Здраво женски може некоја да ми каже цена за преглед и само за ехо во ремедика Ми пронајде матичната циста ендометриоза со големина 25мм целата сум во паника па сакам да побарам и второ мислење
Ординација Др. Ложанковски кај Д-р Марија Коцева. Ја имам како матична од скоро и многу сум задоволна. ПАП е 200 (или 250, не се сеќавам точно) а ЕХО 500. Резултати праќаат по порака по околу еден месец. Работат со плави картони. Докторката е префина и топло ја препорачувам.
Не знам дали моментално прима нови пациенти, но мене и уште една другарка не прими без проблем пред некој месец, така што претпоставувам дека би те примила и тебе. Еве ти број па најдобро јави се и прашај - 078 338 682.
Здраво. Дали некоја од вас има искуство со водење на бременост и породување кај доктор Јорданчо Иванов во Систина?
Препорачајте ми некој матичен гинеколог во Скопје каде што они ги носат брисевите, да не треба јас да одам (и со плаќање нека е).
Здраво! Сакам да ве прашам мислење на Снежана Органџиска-Мајсторова во ПЗУ Хигиа. И ако има некој одено колку ќе ме чини вагинален и ехо преглед. Фала однапред
Доколку се работи за обична годишна контрола не ти треба упат од матичен лекар. Едноставно се јавуваш и си закажуваш а кога ќе стигнеш на терминот ќе ги известиш дека сакаш да ја одбереш како матична. Во случај да имаш матична и сакаш второ мислење од оваа докторка, тогаш ќе си закажеш и ќе си платиш приватно. Барем ова е она што јас го знам, нека ме исправи некој ако имам погрешно сфатено. Зборот ми е дека кај докторката може и приватно и државно, односно со плави картони доколку ти е матична.
Читајќи ги постовиве едно по едно, сакам и јас да напишам нешто во врска со Докторот Тасе Цветановски, кој ми беше матичен гинеколог со години, од првиот преглед па се додека не посакав да имам деца. Инаку во меѓувреме ми наоѓаше, те некоја инфекција, те некои апчиња, па ме прати на операција за да оперирам бенигна циста, и сето тоа помина како што помина. Сега дојде на ред планирање семејство, нормално сакав да се испитам пред да почнеме да правиме било што со сопругот. И на испитувањата се е супер хормони добри, јајници на место матка одлична, значи нема пречки. Супер, среќни и задоволни со партнерот се фаќаме за „работа“. И ништо не се случува помина една година, почнав веќе да се разочарувам, одам пак кај Тасе, да видиме каде стои работава, сопругот направи спремограм, и повторно немаме никакви проблеми, и ме испрати со порака, да размислам дали сакам инсеминација, бидејќи нема причина да не останам бремена. Нормално дека не беше лесно да се одлучи, но сепак бидејќи немаше никакви пречки со сопругот се одлучивме да си дадеме уште малу време за природно забременување. Патем фати и кризата со короната, па мислевме дека ќе ни се зголемат шансите. Но, како поминуваше времето веќе почнавме серизоно да бараме одговори, на интернет и слично. Случајно на групер најдов купон за испитување на плодност во NewBorn Clinic. Закажавме таму и тргна работава, Докторката ми кажа дека имам ендометриоза, и дека можно е да ми се непроодни каналите. Ме посоветува да напаравам ХСГ во систина, тоа го направив истиот ден, на резултатот пишуваше женска инфертилност, јас незнаев веќе како се викам. Следниот ден отидов пак кај докторката, и таа ми кажа дека едниот канал е можеби оштетен, а другиот е делумно прооден, и дека е невозможно да забременам по природен пат, добив препорака за лапараскопија па ин витро. И после сето ова што ми се случи, посакувам никогаш да не стапнев во таа ординација, а ова го напишав само за да не му се случи и на некој друг ова што ме снајде мене.
@sweetie 981 Не сакам никого да навредувам и да се објаснувам за нечија стручност, ама човекот е дефинитивно НЕЗДРАВ Им препорачувам на сите што се таму под итно да си го сменат. Не знам како успеал да види полип шо е најстрашно и мене ми го покажа не сфаќам како и шо уопште беше тоа , ми рече раничка имаш,итно ми закажа операција на клиника и БЕЗ ДА ГО ДОБИЕ ПАПОТ ми рече да дојдам одма после зафатот на типизација нешто брисови за хпв, цинови, канцери чуда спомнуваше..јас се извадив од памет почнав да плачам, бидејќи не ми беше за верување се тоа со оглед на тоа што имам 21 год, еден партнер уште од почетокот како имам односи и двајцата одржуваме хигиена на највисоко ниво..Веднаш после тоа отидов во Ремедика кај доктор Димитров ( секоја пофалба за него ) и на ехо и на колпоскопија ме гледаше и не виде тотално НИШТО Ми рече почекај го папот, не оди не прави ништо, јас сум 99% сигурен дека ќе биде уреден и се ќе биде во ред а потоа ОДМА СМЕНИ СИ ГО ДОКТОРОТ. Се бидна како што и кажа, папот супер, а јас едвај се воздржав да не отидам и да отерам све таму кај што не треба СРАМОТА
Стандардни дијагнози рандом има човекот, и си ги дели, мене исто ме прати, на операција прашање е дали требаше и јас имав околу 20 21 година кога ме прати кај негов доктор на операција, и јас со цел памет го послушав, а сега незнам кој крај да го фатам. И страв ми е кај било кого да појдам.