Mene mi e.maticna Ana nema sansi da ti go stavila odma, sekogas cekam po eden saat i se vrakam da go zemam i sestrata mi go dava.
Е па толку ми наплатија партиципација со упат, сама си ги однесов. А приватно се 6000 денари сите четири бриса. Радица за брисевите 1000 ми земаше, а матична ми беше.
Искуство со Др.Вероника Кокороманова и поликлиника Ложанковски (др- коцева) ? Многу би ми значело ако може некој да сподели, или препорака за добар гинеколог ( приватен ) ама да не е Коруновски. Тенкјууу
Лично не. Ама од неколку блиски луге се имам изнаслушано еден куп глупости и од таа причина не би кај него.
Здраво, мислење за Надица Кекиќ, некој дали ја има неа за матичен гинеколог? Ми спомнаа дека сега во Идадија била, па би била благодарна за секое мислење што ќе го кажете Размислувам во моментов да сменам матичен гинеколог, па се мислам помеѓу Надица Кекиќ и Вероника Кокоромановска.. Ви благодарам однапред
Одам на гинеколог прв пат кај оваа др. Влегувам внатре фино средено,читам известување преглед,ехо и земање брисеви ако ти е матична не се наплаќа. Излегува една пациентка сестрата и вика 500ден за преглед. Ај викам може не и е матична. Доаѓам на ред прашувам дали може покрај прегледот и брисеви и пап да направам. Вика касно е за брисеви. Ок ,може сама да ги однесам? Не постои таква опција ние ги носиме. А папот? Исто ние, ако сакаш на приватно во Хистолаб е 1000ден (инаку ако си го однесеш сам е 700,се распрашував претходно) За брисевите,кај нив се плаќало 200ден плус 350-400 на микробилогија.... И тука сфатив дека листот без врска е напишан. Си платив после преглед 500ден,сестрата ги стави во џеб,сметка нема ,извештај нема....барем ми се допадна односот на докторката и целокупниот преглед,па ќе замижам за нерегуларностите околу плаќањето.
Може Надица сменила однос ама кога беше во Промедика беше ужасна. Најбитното што ми кажа и повтори трипати е дека ПАП-от чини 60 денари. Кога и кажав дека работиме на дете, ми се издра па сега ви кажав дека сте на средина на циклус. Она самата не и текна да праша. Потоа веќе не ме виде.
Здраво, дали знаете кога прв пат одите на гинеколог дсли мора преку матична или можете директно на бројот да закажете во гинеколошката ординација?
Др. Перо Калчовски ,најдобар , 10год одев кај него, го сменив откако се породив зашто ми беше мн губење време да возам до кај него. Инаку многу детален и стручен- презадоволна бев
Ако ти е само за брисеви можеш кај Снежана Миленкова од Коруновски али за понатака водење бременост никако пишав и поназад две уништени бремености со мисед(дека имала познавање од трансфузиолошки сегмент) среќа трета во Систина ја водев и успешна и ради нејзе 9ти месец не успеав да рефундирам клексани демек не ми требала терапија а јас со скратени времиња и поред клексан со мутации и пишано од трансфузиолог дека до последен ден треба да ги примам зошто сум со мутации плус лупус антикоагулант.Јас со 24часа што немав примено клексан се влоши состојбата, а не пак цел месец без клексани = бебето ќе го изгубев само што ќе влезев во 9ти.Среќа финансиски добро стоев па немав потреба да молам.Дно дна е докторката
Здраво. Искуство со Д-р Мајсторова и дали прима нови пациенти како матична. Моментално сум кај Радица Бојчева, но не сум задоволна. Само што дознав дека сум трудна, па ве молам за препорака на гинеколог во Центар кој би ми ја водел бременоста.