А контролите во бременоста ги прави редовно еднаш во месец со крвна слика така? Или ти кога сакаш да отидеш тогаш?
Крвната слика не ти влегува во цената за преглед, ти си ја носеш на секоја контрола, јас лично не носев секоја контрола крвна слика. Иначе на контрола одев на секои 4 недели, ако имаше потреба одев и порано. На извештајот после секоја контрола има напишано кога да одиш пак (дали за 3,4 недели).
Се придружувам кон препораките ,и мене ми ја води бременоста и скрининзи таму правам...задоволна сум.
Здраво на сите Ми треба матичен гинеколог во Куманово итно, не знам кого да изберам. Некој што се ќе ти каже во лице до детали, и добро и лошо, ако треба и да препише некој лек, отворено, искрено, без премолчување.
После лошото искуство со прошлиот матичен ( Цветановски ), за матична ја избрав Надица Ѓероска..Искуства?
Дали ќе сака некој да ми пише кој е најдобар/ри гинеколог/зи во Куманово?? Досега немам одено кај никого и не сакам да се зезнам па да ги менувам. И отприлика како се движат цените кај нив?? Многу ќе ми значи ако добијам одговор на прашањава
Јас не сум задоволна, да се породам па ќе ја сменам. Не се замара многу, и за една работа мн ме зафркна, ама тоа ми е за ум. Се е индивидуално, може тебе ќе ти се погоди. За брисеви лесна рака има, ок е за тоа. Има и доста чекање на закажано
Јас сум била и кај двете за редовен гинеколошки преглед само, и ако треба да избереш меѓу нив, дефинитивно Јасмина. Кај Биљана бев само еднаш пред неколку години, доцнеше 45 минути, се направи огромна гужва. За време на прегледот и се јави некој и си разговараа 10тина минути додека чекав да ми го направи прегледот. Не знам, некако многу непрофесионално ми беше, и затоа не се вратив таму повторно. Кај Јасмина сум била неколку пати, се беше во ред. Фина културна жена, убаво си објаснува доколку имаш нешто да прашаш.
Фала ти за споделеното искуство, ќе отидам кај двете на прва консултација, па ќе одлучам. Случајно некоја да не има искуство за водење бременост во Ултрамедика кај Филип Исјановски?
Девојки, препорака за добар гинеколог во Систина? Бремена сум 9+ недела, на пап-тестот ми е пронајден АСКУС и по колпоскопски преглед матичниот смета дека е многу сериозно и можеби ќе треба да се прекине бременоста. Многу ме исплаши, ми треба второ мислење и сакам да отидам кај некој многу добар специјалист.
Јас имам само слушнато од туѓо искуство дека е многу добар Зоран Јовановски од Ремедика, но ништо повеќе не знам.