@Annath тебе те прочитав дека одиш кај Радица Бојчева. Колку се плаќа пап на приватно,кај го праќа на испитување и колку ти зима за ехо? Еднаш бев кај неа после породување,па не се ни сеќавам колку ми наплати за ехо. А папот го прати во државна , ама сега не сакам таму,сакам на приватно.
Не сум веќе кај неа, ја сменив. Иначе за ехо 500, за ПАП ако тие ти го носат 800 (во Хистолаб мислам беше последно), брисеви не ми текнува колку платив. Последно правев ехо, ПАП, брисеви на ГАК, сама си ги носев, ехото беше бесплатно, папот 500 во Хистолаб, брисевите 700 на микробиологија во институт за јавно здравје. Поевтино ми е вака, од кај Радица без 2000 не излегував, што дека ми беше матична.
Сега кај кого си? И јас би ја сменила заради чекањето и цените од ракав без фискална сметка. И сестрата баш не е цвеќе за мирисање со односот кон пациентите . Јас би направила ехо и би си однела сама брис од пап во Хистолаб,ама верувам дека кај Радица ќе ми наплатат и за стапчето со кое ќе ми го земе брисот. Ако имаш препорака за друг матичен,пиши.
И јас толку платив во Ложанковски. 500 за ехо, папот приватно во Хистолаб 800. Ако сакаш на клиника 250 е за папот, а ако го носиш сама на клиника не се плаќа, само ехото ти го наплаќа. За брисеви не знам колку е.
Не знам друг во Скопје, во Охрид си запишав матичен гинеколог, а тука во Скопје одам на годишни контроли на ГАК кај ќерка му на мојот матичен гинеколог. А Радица мене ме нервираше и што многу збори, и не ми помогна да го решам проблемот што го имам, упорно ми тврдеше дека имам инфекција иако сите брисеви и испитувања ми се чисти и само ми даваше терапија што не ми помага никако. Настрана што не знам колку пати ги повторив, исто беше.
Надица Героска, од Мама не наплаќа ништо за трудници. Ни еден гинеколог не би требало да наплаќа. @edna_malecka матичен гинеколог да си најдеш. Еден пап те следува бесплатно ама наплаќаат партиципација од 50 или 70 денари. 300 денари е партиципација за ехо.
Чудно. Тогаш ново и е. Јас баш бев и дојде да плати трудница и и рече сестрата "бесплатно е, за трудници не се плаќа ништо". Или за кој како и дојде...
Јас постојано си плаќав за ехо, брисевите еднаш не ми ги наплати зошто демек бесплатно. Требаше да го повторам заради недоволен матријал ми наплати.
Мене Д-р Радица ми е матична, последно за ехо, микробиолошки брисеви и ПАП се приватно платив 2400 со тоа што они да ги носат брисевите.. скапо е... Ама мене повеќе ми пречи односот на сестрата и тоа што се чека многу за термин... И ја би сменила...
Цел ден вртам кај Радица не ми се јавуваат на двата броја. Ако не се јавува на телефон,што понатака да очекувам од ваков доктор? Можеби и сестрата е виновна за ова,но веќе не ми е важно дефинитивно одам кај друг. Ве молам споделете ако имате искуство со Сузана Костовска , Вероника Кокоромановска Жаклина Чочоровска и Снежана (не видов презиме) од ординација Коруновски во Ново Лисиче. Уште нешто, дали ако отидам на преглед по приватниве клиники и ми земат брисеви ќе можам да ги однесам во државна микробиологија или мора кај нив да се направи испитувањето?
Јас Јас сум кај Снежана Миланова КАЈ Коруновски и топло. Ја препорачувам посветена е на секој проблем и има познавање од трансфузиолог ки аспект, знае што треба кога се работи за критични.сестрата исто така достапна во секое време. Докторката е сега на боледување треба да се врати на 22 чинам.