1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Добар гинеколог?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Anonymous, 30 декември 2009.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Се мислев дали да пишам или не...но решив да споделам мислење сепак...
    Искрено каде се не сум била(имам проблем со цисти на јајници и нередовна меструација)
    со с.искуство почнав мнн мнн касно, иницирано од докторка во СИСТИНА..
    за да можела да ме прегледа рече дека не било пожелно да сум невина и дека не било човечки да го почне тоа нешто како преглед...Па затоа се подложив на с.однос, за кој се уште не бев спремна(психички заради една траума од порано-мислам дека Ви стана јасно горе доле кој тип на траума е), но како и да е сепак го направив тоа за да ми каже докторката дека имам проблеми на хормонска база и секако цисти на јајниците ...се прашував долго време зошто беше обавезно да имам с.искуство за да ме провери со ехо(надворешно) и да ми земе брис-со долгата „чепкалка“???
    .....
    последно во Бугарија имав еден преглед кај една докторка која била незнам ти што - едно 200 поста на форум прочитав за неа како била се нај нај, за да ми каже мора да одиш на ласерска операција(или Лапроскопија- во зависност кое ке решам за да ми ги стимулирале јајниците или да Физички ги чистат од цистите)...искрено неможам да поверувам 1в пат ме гледа, внатрешно ехо, одма дојагностика, одма име на доктор кој го претпочита..или соработува со него... „странец лесна риба за обработка“(но не и пациент за кој треба да се грижи и за кој како и сите други лекари дала Хипокритова заклетва)...

    ЈАс имам многуу лошо искуство во потрага по доктор(во права смисла на зборот) и никој не ми кажал што и како?! никој не ми дал „идеа“ за третмани или која опција треба да ја правам!!!


    ПОздрав мои феминки, јас сум уште во потрага ...ама гледам дека не сум сама!!!

    Само нека им служи на честа на сите оние кој ги прочитав и сум ги сретнала до сега и гледаат само бизнис од својата работа, Господ е сведок и само тој може да им врати.
     
  2. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Дали знаете колку пари е ехо и пап тест во систина??
     
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Сум била еднаш кај него, исто така зашто ми го препорача еден куќен пријател (поранешен гинеколог) како одличен доктор. Се најдов во ситуација итно да ми треба преглед, а се погоди празник (мислам бадник или Божиќ беше) и никој жив не работеше. Излезе човеков да работи, се јавив, ме прими, ме прегледа, среќа ништо сериозно не беше, ми стави инекција против болки и буквално ме спаси тој ден :)
    Исто така моја другарка ја водеше бременоста кај него, све супер помина, а после тоа и еден абортус имаше правено кај него бидејќи работи и како акушер, има лиценца. Мислам дека работи и со плави картони.
    Ординацијата му е спроти Билна аптека, од другата страна на улицата, во зградата одма до Коки, инаку правото име му е Тасе Цветановски.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми каже за Др. Наде од Интермед?? Сакам да одам ама нз кај кој дали кај Наде или кај Татјана од Млин Балкан. Хелп
     
  5. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26

    Драга figiiMK би ти ja препорачала http://www.organdziski.com/ која се наоѓа во Штип-редовно одам таму и презадоволна сум од докторите,од нивната спремност,стручност,нивното внимание и посветеност кон пациентите.Знај нема да згрешиш! поздрав
     
  6. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Figgi MK neznam dali si od Skopje no najtoplo ti ja preporacuvam Dr.Organdziska-Majstorova(kerka na Organdzinski od Stip) doktorkata e nadobra- dolgo vreme sum nejzin pacient i sum prezadovolna od nejzinata strucnost i priodot prema pacientot,nekolku pati me ima leceno za cista na jajnicite i sega sum super:))) pregled cini samo 600 den. a pregled so PAP 1000den (vidi prethodnata strana imam pisuvano za ova) ordinacijata se vika Higia a se naoga vo Debar Maalo,nemj da uitas nasekade i da frlas pari za nesposobni doktori,otidi tuka i ocekuvam pozitiven odgovor :)))
     
  7. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Mislam okolu 4.000 denari, a istiot pregled na drugo mesto bi te cinel mnogu poevtino(do sega pisuvav za Majstorova i toplo ti ja preporacuvam)

    [mod-kirilica:1r25iveq][/mod-kirilica:1r25iveq]
     
