш микробиологијата САМА си ја носев на клиника, мислам...за што плаќам?! Кога еднаш го прашав Зошто сестрите не ги носат?! - Па немаат време...АЈ ЖИТИ СЕ!!!
    Не кажувам дека не е добар, но има премногу пациенти, а сега слушнав и дека работата му ја пренел на синот.
    Има ли некој што оди кај Рушка Серафимова? Јас сум задоволна од неа, но ако некој има некакво искуство...
     
  3. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Сум била само кај др. Александра Шопова од Ремедика. Мислам дека жената е екстра и има многу познавање. Има ли некој искуство со неа да сподели мислење?
     
  4. jule84

    jule84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    945
    Пол:
    Женски
    А мене казете ми како да отидам на гинеколог имам 26 год и уште не сум била многу ми е страв незнам што да правам?
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Немај гајле, ич да не ти е страв. Нема ама баш ништо болно, ништо. Шо ако си 26, јави се закажи и иди. Битно е да отидеш сега, немој да мафнеш работава поради глуп страв. Било - поминало....време е да се провериш
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    навистина е лошо да го одложуваш одењето на гинеколог :( ова ти го кажувам од лично искуство, јас се мислев не месеци, туку неколку години, и постојано си велев утре, утре ама никако да отидам... а фала богу немав проблеми, ама сега си одам редовно и мирно си спијам :lol:
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    За Рушка Серафимова имам слушано позитивни коментари од karak мислам.
    И чекај... за пап , колпоскопија микробиологија и ехо све заедно комплет 2000 денари? :^) Ефтино бе.
     
  8. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Да, да, 2000 и е се. Кога ќе размислам, одиш (ако е се во ред) 2 пати годишно, така да не е скапо....А еве сега ќе одам само на ехо, 1000 ден .... во секој случај добра е.
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Рушка е ѕвер жена :)
    Успеа да ме извлече од најкритичниот момент кога незнаев што да правам со себе, и кога немаше апчиња за ден потоа. После тоа многу пати сум се консултирала со нејзе по телефон во врска со контрацептивни апчиња и секогаш била отворена за совет и мислење.
    Не одам кај нејзе на редовни прегледи, од причини што е приватник и неможам финансиски да си дозволам таа да ми биде матичен гинеколог, но знам дека ако не дај боже ми згусне за нешто, обавезно и се обраќам нејзе.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ај нека ми пише некоја од вас бројче од др. Надица или од др.Тања Хаџиевска-Илиевска во Млин Балкан...морам да го сменам мојов доктор.... :worried: ...сакам некоја од овие две за матична...ај кој знае плссс..
     
  11. gruevska

    gruevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    ve molam ako imate broj od tanja hadzievska :) vo mlin balkan
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    ХЕЕЈ феминки
    Од неодамна го сменив матичниот гинеколг и сега одам во ординацијата д-р Ложанковски ама матичен ја земав доктораката Радица (порано работеше во Воена болница), по препорака на свекрва ми и сестра ми.
    На приватно одам во Хистера, кај д-р Филип и сум презадоволна, имаат најсофистицирана опрема, професионален (супер) однос од страна на сестрите и докторот. :)

    Доколку има некој искуство со горенаведените Ве молам пишете, бидејќи до сега само позитивни коментари и препораки имам за двајцата.
     
  13. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Не знам каков доктор е Парталовски, ама побезобразно суштество од него не сум сретнала! Ние сме жени, прегледот се врши на „голо“ - доволно е стресна самата ситуација па уште и некој си некултурен човек да ви се смешка иронично и на вашите прашања да одговара со „што си завршила ти? кај си го прочитала тоа? си завршила ли медицина? тогаш не кажувај многу“ ?!?!? Не планирам НИКОГАШ да одам кај него. Најинтересно ми е што некои девојки/жени одат кај него бидејќи мислат дека подобро нема. Систина засега ми оставија најдобар впечаток. Да, скапо е, ама барем резултатите се подготвуваат таму, нема потреба да се оди на државна во микробиологија со брисевите и да се чека со сите болни таму кај што дефинитивно ќе закачеш некој вирус од болните кои дошле за брис на грло... Пак ќе речам: не ми даде шанса да ја откријам неговата стручност, бидејќи ме одби уште веднаш со дебилното однесување. Не знам за вас, но јас кога плаќам, сакам да се однесуваат спрема мене со должна почит. Како што и јас се однесувам со нив-докторите. Особено повеќе кога се работи за гинеколошки преглед кој сам по себе е непријатен.
     