    На kiki4kablondy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300

    Ви благодарам и на 2те искрено моментално сум веке 4 години во Бугаријава и кога си идам си идам само за викенди така да тешко да можам да ги погодам да работат..( но идат подобри времиња ке земам слободни денови)
    Искрено мое мислење е ако се работи за здравје колку и да треба пари да се дадат ке се дадат, но несакам да ме прават будала(како што знаат-или си мислат дека ке сум наседната)....
    поззз и уште едно големо Благодарам
     
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Јас го препорачувам Др.Боро Парталоски.
    Дефинитивно најдобар, најсовесен гинеколог во цела Македонија, верувајте.
    Мене и на многу мои пријателки кои ми го препорачаа ни има многу многу помогнето.
    За него имам само пофални зборови, со двете бремености многу ми помогна.
    Многу добар дијагностичар е и знае точно каква терапија е потребна за лекување, одличен е.
     
    На AnelijaP му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    ^ ^ ^
    За figiiMK

    Нема на што figiiMK ќе ми биде драго да бидеш задоволна и се да биде во ред ;) А инаку клиниката мислам дека работи и во сабота-во секој случај има број за контакт,па лесно ќе можеш да дознаеш се што ти треба :) Биди поздравена :hai:
     
  11. Girl.of.Shambala

    Girl.of.Shambala Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, сакам да прашам дали можете да ми препорачате добар гинеколог во областа на Неготино, Демир Капија. Не сум била на гинеколог досега , но со оглед на тоа што започнав со сексуални односи сакам да отидам. Кога би знаела мајка ми би било многу полесно , би ме однела кај нејзиниот гинеколог кој што ни е и и многу добар пријател. Но имам 16 години и не би можела сеуште да и кажам дека веке имам односи. Чуствувам чешање во пределот на гениталиите а и од неодамна имав инфекција шерихеаколи во мокраќата. Пиев разни чаеви , сега користам и крема Канестен ( или понекогаш Кансен) но сепак морам да отидам на гинеколог. Ве молам за совет , однапред благодарам :*
     
  12. igirl

    igirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Moze li da mi kazete kako da zakazam kaj d-r Pavle Kokormanov? Vi blagodaram odnapred
     
  13. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    па вака имам едно прашање до сите имам нередовна менструација и кога докторката ме гледаше на ехо ми рече дека не мозела да ги види јајниците затоа што мочниот меур ми бил празен те требало да ми се моча.сакам да знам дали е ова мозно или е уште 1 обид за земање на пари.позз
     
  14. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Знам на мајка ми и рекоа за да прави ехо на мочен меур мора да е полн меурот
     
  15. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Ај некој ако може да препорача добар гинеколог во Велес, се двоумам меѓу Синадинов и Перкова??? :^)
     
  16. sonjicka86

    sonjicka86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Sum odela i kaj Hadzieva i kaj Loazanbkovski i kaj majstorova....od site sum zadovolna samo sto sum od drug grad ovdeka pa samo setam po ginekolozi neznam kaj da se stacioniram..i uste nemam odluceno..dali odel nekoj u promedika i kako e tamu??? ima li nekoj sovet koj e podobar od site ovie..
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    За добар гинеколог во Велес имам слушнато дека бил само оној што е началник (или којзнае што, битно како одговорен) на гинекологија. Не го знам човекот кој е, но благодарение на него една моја роднина остана жива. Сите останати гинеколози во градот ја буткаа во гроб!
     
    На Tanjus му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.285
    Пол:
    Женски
    Не е само обид за земање на пари, туку кога ти прави ехо на јајниците навистина мора да одиш со полн мочен меур за убаво да се диференцираат.
     
  19. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Девојки да ве прашам дали некој ваш партнер бил на уролог ве молам препорачајте некој !!! Знам дека прашањево не е за тука ама незнаев каде да прашам... :(
     
  20. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    За добар гинеколог во Велес имам слушнато дека бил само оној што е началник (или којзнае што, битно како одговорен) на гинекологија. Не го знам човекот кој е, но благодарение на него една моја роднина остана жива. Сите останати гинеколози во градот ја буткаа во гроб![/qu

    Во Велес нема ниеден добар генеколог,само тоа ќе го кажам!Од лично,а и од искуство на познаници ни од Перкова,ни од Синадинов нема аир...Доколку сакаш прегледот да го направиш со сини картони најдобро оди во болница кај Д-р Василев(барем за него кажуваат дека бил нај арен) а ако имаш финансиска можност и сакаш да отидеш во вистински раце ја имам напишано веб-страната на Д-р Органџиски во Штип-нема да згрешиш! Поздрав :)
     
    На Tanjus му/ѝ се допаѓа ова.