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Јас одев едно време кај Ложанковски, ама кај него лично уште кога работеше во Млин балкан.И да ти кажам дека јас бев презадоволна од него.Ипак само позитивни коментари!!!!
     
  15. lovece

    lovece Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo ,
    Jas odam kaj dr. Ljubica Kuzmanoska vo Promedika ,mnogu sum zadovolna i samo pofalni zborovi :)
     
  16. caci-maci

    caci-maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Здраво

    Јас одам кај Мајсторова. Таа ми е и матична, ми ја води бременостѕа од почеток. Сега за сега сум многу задоволна но несакам да ја урочам жената. Прегледот не ми трае под 40 минути. Објаснува се што прави што гледа како на мало дете. Навремено ми кажува за сите работи. Таа му е ќерка на др Органџиски од Штип а тука е мажена исто во фамилија гинеколози. Сестра ми за нејзината бременост одеше во истата ординација меѓутоа тогаш работеше свекрвата на Снежана. Да не ја фалам претерано, меѓутоа сега за сега докторката е професионалец. Единствено мислам дека за матична не ги прифаќа сите. една моја другарка беше претходно кај неа, меѓутоа не беше трудна и и рече дека нема место. Сестра ми беше спремна да се испише од кај нејзе за мене да ме прими да ми ја води бременоста ама оваа прифати без проблем.
    Е секој ехо преглед си го плаќам по 600 ден, ама вреди :)

    позз
     
  17. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Za Higia pisav vo prasalna forma za da spodelite i vasi iskustva:)
    Potpolno se soglasuvam so vaseto mislenje,Inaku i jas odam kaj Dr.Majstorova veke podolgo vreme(osven za bremenosta i poragajot odev vo Sistina) porano odev kaj nejzinata svekrva a sega sum kaj Snezana,znaci za doktorkata samo najdobri kometari i sekoj denar koj sto go naplaka e zasluzen, inaku i jas plakam 600 den pregled,a za maticna se uste ja neam prasano poradi toa sto prethodno drugarka moja (po moja preporaka) pocna da odi na pregledi kaj doktorkata i i kazala deka ne moze da i bide maticna poradi golemiot broj na pacienti---pa se razbira koga e najdobra:)))
    Na site feminki najtoplo vi ja preporacuvam:)))
     
    На julie-p му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Девојки бил ли некој кај Александра Шопова во ремедика?Мене многу ми ја фалеа и сакав да одам.Пишете ако имате некое искуство :)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има искуство со Др. Спасе(мислам) Цветановски? Имал ординација кај билна аптека, ми го испофалија, ама јас да си прашам тука :lol:
     
  20. Tehnolog

    Tehnolog Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Apsolutno se slozuvam so tebe. Jas odev kaj Dejan od Ginekomedika i mi kaza deka navodno imam HPV i deka mora pod itno da me zrace so laser. Me ispanici, bev na zracenje i me zede 100e. Isto taka bea i moi 3 drugarki od koi 2 navodno imaa isto taka HPV ama na niv im imase kazano deka zracenjeto e 130e. Togas mi stana sumnitelno i bev kaj Nadica vo Intermed. Mi kaza deka Dejan me zracel bez potreba i deka trebal da mi pravi i drugi testovi kako na pr. tipizacija za HPV, a toj ne mi pravese takvi testovi i se mi bese jasno deka se raboti samo za pari. Taka da ve sovetuvam ni slucajno da ne odete vo Ginekomedika zasto znam eden kup slucaevi kako mojot!!!

    [mod-kirilica:2y5jc0qv][/mod-kirilica:2y5jc0qv]
     
    На shedevil му/ѝ се допаѓа ова.